Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ не е спремна за јасни интеграции

„Доблест е да се прими пораката,а со тоа и да се промените откако сте ја примиле“

Ако има еден политичар кој што покажал прифаќање на различностите, тоа сум јас. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатката за претседател Сиљановска, која што дури и името во Собрание името ми го чита како Сречко, ксенофибијата и е до ниво што и пречи и да види документ на Албански јазик. Мојата досегашна работа покажува дека доблест ми е поддршка на различностите. Не видовме програмска определба, освен дека на слоганот стои „Македонија повторно твоја“, тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се одтргне од албанофобијата и кзенофобијата. Треба да пазите кога зборувате за „твоја“, туку наша. Го осудивме и однесување на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ за меѓусебните препукувања, по кои се билдаат меѓусебните рејтинзи, а не се нудат решенија, рече Фатмир Битиќи во Само Вистина.

Приведен кавадарчанец по распишана централна потерница

 Кавадаречката полиција ноќеска околу 1 часот по полноќ го лишила од слобода Д.А. (36) од Кавадарци, кој бил баран по централна потерница издадена врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна во времетраење од две години.

Како што информираат денеска од МВР, лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.

Баерн ќе се обиде да го привлече Бруно Фернандеш доколку Тухел остане

Баерн Минхен е заинтересиран за играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, тврди „Билд“. 

На тренерот на баварците, Томас Тухел му се допаѓаат квалитетите на португалскиот репрезентативец и ќе инсистира да го привлече на „Алијанц арената“ доколку тој самиот ја задржи функцијата.

Се поверојатна изгледа опцијата Тухел да остане на кормилото на баварците. На крајот на февруари беше најавено дека стручњакот ќе замине на крајот на сезоната, но со оглед на големиот број имиња кои одбија да го заменат на клупата, и двете страни со задоволство би ја продолжиле соработката.

За да се согласи да остане во Баерн, Тухел сака да му биде продолжен договорот и да има збор во изборот. Бруно Фернандеш е меѓу новите засилувања кои ги посакува Германецот. На списокот на Тухел се наоѓаат и Тео Ернандез од Милан и Жоао Палиња од Фулам. Јосип Станишиќ по позајмица ќе се врати во Баер Леверкузен.

Според различни информации, во трансфер плановите на Баерн се и Френки де Јонг, Чави Симонс, Асан Ведраого, Крис Фирих, Андре Онана и Јонатан Та.

Дејвид Коперфилд обвинет за сексуална злоупотреба од повеќе жени

Повеќе жени го обвинија американскиот илузионист Дејвид Коперфилд за сексуална злоупотреба. Настаните се случувале во распон од неколку десетлетија, објави британски „Гардијан“.

Од 16 жени, некои биле и помлади од 18 години кога наводно се случило она што го тврдат. Коперфилд беше обвинет за недолично однесување и во 2018 година, кога жена по име Бритни Луис тврдеше дека тој ја дрогирал и сексуално ја нападнал три децении претходно. Натаму, три жени тврдат дека Коперфилд ги дрогирал пред секс. Настаните, според можните жртви, го опфаќаат периодот од доцните 1980-ти до 2014 година.

Коперфилд (67) одрекува каква било злоупотреба и „никогаш не постапувал несоодветно кон никого, а не пак, кон малолетник“, нагласуваат неговите адвокати.

Коперфилд претходно беше „под лупа“ и поради неговите врски со обвинетиот сексуален подведувач Џефри Епстин, кој почина во затвор во 2019 година.

„Нашиот клиент не беше свесен за грозоморните злосторства на Епстин... Како и остатокот од светот, и тој дозна за тоа од печатот“, тврдат адвокатите на Коперфилд.

Друга жена, која доби псевдоним во печатот, сведочи дека го запознала илузионистот по еден негов настап, кога имала 15 години. Таа раскажува дека следниве години, тој ѝ се јавувал доцна во ноќта и ѝ испраќал подароци, а кога наполнила 18 години, вели, двајцата имале консензуални односи.

притисни ентер