Научниците тврдат дека откриле кој бил првиот познат случај со корона, не е во Вухан

Научник кој ги проучувал јавните извештаи за раните случаи на корона во Кина, денеска објави дека претходната истрага на Светската здравствена организација најверојатно направила грешка во раната хронологија на пандемијата.

Новата анализа сугерира дека првиот познат пациент со коронавирус бил продавач на голем пазар за животни во Вухан, а не сметководител кој живеел стотици милји подалеку, пишува Њујорк Тајмс, кој ја пренесува оваа вест како ексклузивна.

Извештајот објавен денеска во престижното списание Science ќе ја оживее, иако сигурно нема да ја реши, дебатата за тоа дали пандемијата започнала со ширење на вирусот од диви животни што се продаваат на пазарот, истекување од лабораторија за вирусологија во Вухан или на некој друг начин.

Потрагата по потеклото на најголемата јавно-здравствена катастрофа на векот поттикна геополитички битки, а во последните месеци се појавија неколку нови факти за решавање на ова прашање.

Мајкл Вороби, научник и водечки експерт за следење на еволуцијата на вирусот на Универзитетот во Аризона, открил временски несогласувања со копање низ сè што претходно било објавено во медицинските списанија, како и видео интервјуа во кинеските медиуми за кои се верува дека се првите документирани лица со корона.

Др. Вороби тврди дека врските на добавувачите од пазарот на морска храна во Хуанан, како и новата анализа на врските на најраните хоспитализирани пациенти од пазарот, силно сугерираат дека пандемијата започнала токму таму.

„Во овој град со 11 милиони жители, половина од раните случаи се поврзани со место кое е со големина на фудбалско игралиште“, рече др. Вороби.

„Станува многу тешко да се објасни тој модел ако епидемијата не започнала на пазарот“.

Неколку експерти, вклучително и еден од истражувачите на пандемијата избран од СЗО, рече др. Вороби завршил одлична „детективска работа“ и дека првиот познат случај на корона најверојатно бил продавач на морска храна.

Но, некои велат дека сè уште нема доволно докази за децидно да се одговори на прашањето како и каде всушност започнала пандемијата. Тие сугерираат дека вирусот веројатно заразил „нулта личност“ некаде пред овој случај на продавач на морска храна, а потоа влијаел на критичната маса за потоа да се прошири на пазарот.

Студиите за промени во геномот на вирусот, вклучително и онаа направена од Др. Вороби, сугерираат дека првата инфекција се случила околу средината на ноември 2019 година, неколку недели пред предметниот продавач да се разболи.

„Не е дека не се согласувам со анализата“, рече Џеси Блум, виролог во Центарот за истражување на рак „Фред Хачинсон“ и продолжува:

„Но, не се согласувам дека некој од податоците е доволно силен или целосен за да каже нешто многу веродостојно, освен дека пазарот на морска храна Хуанан очигледно беше супер-жешката точка“.

Др. Блум, исто така, истакнува дека ова не е првпат извештајот на СЗО, направен во соработка со кинески истражувачи, да открие грешки кои вклучуваат потенцијални врски на раните пациенти со пазарот.

„Просто е неверојатно што во сите овие случаи има постојани недоследности за тоа кога се случило тоа“, вели докторот.

Кон крајот на декември 2019 година, лекарите во неколку болници во Вухан забележале мистериозни случаи на пневмонија што се случиле кај луѓе кои работеле на пазарот за морска храна Хуанан, влажна и слабо проветрена област каде што се продаваа морска храна, живина, месо и диви животни.

На 30 декември, јавно-здравствените службеници им рекле на болниците да пријават какви било нови случаи поврзани со пазарот.

Плашејќи се од повторување на САРС, што дошол од кинеските пазари за животни во 2002 година, кинеските власти наредиле затворање на пазарот Хуанан, а полицијата во Вухан го затворила на 1 јануари 2020 година. И покрај овие мерки, новите случаи брзо се прошириле низ Вухан.

Властите во Вухан на 11 јануари 2020 година објавиле дека случаите почнале да се појавуваат на 8 декември. Во февруари, тие го идентификувале најраниот пациент како жител на Вухан со презиме Чен, кој се разболел на 8 декември и немал никаква врска со пазарот.

Кинеските официјални лица и некои надворешни експерти се сомневале дека првично високиот процент од случаите поврзани со пазарот можело да биде статистички феномен познат како пристрасност за идентификација. Тие тврделе дека повикот од 30 декември од официјални лица да пријават болести поврзани со пазарот може да ги натера лекарите да ги занемарат другите случаи кои не се поврзани со пазарот во Хуанан.

