Недостигот на витамин Б12 може да предизвика и когнитивни проблеми

 Веројатно една од најважните хранливи материи за човековото тело е витаминот Б12, којшто е потребен за нормално секојдневно функционирање.

Витаминот Б12 учествува во многу процеси во телото, вклучувајќи ја и синтезата на ДНК, создавањето црвени крвни зрнца и на изолационата обвивка што им овозможува на сигналите да минуваат низ нервниот систем. Можен недостиг од тоа, на пр., се знае дека може да предизвика анемија, потоа - замор, мускулна слабост, вртоглавица или зашеметеност... Но, помалку е познато дека недостатокот на витамин Б12 може да предизвика и умствени проблеми.

Според напис објавен во „Британскиот медицински журнал“ (Би-ем-џи), има барем пет проблематични когнитивни состојби забележани кај 85 отсто од пациентите со недостаток на Б12. Тоа се: проблеми со помнењето, когнитивни тешкотии, афазија, проблеми со учењето и главоболки (мигрена).

„Анемијата е присутна кај помалку од 20 отсто од луѓето со недостаток на витамин Б12. Невролошките проблеми, пак, што се многу почести, може да траат со месеци, па дури и години, додека целосно да се решат“, се наведува во написот.

За луѓе кои немаат поголем недостиг на витамин Б12 и невролошки симптоми, витаминот може да се прима орално во доза од 1.000 до 2.000 микрограми одеднаш / на ден. Витаминот Б12 го има само во храната од животинско потекло. Количината витамини во намирниците зависи од видот храна и земјата на производство. Во повеќето случаи, состојбата може да се подобри кога ќе се збогати исхраната со месо, риба, сирење, путер, јајца, хранлив квасец и друга храна што содржи витамин Б12. Меѓутоа, ако недостигот е потежок, можеби пациентот ќе треба да зема дневни додатоци и инјекции.

Ѓоковиќ експресно во 2 коло на Олимпискиот турнир во Париз

Најтрофејниот свтески тенисер Србинот Новак Ѓоковиќ експресно со само еден загубен гем го започна настапот на 33 Олиписки игри во Париз.

Првиот носител на олимпискиот турнир во Париз на стадионот „Филип Шатрие“ го победи Австралиецот Метју Ебден со 2-0 по сетови 6:0, 6:1.

Ѓоковиќ од почетокот до крајо тна мечот домоинираше на терените на Ролан Гарос во Париз и најави дека е подготвен за големи дострели на Игрите во Франција.

На својот противник Ноле му препушти само еден гем во двата сета. Во еден момент од вториот сет индиспонираниот Ебден побара дури побара некој гледач од публиката да се симне долу на теренот и да го замени.

Легендарниот Ноле во второто коло го очекува подобриот од мечот Рафаел Надал - Мартон Фучовиќ.

Трет ден од расправа за ребалансот на буџетот

Собраниската комисија за финансирање и буџет ја продолжи расправата за ребалансот на буџетот.

Од опозициската СДСМ и денеска повторија со ребалансот не се предвидени пари за пораст на минималната плата, плати во здравството, просветните работници, армијата, полицијата.

Според СДСМ со вака скроен ребаланс се суспендираат колективните договори и сите барања на синдикатите.

Од власта со контра агрументи – не точни се тврдењата на опозицијата. Од ВМРО ДПМНЕ велат се што е преземено како договор и обврска од претходната влада, оваа влада соодветно ќе го испочитува..

За буџетот за идната година, велат од власта сите работници ќе бидат слушнати и сите нивни барања ќе бидат вкалкулирани во планот на ВМРО ДПМНЕза следните четири години.

Ова е трет ден од расправата за ребалансот на буџетот. општата расправа за ребалансот на буџетот трае најмногу три дена, а амандманската за која се поднесени 58 амадмани, шест дена.

Андонова: ИЈЗ оставен без реагенси за голема кашлица

Иако и натаму на сила е прогласената епидемија на голема кашлица во Скопје, Институтот за јавно здравје бил оставен без реагенси, тврди новата директорка Марија Андонова.

Според неа претходното раководство не ги направило потребните набавки за реагенси.

притисни ентер