НАТО и името на „координацијата за меѓународната безбедносна помош“ за Украина

- НАТО ќе ја преземе координацијата и обезбедувањето на најголемата меѓународна безбедносна помош, изјави Столтенберг. 

Обезбедувањето сигурна и стабилна поддршка за Украина, засилувањето на одвраќањето и одбраната, зајакнување на трансатлантската одбранбена индустриска соработка и зголемувањето на одбранбеното производството и зацврстувањето на глобалните партнерства со земјите од индо-пацифичкиот регион, ќе бидат главните теми на претстојниот Самит на НАТО што од 9 до 11 јули ќе се одржи во Вашингтон.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вчера во пресрет на Самитот порача дека поддршката за Украина ќе биде „најитната задача“ на Алијансата и дека очекува шефовите на држави или влади на членките на Пактот да договорат „значителен пакет“ за Киев.

- НАТО ќе ја преземе координацијата и обезбедувањето на најголемата меѓународна безбедносна помош, изјави Столтенберг.

Според него, се очекува на Самитот да се договори финансиска помош и понепосредна воена поддршка за Украина, да бидат склучени повеќе билатерални безбедносни договори меѓу земјите членки и Киев и да се продлабочи воената интероперабилност со земјата.

[Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги повика Сирија и Русија веднаш да ги прекинат воздушните напади на Идлиб и целосно да ги почитуваат своите меѓународни обврски.]

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Столтенберг додаде дека сите овие елементи ќе „претставуваат мост за членство на Украина во НАТО“, со што земјата „се приближува кон Алијансата“.

Согласно договореното на последниот состанок на министрите за одбрана одржан минатиот месец во Брисел, координацијата и доставувањето на помошта за Украина ќе се спроведува преку Команда стационирана во седиштето на НАТО во Германија и преку логистички центри во источните членки на Алијансата. Со Командата, која ќе има неколку стотици членови персонал, ќе раководи генерал-полковник, кој ќе му биде директно одговорен на командантот на силите на НАТО во Европа.

Се очекува на Самитот да биде усогласено името на оваа координација за испорака на воена помош за Украина и обуката на припадници на украинските вооружени сили. Целта е да се постигне обврзувачки договор за жовие процеси да се оддалечат од политичарите или од некоја институција, во случај на власт во некои членки да дојдат сили што не се премногу наклонети кон поддршката на Украина, како Доналд Трамп во Вашингтон или екстремно десничарскиот Национален собир (РН) во Париз.

[Олаф Шолц]

Првично за овој процес со споменуваше името „Мисија Украина“, на што, според дипломатски извор, на тоа се спротивставил Берлин. Истите извори посочуваат дека германскиот канцелар Олаф Шолц отворено бил против ова име, со образложение дека терминот „мисија“ асоцира на испраќање „трупи на терен“, што би можело да сугерира на вклучување на Алијансата во конфликтот.

По ова на маса се нашле повеќе термини како „рамка“, „механизам“, „центар“, „иницијатива“, „команда“, „платформа“... На крајот се дошло до имињата „Украина-НАТО Иницијатива за обука и опрема“ или скратено УНИТЕ, што во превод од англиски значи „обедини“, „обединува“ и „НАТО безбедносна помош и обука за Украина“ или НСАТУИ.

Претставник на американскиот Стејт департмент на почетокот на неделава изјави дека се уште се работи на утврдување на конечното име на процесот.

[Изборите за Државната дума на Руската Федерација на 17, 18 и 19 септември се одржаа во непогодни услови за слободен и фер процес, а употребата на закони за „странски агенти“ и „есктермистички]

- Се уште работиме на тоа како да го доловиме и опишеме. Разгледуваме неколку можни акроними, додаде тој.

Дипломатски извори во НАТО посочуваат дека посебно внимание во Пактот се посветува на изборот на имињата, бидејќи тие имаат политичка тежина и носат порака. Според нив, многу е важно Кремљ да не ја злоупотреби таа порака и да не ја искористи за оправување на својата воена операција.

- Понекогаш се расправаме и разговараме за работи за кои само ние сме грижиме, наместо да се обидуваме да им објасниме на луѓето надвор од ѕидовите на штабот колку е важна улогата на НАТО, посочи дипломатски извор за „Еурактив“.

Сепак, според друг дипломат, независно кое име ќе биде одбрано, колоквијално процесот ќе се нарекува „Мисија на НАТО во Украина“.

Мајка од пеколот: Американка снимала развратни видеа со двегодишниот син, за да ги продаде

Жена од Флорида се соочува со кривична пријава, откако е обвинета дека правела сексуално експлицитни видеа од неа и нејзиното дете на барање на непознато лице на социјалните мрежи, соопштија властите.

Во понеделникот, 23 септември, Канцеларијата на шерифот на округот Хернандо ја уапсил Џена Ен Хофман (21) од Бруксвил и ја обвиниле за четири кривични дела, вклучувајќи развратно и лажно малтретирање дете под 12 години; поттикнување на сексуалните перформанси на дете; поседување материјал со сексуална содржина на дете со намера за добивка; незаконска употреба на уред за двонасочна комуникација за олеснување на кривично дело, според судските записи, објави магазинот People.