„Првично претпоставувавме дека на пазарот на морски плодови може да има коронавирус“, рече Гао Фу, директор на кинескиот Центри за контрола и превенција на болести, во мај 2020 година, објави Кинеската глобална телевизиска мрежа.

„Но, сега излезе дека пазарот е само еден од жртвите на инфекцијата.“

До пролетта 2020 година, високи членови на администрацијата на Трамп го туркаа наративот дека вирусот избегал од Институтот за вирологија во Вухан, кој има кампус на околу 13 километри оддалеченост од пазарот Хуанан, преку реката Јангце.

Во јануари оваа година, истражувачи избрани од СЗО ја посетија Кина и разговараа со сметководител кој наводно развил симптоми на 8 декември. Нивниот извештај од март 2021 година го опишува како прв познат случај.

Но, Питер Дашак, екологист за болести во Алијансата за Екоздравство, кој бил дел од тимот на СЗО, рече дека анализата на Др. Вороби ги убедила дека грешат.

„Тој датум на 8 декември беше погрешен“, вели др. Дашак.

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Не се откажуваат, МЗ турка реновирање на операциски сали

Не се откажуваат до последно, повторен обид на министерството за здравство да протурка реновирање на операциски сали и фаворизира одредени фирми

Министерството за здравство повторно ја објавува постапката за јавна набавка на проектирање и изведба на реконструкција и реновирање на операциски сали, нивни пред простории и ходници со машински соби во УКЦ Мајка Тереза - хируршки клиники по принципот „клуч на рака“.

Истата пред само месец и половина Државната комисија за жалби по јавни набавки ја поништи од причина што Министерството за здравство изготвило тендерската документација која не е во согласност со Законот за јавни набавки и истата доведува до дискриминација на економските оператори и ограничување на пазарната конкуренција.

Повторената постапка објавена е на ден 24.04.2024 година, неработен ден прогласен со одлука на Влада поради одржување на прв круг претседателски избори.

Во тендерската документација за економска способност на економските оператори се бара минимум 550.000.000 денари со ДДВ вкупен приход во последните три години за секоја година поединечно.

Ова е целосно неосновано.

Прво, затоа што во финансиските извештаи приходот се искажува без ДДВ (ДДВ-то е обврска на друштвото да го плати спрема државата).

Второ, зошто не е објавена проценетата вредност на набавката за да може да се утврди дали овој услов е согласно Законот за јавни набавки? (Според Законот за јавни набавки - Договорниот орган не смее да бара минималниот годишен приход да изнесува двојно повеќе од проценетата вредност на набавката), објави на фб Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Дафина Стојаноска: Мора да бидеме гласни, за да не станеме невидливи

Дафина Стојаноска синоќа на митинзите во Гостивар и Тетово порача:

Мора да почнеме поинаку да функционираме и да не молчиме пред неправдите. Мора да се обелоденуваат сите криминали и скандали. Мора да бидеме гласни, за да не станеме невидливи. Криминалот е тој кој треба да биде замолчен. Доста е!

На 8-ми мај народот доаѓа по своето, по она што Али и Груби му го одзедоа, по она што Заев, Таче и Стево му го продадоа. На 8 мај нема уценети и поткупени. Никој повеќе не им се плаши, ниту ги сака нивните гнасни пари. Сите до денар ќе му го вратат на народот, како што ќе му ја вратат и државата. Доста долго остана во нивно заложништво. Нема повеќе сила, ниту пара која ќе го сокрие криминалот на ДУИ и СДСМ. Време е за слобода и правда. Време е за нов Претседател на Република Македонија и за нова Влада.

Гласајте за професори а не за криминалци, се наведува во партиското соопштение.

Крвава прослава во Киргистан: Камион влета меѓу ученици и „збриша“ десетици (ВИДЕО)

Страшната несреќа, во која тешко се повредени 29 ученици на возраст од 9 до 16 години, се случи за време на настан во Киргистан кога камион се спушти по удолница и ги прегази гледачите на манифестацијата за читање на National Manas Epic.

Како што се сомневаат, рачната сопирачка на камионот наводно не била правилно затегната, што по извесно време попуштила и возилото тргнало надолу, пренесе Радио Слободна Европа.

Осум деца се хоспитализирани на одделот за интензивна нега и уште 11 во болница, а немилиот настан е снимен со дрон.

На снимката се гледа како камионот почнува да се движи по удолницата, а гледачите на настанот не забележале ништо бидејќи во тоа време со грб биле свртени кон него.

Според информациите, возачот и лицата кои биле задолжени за обезбедување на настанот го „бркале“ камионот, кој што продолжил неконтролирано да се движи неколку метри.

притисни ентер