„Почитувани,
Во врска со натпреварот од 6-то коло во Првата Македонска фудбалска лига, кој на домашен терен го игравме против ФК Вардар, сметаме дека ГФК Тиквеш е видно и планирано оштетен од вториот помошен судија Петрески Гоце од Скопје, кој во 96 минута од натпеварот поништи исправно постигнат гол на нашата екипа со сигнализирање непостоечка офсајд позиција.
На неговата одлука со право бурно реагираа фудбалерите и целата публика, бидејќи сите видоа дека одлуката му е погрешна. Во еден момент покрај аут линијата судијата Гоце Петрески сакајќи да ја сокрие својата грешка, легна на тревникот симулирајќи повреда која наводно ја добил од предмет фрлен од публиката, иако покрај него имаше тројца редари на клубот кои тврдат дека судијата не беше погоден со никаков предмет. (може да се види на снимениот материјал од натпреварот).
Откако главниот судија Ставрев досуди крај и судиите се повлекоа во соблекувалната, нашиот клубскиот доктор разговараше со судијата Петрески дали му потребна лекарска помош, тој изјавил дека не му треба, а бил погоден со шише во дланката, но повреда нема и помош не му е потребна.
Исто така, сакаме да нагласиме дека не е прв пат судијата Гоце Петрески со своите сомнителни одлуки дирекно да делува на резултат на натпревар на кој игра нашиот клуб, а со тоа ја поттикнува домашната публика да предизвика инцидент, што резултира со изрекување на казнени санкции за нашиот клуб.
Ве замолуваме во иднина судијата Гоце Петрески да биде соодветно санкциониран и изземен од делегирање на наши натпревари, бидејќи е во тесна клубска поврзаност со раководството на Вардар и претседателот Неделкоски, со намера да помага во текот на првенството.
Очекуваме од Вас, како судиски одбор на ФФМ да се одважите и да превземете санкции за ваквото однесување на еден „европски судија“, бидејќи неговите грешки ги плаќаме ние клубовите кои сме оштетени, а ни се изрекуваат казни од дисциплинската комисија на ФФМ, што резултира со лоши резултати и нерегуларно првенство во Мак-фудбалот.
Спортски Поздрав !“
- ГФК Тиквеш до ФФМ.