„M2 CS“ е позициониран над „М2 Competition“, а нуди повеќе сила и поагресивен изглед и унапредени перформанси.
Во него има мотор од постариот брат „М4“, поточно 6 цилиндарски турбо- агрегат со 444 коњски сили, што е за 39 коњски сили повеќе од „М2 Competition“.
Во понудата се 6 степен мануелен и 7 степен автоматски менувач со двојно квачило.
Од 0 до 100 км/ч може да забрза за 3,8 секунди со автоматскиот и 0,2 секунди побрзо со мануелниот менувач.
Овој автомобил е опремен и со карбон-керамички сопирачки и 19 инчни бандажи.
За да се заштеди на тежината на одредени делови од овој автомобили е користен карбон.
„BMW M2 CS“ ќе биде направен во ограничена серија од 2.200 единици, а продажбата започнува во март 2020.
Официјалната премиера е закажана за крајот на месецов на саемот во Лос Анџелес.
Цената ќе биде соопштена