,,Како последна можност , во случај другите механизми да не дадат резултати , е затворање на границите. И така од последното лето , откако канцеларката со европските партнери за тоа постигнаа договор , имаме поинаква ситуација.” , изјави Крамп – Каренбауер за договорот на Ангела Меркел со европските лидери за враќање на мигрантите од германската граница врз основа на Даблинскиот договор , според кој за нив е одговорна првата земја – членка на ЕУ во која ќе влезат мигранти.
Лидерите на ЦДУ во неделата разговараа за спорната мигрантска политика на Германија која во 2015 ги отвори ширум границите за милион бегалци , повеќето од Сирија.
Иако немаше отворена осуда на политиката на Меркел, ЦДУ поднесе низа предлози за заострување на политиката кон мигрантите , против давањето азил со цел намалување на нивниот број.
,,Мораме да ставиме јасно до знаење дека ја научивме лекцијата од 2015 .” , рече претседателката на ЦДУ , која многумина ја гледаат и како наследничка на Меркел на канцеларската позиција.