Нетанјаху ги осуди налозите за апсење на МКС за воени злосторства

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја осуди како „антисемитска“ одлуката на Меѓународниот кривичен суд да издаде налози за апсење поради воени злосторства против него и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант.

Тој рече дека МКС „лажно“ ги обвинува „за намерно гаѓање цивили, кога прави се што е во негова моќ за да се избегнат цивилни жртви“.

МКС, исто така, издаде налог за командантот на Хамас Мохамед Деиф. Израел тврди дека тој бил убиен во Газа во јули.

Судиите на МКС рекоа дека има „разумна основа“ да се верува дека тројцата мажи имаат „кривична одговорност“ за злосторства за време на војната меѓу Израел и Хамас.

Американскиот претседател Џо Бајден го нарече потегот на МКС против израелските официјални лица „шокантен“.

И Израел и Хамас ги отфрлаат наводите на МКС.

Во изјавата во четвртокот, Нетанјаху рече: „

- Антисемитската одлука на меѓународниот суд во Хаг е модерно судење на Драјфус и ќе заврши на ист начин. Судот во Хаг не обвинува за намерна политика на гладување. Ова се случува во време кога ја снабдивме Газа со 700.000 тони храна за да ги нахраниме жителите на Газа. Испраќаме милиони СМС пораки, телефонски повици, летоци до граѓаните на Газа за да ги извадиме од опасност – додека терористите на Хамас прават се во нивната моќ да ги задржав во опасност, вклучително и пукање во нив, користење како човечки штит, се вели во изјавата на Нетанјаху.

Нетанјаху рече дека Израел „нема да ја признае валидноста“ на одлуката на МКС.

ОН и оваа недела предупредија дека Палестинците „се соочуваат со сè помали услови за преживување“ во делови од северна Газа кои се под опсада на израелските сили, бидејќи практично не била доставена помош во последните 40 дена.

Младиот артилериски капетан од еврејско потекло Алфред Драјфус во 1894 бил осуден на доживотен затвор за предавство иако немало доволно докази за тоа. Две години подоцна, во 1896 бил откриен вистинскиот виновник – мајорот Фердинанд Валсин Естерхази./МИА

Хорор во Канзас: Детали за убиството на две жени од членови на антивладина верска секта

Две жени од Канзас за кои властите велат дека биле убиени од членови на маргинална антивладина група поради спор околу старателството над децата, починале брутално, според новиот извештај.

Вероника Батлер и Џилијан Кели беа пронајдени мртви во замрзнувач во округот Тексас, Оклахома, во април, речиси два дена откако исчезнале и нивниот автомобил бил напуштен на пат во Оклахома, објави Пипл.

Тифани Адамс (54), нејзиното момче Тед Бурт Калум (43), Кол Тумбли (50), Кора Тумбли (44) и Пол Грајс се уапсени и обвинети за убиство во врска со истрагата, соопшти полицијата.

Батлер (27) и Кели (39) починале од повеќе повреди, се вели во извештајот на Канцеларијата на главниот лекарски наод во Оклахома (OCME), кој е објавен кон крајот на октомври.

Сега, целосниот извештај нуди увид во последните моменти од животот на тие жени.

И Батлер и Кели биле избодени повеќе пати, при што секоја имала рани на или во близина на главата и лицето, според извештаите на OCME објавени во четвртокот, 21 ноември.

За време на нападот, жените се бореле за живот, здобивајќи се со неколку одбранбени рани, се вели во извештајот.

Прстите на Батлер „биле повеќекратно исечени“ додека таа се обидувала да се одбрани обидувајќи се да го грабне ножот со голи раце, се вели во извештајот.

Батлер се здобила со повеќе убодни рани во главата, торзото и нозете, според извештајот.

Кели била прободена со нож во образот и имала остри повреди на вилицата и слепоочницата. Таа била прободена седум пати и имала уште две остри повреди, се вели во извештајот на ОЦМЕ.

Поради „уништувачката“ повреда на 'рбетот, Кели најверојатно ја изгубила способноста да го движи телото под главата и способноста сама да дише, се вели во извештајот, во кој се додава дека нејзината смрт била „многу брза“.

И двете жени имале повреди од зашеметување на задниот дел од главата, но во извештајот не се наведува дали тие биле предизвикани од обид да се смират жените пред нападот.

Сите петмина осомничени за убиствата на жените биле членови на антивладината верска група „Божји отпадници“ (God's Misfits) кои имале улоги во убиствата, соопштија обвинителите во претходните обвиненија.

Групата „God's Misfits “ го осуди ова злосторство.

Убиствата, наводно, произлегле од спорот околу старателството меѓу Батлер и бабата на нејзиното дете, Адамс.

Информации за изјавите на осомничените или адвокатите не биле веднаш достапни.

Драма среде венчавка на Крит: Го уапсиле младоженецот пред црква, во џебовите имал кокаин

Младоженец од Грција бил уапсен на денот на неговата венчавка бидејќи кај него бил пронајден кокаин.

Неколку стотици гости вчера попладне веќе биле во православната црква на Крит, каде требало да се одржат венчавката, која на крајот била откажана бидејќи младоженецот наместо во црква, бил одведен во полициска станица.

Како што пишува Прототема, вистинската драма се одвивала во саботата наутро, кога полицијата откако добила дојава, дошла во куќата на младоженецот (36) и извршила претрес.

Таму полицијата пронашла и запленила три пакувања со 174,1 грам кокаин, 132 патрони различен калибар, две прецизни ваги, амфора, статуетка, сума од 3.550 евра и два мобилни телефони. Истовремено, полицијата ја уапсила и неговата 62-годишна мајка, бидејќи се обидела да ја сокрие дрогата.

Апсењето на младоженецот и неговата мајка предизвика хаос во семејството кое морало да ја откаже венчавката. Сепак, се чини дека оваа информација не стигнала до сите гости, бидејќи на свадбената церемонија во црквата дошле најмалку 900 луѓе, не знаејќи дека младоженецот е уапсен.

Како што пишува, тоа била голема и помпезна свадба со дури 2.000 гости, а младоженецот наводно имал 14 куми. Адвокатот на младоженецот рече дека тој е скршен поради сѐ што се случило и тврди дека неговиот клиент е во тешка психолошка состојба. Според адвокатот, кокаинот пронајден во куќата на младоженецот бил исклучиво за лична употреба, а 36-годишникот го опишал како многу дружељубива и сакана личност.

притисни ентер