Најмалку 12 загинати во експлозија во близина на аеродром во Јемен

Најмалку дванаесет цивили загинаа во експлозија во близина на аеродромот во Аден, вториот по големина јеменски град во кој е сместена владата, изјави претставник на безбедносните сили за АФП.

„Дванаесет цивили ги загубија животите во експлозија во близина на аеродромот во Аден“, рекол изворот, не наведувајќи за каква експлозија станува збор. Тој рече дека непознат број луѓе се повредени во експлозијата.

На местото на настанот, пожарникарите го изгаснале пожарот предизвикан од експлозијата, а спасувачите извлекле тело од уништен автомобил, јави репортер на AFP.

Во Јемен има војна од 2014 година во која се вклучени провладините сили и хутите, бунтовници кои контролираат голем дел од северот на земјата, вклучувајќи го и главниот град Сана.

Хутите ја имаат политичката поддршка од Иран, а од 2015 година, владата е воена помагана од коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која граничи со Јемен и е противник на Техеран.

Податоците од меѓународните организации покажуваат дека во таа војна загинале десетици илјади луѓе, а милиони се раселени.

Жестоки борби се водат во околината на Мариб, последното упориште на провладините сили во северен Јемен, кои се под опсада на бунтовниците.

Оваа недела, еден од водачите на хутите, Мохамед Насер ал-Атифи, рече дека бунтовниците „речиси го опколиле“ градот и дека неговото освојување е „само прашање на време“.

Армијата на Конго тврди дека спречила државен удар, три лица загинале во престрелката

Армијата на Конго соопшти денеска дека рано изутрината „спречила државен удар“ и ги уапсила сторителите, меѓу кои и неколку странци, а забележано е и пукање во главниот град Киншаса, при што загинаа три лица.

Портпаролот на армијата на Конго, генерал Силвен Екенге, на прес-конференција соопшти дека обидот за државен удар бил спречен од конгоанските одбранбени и безбедносни сили и дека ситуацијата е под контрола, но не даде повеќе детали.

Покрај тоа, се судриле луѓе во воени униформи и обезбедувањето на локален политичар во неговата куќа, на околу два километри од претседателската палата и делот од градот каде се наоѓаат некои амбасади. /МИА

Сабаленка за поразот од Швјонтек: Сè уште сум среќна со резултатот во Рим

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка го коментираше поразот од полската претставничка Ига Швјонтек во финалето на турнирот во Рим. 

Таа истакна дека генерално е задоволна од нејзиниот настап во главниот град на Италија.

- Иако работите не одеа во моја корист, сепак сум среќен со резултатот во Рим. Во првиот сет не играв многу добро и не ја чувствував мојата игра. Во вториот се обидов да бидам малку поагресивна. Имав неколку можности да направам брејк. Можеби ако ги реализирав, натпреварот ќе испаднеше поинаку. Но, јас не го направив тоа. Ќе се обидам подобро следниот пат, рече Сабаленка на прес-конференција.

Во меч што траеше 1 час 29 минути Швјонтек победи со резултат 6:2, 6:3. Првиот светски рекет ја освои својата четврта ВТА титула во сезоната и 21-ва во кариерата.

Ова е втор меч на тенисерките во последните две недели. Швјонтек и Сабаленка се сретнаа на 4 мај во решавачкиот меч на турнирот во Мадрид. Тогаш победи исто така првиот рекет на светот. /МИА

Фјури побара реванш, Усик прифати

Британскиот боксер Тајсон Фјури, по поразот од Украинецот Олександр Усик во главниот меч на боксерската вечер во Ријад, потсети на клаузулата во договорот која предвидува реванш.

По објавувањето на резултатот, боксерите разговараа за одржување на реванш во октомври.

Усик, кој стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век, одговори: „Подготвен сум“.

За 35-годишниот Фјури ова беше прв пораз во кариерата. Пред оваа борба тој освои 34 победи и една борба со негово учество заврши нерешено.

Триесет и седумгодишниот Усик сега има 22 победи во 22 борби./МИА

притисни ентер