Најмалку еден загинат, десетина застрелани на забава во САД по повод Ноќта на вештерките(ВИДЕО)

Едно лице загина, а 12 се застрелани на забава по повод Ноќта на вештерките во Оклахома Сити денеска рано наутро по локално време.

Наводно, дошло до тепачка за време на забава во Patti's event, која брзо станала смртоносна бидејќи од огнено оружје одекнувале истрели внатре и надвор од местото на одржување.

Малку по полноќ, дошло до вербална расправија, која прераснала во тепачка која се префрлила пред центарот за настани, изјави наредникот Џон Скута.

„Тие луѓе потоа се вратија во центарот каде што продолжи пукањето“, изјави тој за Кфор.

Едно лице загинало, а 12 се повредени. Две лица се во критична состојба, јавуваат медиумите. Полицијата приведе неколку лица, како и неколку сведоци. Во моментов нема апсења.

Полицискиот капетан Валери Литлџон изјави за News 9 дека веруваат дека пукањето било насочено и дека нема непосредна закана за јавноста.

Според медиумите, напаѓачот употребил пушка. Засега не е познато што го предизвикало конфликтот меѓу двете групи.

Монд: Европските земји сѐ построги кон бегалците од Украина, Норвешка најзатворена

Повеќе од две и пол години од избувнувањето на руско-украинскиот конфликт, некои европски земји зазедоа построг став кон прифаќањето на бегалците кои бегаат од војната, а меѓу најрешителните е Норвешка, пишува денеска францускиот весник Монд.

Во анализата се потсетува дека норвешката влада на 27 септември објави дека ќе престане автоматски да дава азил на сите Украинци кои тоа ќе го побараат, нагласувајќи дека оваа одлука ќе стапи во сила веднаш, објави Монд.

Норвешката влада го оправда својот построг однос кон бегалците со влијанието на нивниот прилив врз домувањето, здравствените услуги и училиштата во одредени градови.

„Не можеме да примиме непропорционален број раселени лица во споредба со слични земји, во другите нордиски земји“, рече норвешката министерка за правда Емили Енгер Мел.

Во моментов, околу 85.000 Украинци живеат во Норвешка, земја со околу 5,6 милиони жители.

Норвешка претходно им даваше автоматски азил на бегалците, додека другите земји-членки на ЕУ активираа слични мерки и донесоа уредба за привремена заштита што им овозможи на бегалците да се населат во земјата на ЕУ по нивна желба.

Оние кои избегале од Украина во некоја од земјите-членки на ЕУ добивале, во зависност од правилата на земјата домаќин, социјални услуги, домување, работа и банкарски услуги.

Според податоците на Европската комисија, до крајот на јули годинава 4,3 милиони Украинци ја искористиле оваа мерка на привремена заштита.

ВМРО-ДПМНЕ: Покачувањето на платите во образованието е важен чекор, СДС треба да го поддржи

Како и секогаш до сега кога се во прашање важни одлуки како зголемување на платите, СДС повторно не може да најде простор за поддршка.

Очигледно е дека повеќе би сакале да молчат отколку да признаат дека нашата влада презема вистински чекори.

Но, шегата на страна.

ВМРО-ДПМНЕ сериозно се грижи за граѓаните и затоа ја донесе одлуката за зголемување на платите – за подобрување на животниот стандард на сите.

Ова е важен чекор кој СДС, наместо да го игнорира, треба да го поддржи за доброто на народот.

Молкот на СДС е уште еден доказ за нивната неодговорност и недостиг на визија.

Граѓаните заслужуваат повеќе, заслужуваат одговори и дела, а не плитки избрзани критики во слабост од луѓе кои за 7 години буквално ја уништија државата, се наведува во партиската реакција.

Поранешниот шкотски премиер Салмонд ненадејно почина во Охрид на Школата за млади лидери

Ненадејно почина Алекс Салмонд (69) од Шкотска за време на 15. издание на Школата за млади лидери во Охрид.

На поранешниот премиер на Шкотска Алекс Саламонд му се слошило и паднал за време на ручекот, а неофицијално починатиот е британски државјанин роден 1954 година односно имал 69 години.

Според МВР, во СВР Охрид денеска во 15.30 часот било пријавено, а странскиот државјанин починал во хотелот „Инекс Горица“.

Итната медицинска помош, полицијата и основниот јавен обвинител утврдиле смрт, а ќе следи обдукција за утврдување на причините.

Салмонд вчера имаше излагање на второто издание на Форумот за културна дипломатија во коорганизација на кабинетот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ и Институтот за културна дипломатија од Берлин.

притисни ентер