Некои од моделите на Модната недела во Париз се чудни: Ова никој нема да го носи (ВИДЕО)

Колекцијата „Неизвесна иднина“ за пролет 2025 година на Реи Кавакубо од Comme des Garcons, претставена на модната недела во Париз, испраќа силна порака во геополитички, климатски и економски аспект.

Реи не ја прецизира точната визија, но сугерира дека соочувањето со неизвесен свет и загаден воздух треба да пружи „надеж“.

Во нејзиниот моден универзум, несигурноста може да ве натера да се скриете во тесно шилче од фенси цветен жакард и внимателно да ѕирнете низ тесен шлиц, да носите „преносна“ гардероба од ткаенина, оставајќи ја „завесата“ малку одвоена, само за да ги оставите нозете да ѕиркаат.

Можете да се „чувате од несигурност“ со кружни или правоаголни снопови ткаенина споени заедно и завиткани во тул или во вкочанети вртежи што наликуваат на купола од мек сладолед или „montblanc“ десерт.

Креативноста не недостига, но одзивот на социјалните мрежи е крајно негативен.

„Какво фрлање пари и материјали“, „Кој ќе го носи ова?“, „Додека на другите не им е гајле, се шегуваат“ - ова се само дел од критиките кон дизајнерот.

Пакистан ги отфрла американските тврдења дека неговата ракетна програма е закана за САД

Пакистанското Министерство за надворешни работи денеска ги отфрли како неосновани американските тврдења дека ракетната програма на земјата претставува закана за Соединетите американски држави.

Американскиот заменик-советник за национална безбедност, Џон Финер изјави претходно оваа недела дека пакистанскиот развој на балистички ракети со долг дострел станува се поголема закана.

Пакистанското Министерство за надворешни работи изрази жалење што САД ги сметаат за закана.

-Тие тврдења се неосновани, немаат врска со разум и чувство за историја, соопштуваат од министерството.

Министерството нагласи дека ракетната програма ја развива исклучиво заради одбрана на суверенитетот и одржување на регионалната стабилност и дека тоа не треба да се толкува како закана за ниту една земја.

Министерството ја истакна и долгата историја на соработка на Пакистан со САД, особено во борбата против тероризмот и порача дека е посветена на конструктивна соработка за сите прашања, вклучително и регионалната стабилност и безбедност.

Односите меѓу Вашингтон и Исламабад имаа подеми и падови. Двете земји соработуваа за време на Студената војна и во борбата против Ал Каеда по терористичките напади на 11 септември.

Односите се влошија поради државните удари на пакистанската војска, поддршката за талибанската влада од 1996 до 2001 година во Авганистан и нуклеарната програма.

Скопјани порано од очекуваното добиваат вода

150те работници на Водовод  ја изведоа најголемата операција во последниве неколку децении

Од два по полноќ на дожд и минусни температури, до доцна попладне... 150те работници на Водовод распоредени во неколку екипи, наместо за предвидените 15 часа само за санација, ја изведоа најголемата операција во последниве неколку децении, уште од времето на Југославија, за само 5 часа...

Од ископувања на дупки од повеќе од три метри, до супштање во истите како и во шахтите покрај огромните цевки кои требаше да се санираат, работниците велат дека на сите локации морале да работат точно како часовник за успешно да се изведе потфатот...

Најмногу главоболки велат им создале дебелите челични завртки, од квалитет кој денеска не може да се пронајде, а кои „запекле“ и се монтирани уште пред шест децении..

Директорот на Водовод кој го водеше целиот план укажа дека се заменети неколку вентили кои создавале проблем, вклучително и оној поради кој граѓаните на Ѓорче Петров трпеа со години оти немаа соодветен притисок во водоснабдувањето.

Се променија пет воздушни вентили каде што имаше заробен воздух во цевководот за подобрување на водоснабдувањето, се направи поправка на два затворачи фи-700мм

Градоначалничката Арсовска, која беше присутна на терен, работниците од Водовод ги нарече херои кои во неколку часа го решиле она што требало некој да го реши пред повеќе од 10 години...

Со оваа санација која се прави еднаш на неколку децении, ќе се зголеми и количината на водата која доаѓа до домовите за околу 20 проценти, бидејќи од 100% вода која се испушта од Рашче, само 40% можеше да се користи, останата се одлеваше под површината поради дефекти на цевководите.

Нов пораз на Манчестер сити во Премиер лигата

Астон Вила триумфираше попладнево над Манчестер Сити со 2:1 во воведниот натпревар од 17. коло во Премиер лигата.

Головите за тимот од Бирмингем ги постигнаа Џон Дуран во првото и Морган Роџерс во второто полувреме, додека почесниот гол за Сити го постигна Фил Фоден во судиското продолжение.

За актуелниот англиски првак ова беше деветти пораз на последните 12 натпревари.

Составот на Пеп Гвардиола е шестопласиран на табелата со 27 бодови, девет помалку од лидерот Ливерпул.

притисни ентер