Според соопштението од Канцеларијата на шерифот, властите добиле дојава на 23 септември од „популарната платформа за социјални медиуми“ која содржела фотографии и видеа од материјал со злоупотреба на деца.

„Дигиталните датотеки покажаа жена која врши сексуални дејствија со дете“, се вели во соопштението.

Детективите отишле во домот на осомничената, каде што член на семејството „веднаш го препознал“ малолетникот на фотографија од едно од видеата како двегодишно дете на Хофман, тврдат од Канцеларијата на шерифот.

Откако ѝ биле прочитани нејзините права, таа „потврдила дека навистина извршила сексуални дејствија со своето дете“, соопшти Канцеларијата на шерифот.

„Хофман изјави дека разговарала со непознато лице на социјалните мрежи, кое ѝ кажало дека ќе ѝ плати да произведува и испраќа сексуални видеа во кои е вклучено нејзиното дете“, се вели во соопштението.

„Хофман рече дека таа ги снимила видеата дома и ги испратила, но не добила пари за нив.

Детективите извршиле претрес и наводно собрале „криминални докази“ во домот, се вели во соопштението на полицијата.

Хофман е задржана во притворниот центар во округот Хернандо без право на кауција.

Не е јасно кој е нејзиниот адвокат. Нејзиното следно судење е закажано за 22 октомври.

Полицијата ги повикала сите кои имаат информации за овој случај да се јават и да помогнат во истрагата. Секој што ќе излезе со информации има загарантирана анонимност и ќе се квалификува за награда до 5.000 долари во готовина.

Планинар објави снимка и напиша дека го видел „Bigfut“ – доби 1,2 милиони прегледи (ВИДЕО)

Планинар ја опишал средбата со, како што тврди, Бигфут - снимена во вирален клип - опишувајќи ја како „најстрашниот момент во неговиот живот“.

На снимката, која тој ја објави, се гледа „митското чудовиште“ како седи покрај дрво, шмрка растение, пред очигледно да го види снимателот и да побегне. Креаторот на содржината, наводно, го снимил крзнениот ѕвер на видео во она што може да биде најјасно снимка од тој митски ѕвер за кој многу се дискутираше досега.

Видеото има повеќе од 1,2 милиони прегледи на TikTok, пишува New York Post.

„Навистина мислам дека го снимив кралот Бигфут на камера“, извикал еден човек со име на X, МанАлфаро во описот на краткиот клип, снимен во шумата во Лотон, Оклахома.

@e_man580 Scariest moment of my life and I really think I caught a fucking Bigfoot on camera in parallel forest. I wakes just doing some sight seeing and enjoying the day and saw something in the distance. Im still shaking as I type this. #bigfoot #sighting #oklahoma #parallelforest #fyp #scared ♬ original sound - E_ManAlfaro

Тогаш планинарот наводно налетал на суштеството и го опишал како „најстрашниот момент во неговиот живот“.

Клипот од 10 секунди го прикажува бушавото портокалово суштество како се лади покрај дрво и мириса цвеќе како почеток на реклама за говедско месо на Џек Линк.

Полицијата во Луизијана претходно била повикана да спаси група тинејџери кои пријавиле дека го виделе „Bigfoot“. Преплашените тинејџери го забележале, како што велат, „Бигфут“ со „блескави очи“ во шума во Луизијана.

„Убаво е да се види вистинска снимка од вистински Бигфут“, се пошегувал еден. „Целосно верувам дека ова е реално. Ви благодариме што го споделивте ова.”

Во нападот на бандата „Гран Гриф“ на Хаити, бројот на жртвите достигна 70 лица

Бројот на загинатите во нападот на вооружената банда Гран Гриф во градот Понт-Сонде на Хаити се искачи на 70.

Претходно денеска беше објавено дека во тој напад биле убиени околу 20 луѓе, меѓу кои и деца, но активистите и владините претставници постепено почнале да откриваат повеќе луѓе кои биле убиени, пренесе АП.

Портпаролката на Комисијата за дијалог, помирување и свест, Бертриде Харас, изјави дека меѓу жртвите има и млада мајка, нејзиното новороденче и бабица.

За нападот е обвинета бандата Гран Гриф, која дејствува во централниот регион Понт-Сонде, Артибонит и се смета за една од најбруталните банди на Хаити. Мотивот за овој напад се уште е нејасен.

Обвинителството на Хаити го окарактеризира нападот како „масакр“, а овој напад се случи речиси еден месец откако властите на Хаити ја проширија вонредната состојба на целата земја.

Вооружени банди контролираат многу делови на Хаити, а полициската мисија поддржана од ОН предводена од кениската полиција започна да делува во јуни во обид да се нормализира ситуацијата.

Гран Гриф се смета за една од најнасилните банди на Хаити, а во јануари 2023 година нејзините членови биле обвинети за напад на полициска станица во близина на Порт-Сонд и за убиство на шест полицајци.

Бандата се појавила откако поранешниот политичар од Хаити, Профан Виктор, почнал да вооружува млади мажи во областа за да обезбеди избор и контрола врз регионот Артибонит пред речиси една деценија, се вели во извештајот на ОН.

притисни ентер