„САД се многу загрижени поради ескалацијата во Јемен“, рече американскиот државен секретар Антони Блинкен, повикувајќи ги сите страни во конфликтот да се смират, да го почитуваат хуманитарното право и целосно да се вклучат во сеопфатниот мировен процес под покровителство на ОН“.
Затворот во Саади, упориште на хутистите во северен Јемен, бил бомбардиран во петокот среде ноќ. Најмалку 70 луѓе загинале, а 138 се ранети, соопштија од Лекари без граници, осудувајќи го „страшниот“ напад. Бунтовниците ја обвинија за нападот коалицијата предводена од Саудиска Арабија која им помага на јеменските владини сили во конфликтот со бунтовниците Хути поддржани од Иран од 2015 година.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, се чини дека ја потврди одговорноста на коалицијата со осуда во изјавата за „воздушни напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија врз затворот Саади“.
„Воздушниот напад доаѓа само два дена по планираниот напад на хутистите врз цивилите во Абу Даби“, рече тој, мислејќи на бунтовничкиот камион за бомбашки напад во кој загинаа три лица во Обединетите Арапски Емирати во понеделникот.
Воената коалиција предводена од Саудиска Арабија во денешното соопштение вели дека цел на напад бил бунтовнички затвор во Јемен, каде загинаа најмалку 70 луѓе.
Информациите за нападот на затворот во Саада, на север, се „неосновани“, посочува портпаролот на на коалицијата, пренесува официјалната саудиска новинска агенција. Коалицијата ја презеде одговорноста за нападот врз Ходеида, на запад.
Коалицијата, која воено интервенира во земјата разорена од војна од 2015 година, вели дека „исклучително сериозно“ ги проверила информациите пред да заклучи дека се „неосновани“, рече портпаролот, генерал Турки Ал-Малки, кој ги обвини хутистите за „дезинформации“.
Саудиска Арабија ја предводи коалицијата на муслиманските земји, вклучително и Обединетите Арапски Емирати, кои им помагаат на јеменските владини сили да се борат против бунтовничките хутисти поддржани од Иран. Демантирајќи ја веста за бомбашкиот напад во затворот, коалицијата во соопштението рече дека не е „на списокот на забранети цели според механизмот одобрен од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања во Јемен“ (OCHA).
Затворот во Саади, упориште на бунтовничките хутисти на северот, беше бомбардиран среде ноќ, при што загинаа 70, а беа повредени 138 луѓе, соопшти невладината организација Лекари без граници (MSF), осудувајќи го „страшниот“ напад. Бројот на загинати најверојатно ќе биде уште поголем бидејќи „потрагата низ урнатините сè уште трае“, додаваат од Лекари без граници.
Засега не се знае кои се затворениците и колку ги има. Но, осум невладини организации, меѓу кои Action contre la Faim, Oxfam и Save the Childred, во заедничка изјава рекоа дека биле мигранти.