Недостиг на лекот „креон“ наменет за лицата со цистична фиброза

Недостиг на лекот „креон“ наменет за лицата со цистична фиброза, од МЗ велат ќе го има од понеделник.

Покрај недостигот од „трикафта“ за лицата со цистична фиброза, веќе неколку месеци пациентите се оставени и без лекот „креон“ кој помага полесно да се апсорбира храната во телото. МИА контактираше неколку аптеки кои потврдија дека лекот го нема веќе подолго време, а стапи во контакт и со увозникот на лекот, од каде информираа дека лекот го нема од јуни и дека не знаат кога ќе стигне.

МИА побара став и од Министерството за здравство. Оттаму соопштија дека веќе од понеделник лекот ќе биде достапен во аптеките.

- Согласно информацијата од дистрибутерот на лекот „креон 25.000“, во тек е дистрибуцијата во аптеките и веќе од понеделник ќе биде достапен за сите пациенти. Станува збор за лек од биолошко потекло, кој е во ограничено производство на светско ниво и оттука се појави краткотраен дефицит со увозот на овој лек, кој е веќе надминат, се наведува во писмениот одговор од Министерството за здравство.

Претседателката на Асоцијацијата за цистична фиброза, Ивана Атанасоска потврди за МИА дека пациенти се жалат на недостиг од овие капсули. Бидејќи нема „креон 25.000“, односно лек наменет за возрасни, тие се принудени да земаат од лекот наменет за деца, „креон 10.000“.

- Панкреасните ензими неколку месеци ги нема или на месечно ниво пациентите наоѓаат само по една до три кутии, а во зависност од внесувањето на храна, лица земаат до седум кутии во еден месец, вели Атанасоска.

Пациентите со цистична фиброза велат дека со примањето на „трикафта“ се враќа здивот, полесно се дише, но дека доколку не се земе „креон“, храната не се апсорбира во телото.

- Ставаш нешто во уста, џвакаш, но, не чувствуваш како да јадеш. Но, тоа не е најголемиот проблем. Имаш болки во стомакот, грчеви, а храната си останува несварена и тоа носи еден куп други проблеми, вели пациент со цистична фиброза, кога го прашавме што ќе се случи, доколку не се земе „креон“ пред оброк, појаснуваат пациентите со цистична фиброза.

Александар Стамболиски, пациент со цистична фиброза, за МИА вели дека проблемот трае изминатите три месеци.

- Сѐ уште немаме никаква информација ниту од Министерството за здравство, ниту од добавувачот, кога би се решил тој проблем и кога повторно би почнале да го набавуваме без проблем од аптеките. „Креонот“ ни е навистина потребен, бидејќи без него не можеме да имаме ниту еден оброк, затоа што тој ни помага во варењето на храната и го консумираме пред секој оброк, нагласува Стамболиски.

Како 26-годишен пациент, тој ги плаќа сите потребни лекарства од сопствениот џеб, иако Асоцијацијата бара начин да го тргне овој товар од грбот на пациентите.

Во Собранието во јуни не помина предлогот за ослободување од партиципација од медицински услуги и лекови на пациенти со цистична фиброза над 26 години. Подоцна, тие биле информирани оти се ослободени од партиципација уште во 2019 година. Но, очигледно тоа стои само на хартија, бидејќи искуството на оние со кои разговаравме, го потврдува спротивното.

Што се однесува до трошоците на месечно ниво, Стамболиски вели дека тие изнесуваат од 6.000 до 7.000 денари.

- Но, овие трошоци знаат да бидат и многу поголеми во зависност од здравствената состојба на пациентот и компликациите што тој ги има, бидејќи цистичната фиброза е мултикомплексна болест и со тек на годините таа сѐ повеќе прогресира и развива други здравствени компликации, појаснува Стамболиски.

Вели дека сѐ уште не прима трикафта, лек кој во моментот го примаат само 12 пациенти.

- Во моментот, лекот одговара на околу 80 пациенти, а ние добивме ветување од министерот за здравство дека лекот ќе се набави за уште околу 30 пациенти до крајот на годината, што е долг период. Како пациенти со цистична фиброза бараме системско решение со кое ќе се набави трикафта, кафтрио, за сите пациенти. Единствен услов за тоа да биде пациентот да има цистична фиброза, бидејќи сите пациенти сме приоритетни, вели Стамболиски за МИА.

И Атанасоска нагласува дека Асоцијацијата бара „трикафта“ да добијат сите на кои им е потребен овој лек.

- Во Европа се дава на пациенти од над шест години, а во Америка границата ја симнаа од над две години. Кај нас, за жал, направија да биде над 12 години и сѐ она што зборувавме и се залагавме дека најважно е да биде како превентива за малите деца да не дојдат до потешка клиничка слика, е игнорирано. Сѐ уште немаме официјални информации кога другите пациенти би почнале со примање на „трикафта“. Немаме план за динамиката со што би одела набавката и исто така, стравуваме дали ќе продолжи, бидејќи се порачува за една година. Ние, 12 кои почнавме со „трикафта“, слушнавме дека нема да има за цела година, туку само до декември. Но, сѐ тоа се шпекулации, никој не нѐ информира директно, вели Атанасоска за МИА.

[Лицата со цистична фиброза освен со болеста, водат војна и со стигматизацијата, имаат проблем со вработувањето, студирањето, социјализацијата. Сѐ би било поинаку, со обезбедувањето на неопход]

Другиот претседател на Асоцијацијата за цистична фиброза, Фики Гаспар за МИА посочува дека Асоцијацијата е подготвена да оди на протести, доколку не се решат нивните проблеми.

Најавен нов модерен центар за лицата со цистична фиброза

Министерот за здравство Фатмир Меџити деновиве на прес-конференција најави модерен центар за лицата со цистична фиброза, каде би имало посебни оддели за возрасни пациенти и за деца. Како што посочи тој, се обезбедуваат средства - еден дел ќе биде преку донации, а другиот дел ќе се обезбеди од буџетот.

Пациентите го очекуваат новиот центар кој се надеваат дека ќе биде по европски стандарди за лекување.

- Сите пациенти не одговараат за „трикафта“ според мутацијата и има пациенти на кои и понатаму често ќе им требаат хоспитализации. Во моментов, возрасните се на Клиниката за пулмологија, каде има само една соба на располагање и таа е за еден пациент. И двајца може да примаат терапија во текот на денот, доколку се од Скопје да доаѓаат двапати на ден. Тоа е голем проблем со оглед на влошувањата што можат да им се случат на пациентите, а да нема можност да се хоспитализираат соодветно, посочува Атанасоска.

Таа информира дека со помош на спонзори се реновира и одделот за цистична фиброза на Детската клиника и пред да биде готов, од Министерството за здравство излегле со информација дека во Козле ќе ги префрлат и децата и возрасните.

- За да исполнува услови оддел за цистична фиброза, мора да е терцијарна здравствена установа, да има тим од различни области. Тоа, во моментов, не е исполнето. Најважно е тоа што мора да се донесе решение што нема да се менува на неколку месеци како досега затоа што, една третина од животот, пациентите поминуваат во болница и се приврзуваат и со доктори и со сестри. Кога се води состојбата, треба да се води во континуитет, а не да се менува, порачува Атанасоска.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер