Неизвесно е двотретинското мнозинство за законот за одбрана поради името Република Северна Македонија

 Потребното двотретинско мнозинство за Законот за одбрана е неизвесено поради името Република Северна Македонија кое стои на законот.

Владејачкото мнозинство очекува пратенциите од сите политички партии на денешната собраниска седница да покажат дека се за членство во НАТО и го поддржат законот. Неодговорно е, велат, на последниот чекор пред НАТО да се тера партиска политика.

Единствен аргумент на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да не даде поддшка, според власта, е тоа што во законот е наведено името Република Северна Македонија, кое стои и на ратификацијата на договорот за НАТО, што треба да помине во Собранието.

Според министерката за одбрана Радмила Шекеринска, ако сите се залагаме за членство во НАТО, неопходно е да се донесе Законот за одбрана, кој е клучен за пристапувањето во Алијансата.

-Ќе биде неодговорно од сите нас да зборуваме за ратификација, а да не си ја завршиме домашната задача. Ова особено се однесува на ВМРО-ДПМНЕ, кое молчи на оваа крупна тема. Без тој закон ќе биде неодговорно да се зборува за ратификација, а при тоа да не се завршува домашната задача. Владата е уверена дека ние ќе успееме да ја завршиме ратификацијата на нашиот НАТО протокол навреме, порача Шекеринска.

Со законот треба да се исчистат неусогласеностите и да се уредат обврските кои државата ги презема како идна членка на НАТО, односно преоѓањето од систем на индивидуална во систем на колективна одбрана.

Се уредува и процедурата за учество во мисии и операции на НАТО. Со измените на законот целосно се регулира прашањето за учество на цивили, вработени во министерствата за одбрана, за здравство и за внатрешни работи, како резервен состав, доколку самите изразат волја, желба и ако има потреба таков кадар да учествуваат во мисии. Сите наши учесници во мисии, без разлика дали се цивилни лица или припадници на Армијата, ќе ја носат униформата на С.Макеоднија, а обележјето ќе биде исклучиво знамето на државата. Во законот првпат се вградува принцип на правична застапеност.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана, веќе доби зелено светло од собраниската Комисија за одбрана и безбедност, но без членовите од ВМРО-ДПМНЕ. Осум членови беа „за", немаше против и воздржани. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија Комисијата на почетокот на седницата.

Стојчевски: ЗНАМ не прави разлика ниту етнички ниту политички основи кај гласачите

„Денеска во СДСМ има многу чесни, искрени и исплашени социјалдемократи од се што се случува, но не по нивна вина“

На граѓаните им е преку глава од меѓусебните напаѓања, особено од двете најголеми политички партии. Ние како нова партија нема да се служиме со напади. Во врска со прекинатото гласање во една од кумановските општини, кога беше прекинато гласање, иако имаме прочистен избирачки список, одговорноста за спроведување најмногу е на е на ДИК. Движењето ЗНАМ не прави разлика ниту етнички ниту политички основи кај гласачите. Најголема поддршка очекуваме од левичарските гласачи поради што ние потекнуваме од таква партија. Денеска во СДСМ има многу чесни, искрени и исплашени социјалдемократи од се што се случува, но не по нивна вина. Дајте изјава од носителите или коносителите од сегашниот парламентарен состав на СДСМ, да не биде само декларативно дека сте се откажале. Од раководството ја одбија подадената рака, поради ароганцијата, рече Даниел Стојчевски во Само Вистина.

од раководството

Раст на берзите во САД по изјавата на Фед за зачувување на каматните стапки

Американските берзански индекси покажаа уверен раст на почетокот на тргувањето денеска откако Федералните резерви (американската Централна банка) ги зачува досегашните каматни стапки и притоа ја намали загриженоста од нивно покачување.

Инвеститорите очекуваат уште податоци од извештаите на крупните компании денеска и од официјалната статистика за невработеноста утре. Во меѓувреме пораснаа и фјучерсите.

- Инфлацијата сè уште е многу висока. Не можеме да гарантираме прогрес во нејзино снижување, а понатамошните перспективи се неодредени, изјави претседателот на Фед Џером Пауел.

И покрај неодреденоста во тековната економска ситуација истакна дека е малку веројатно покачувањето на каматите.

Следен извештај на регулаторите што го очекуваат инвеститорите е клучната статистика на трудот во САД што ќе биде објавена утре, а која може да даде појасна претстава за состојбата со пазарот на трудот и понатамошната траекторија на каматните стапки.

Фјучерсите на Dow до 15 часот централноевропско време пораснаа за 0,53 отсто, на S&P на 0,72 отсто, на Nasdaq 100 дојдоа до 0,9 отсто. /МИА

Барселона подготвува трансфер удар

Барселона планира да го ангажира 22-годишниот Пау Виктор од Жирона на лето по успешната сезона на десно крило како позајмен во вториот тим на клубот.

Каталонскиот гигант има опција да го купи шпанскиот фудбалер за 3 милиони евра, кои имаат намера да ги искористат, пишува шпанскиот весник „Мундо Депортиво“, но додаваат дека клубот се уште не е запознаен со какви средства ќе има за трансфери на лето.

Пау Виктор е водечки стрелец за Барселона Атлетик и беше повикан на пет од натпреварите на првиот состав предводен од главниот тренер Чави Ернандез. Тој не забележа минутажа во првиот тим, останувајќи на клупата./МИА

притисни ентер