Најубавата актерка на светот откри бизарна тајна од спалната соба

Маргот Роби ја откри својата чудна навика во спалната соба.

Убавата австралиска актерка, која беше прогласена за најубава жена во светот во 2019 година од читателите на Ранкер, во настап на подкаст на презентерката Лин Хирсберг и призна дека сèуште спие со играчка зајак.

На прашањето да каже нешто импресивно и инспиративно од нејзиниот живот, 29-годишната sвезда одговори: „Ќе кажам за мојот зајак што го имам уште од кога се родив и сè уште секоја вечер спијам со него“.

Роби призна дека играчката што ја нарекувала „зајаче“ како дете, сега е валкана. „Можеби еднаш годишно, кога мајка ми ќе дојде да ме посети го пере зајакот и го шие за да не се распадне.“, рече таа во подкастот.

Актерката открила и дека нејзиниот сопруг Том Акерли не е воодушевен што го дели креветот со зајак секоја вечер. "Тој го фрла зајакот од кревет. Смета дека е смешно што сè уште спијам со кукла. Можеби е малку љубоморен што зајачето има свое место во креветот".

Ѕвездата на хитот на Тарантино, ,,Беше еднаш во Холивуд” откри и што прави кога нејзината работа станува премногу стресна. „ Имам куќа на дрво ... нема да кажам каде е“, рече таа, откривајќи дека се наоѓа во центарот на Европа.

Полските земјоделци ја прекинаа повечемесечната блокада на границата со Украина

Полските земјоделци денеска ја прекинаа повеќемесечната блокада на граничниот премин со Украина. 

Британските медиуми ја пренесуваат позитивната оценка на украинскиот министер за земјоделство за напорите на Полска да стави крај на блокадата и најави дека се деблокирани сите гранични премини со Полска.

Блокадите започнаа кон крајот на минатата година, по протестите на полските земјоделци поради изземањето на украинските земјоделци од барањето да аплицираат за влез во Полска.

Варшава и Киев со месеци преговараа за изнаоѓање решение за блокадата, а Украина ја повика Европската унија да интервенира. /МИА

Шкотскиот премиер Хумза Јусаф поднесе оставка

 Шкотскиот премиер Хумза Јусаф поднесе оставка откако неговата одлука да се откаже од коалицискиот договор на СНП со шкотските Зелени доведе до владина криза.

-Иако патот низ барањето недоверба за владата оваа недела беше апсолутно возможен, јас не сум подготвен да ги променам моите вредности и принципи или да склучувам договори со некого само за да ја задржам власта, кажа премиерот.

Затоа, додаде Јусаф, „откако го поминав викендот размислувајќи за тоа што е најдобро за мојата партија, за владата и за земјата што ја водам, заклучив дека поправка на нашите односи преку политичкиот јаз може да се направи само со некој друг на чело“.

-Од тие причини, ја известив националната секретарка на СНП за мојата намера да се повлечам од позицијата лидер на партијата и барам што поскоро да се почне со конкурсот за мој наследник“, рече Јусаф.

Тој истакна дека ќе остане прв министер на Шкотска се додека не биде избран неговиот наследник како лидер на СНП. /МИА

Кина со предупредување до САД поради законот за Тајван и законот за ТикТок

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Јиан денеска изјави САД да не спроведува „негативни делови од законот што се „однесуваат на Кина“.

Доколку САД упорно опстојат на својата одлука, Кина ќе преземе решителни чекори за да ги заштити своите безбедносни и развојни интереси, посочи Лин, без да наведе детали.

Неговата изјава уследи откако американскиот претседател Џо Бајден го потпиша законот за зајакнување на одбраната на Тајван, како и законот со кој се бара од кинескиот сопственик „БајтДенс“ (ByteDance) на ТикТок да ја продаде платформата во рок од една година.

Владата на Тајван го поздрави новиот американски закон оценувајќи дека ќе помогне во зачувување на безбедноста во регионот. /МИА

притисни ентер