Најлуксузниот хотел на светот: Само Бурж Ал Араб има “седум ѕвезди“ (видео)

Бурж Ал Араб е еден од најлуксузните и најскапите хотели на светот. Се наоѓа на вештачкиот остров во Дубаи, во Обединетите Арапски Емирати.

Висок е (заедно со антената) 321 метар, со што е вториот хотел по висина во светот, зад „Роза Тауер”, кој исто така се наоѓа во Дубаи.

Сопственик на Бурж Ал Араб е хотелскиот ланец „Џумеира Груп”, во сопственост на шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактума.

Хотелот го проектирал британскиот архитект Том Рајт, а изведувач на работата е јужноафриканската компанија Мари анд Робертс. Хотелот во облик на едро, од отворањето во 1999. Година, стана симбол на Дубаи и претставува една од најпрепознатливите градби во светот.

И покрај својата големина, Бурж Ал Араб има 28 катови со 202 соби. Најмалата соба е со површина од 169 квадратни метри, а најголемиот апартман има површина од 780 квадратни метри.

Хотелот е меѓу најскапите во светот. Цената за едно ноќевање се движат од 1000 долари за најмалата соба, до 28.000 долари за кралскиот апартман.

Изградбата на Бурж Ал Араб започната е 1994 година. Граден е да изгледа како едро на традиционален арапски брод. Две “крила“ раширени во облик на буквата “V” кои имаат улога на јарбол, додека просторот меѓу нив служи како голем атријум.



„Клиентот сакаше градба која ќе стане икона или симбол на градот Дубаи, нешто како Оперската куќа во Сиднеј или Ајфеловата кула во Париз. Требаше да се изгради нешто што ќе стане синоним за целата држава“ – изјави тогаш архитектот Том Рајт.

Но и покрај извонредната структура, врвната услуга е тоа што го прави Бурж Ал Араб да биде величенствен.

Многупати е прогласуван за најлуксузниот хотел на светот, а нуди дискретност, приватна рецепција на секој кат, хелипад, лични батлери и неповторлива љубезност.

Иако има пет ѕвезди, за него обично се говори дека нуди услуги во рангот на седум ѕвезди.

Фото: Британска манекенка ужива на одмор во Дубровник

Британската манекенка Ферне МекКан веќе одлучила да замине на одмор. Деновиве таа ги покажа своите фотографии од Хрватска. Како што откри таа е на одмор во Дубровник и околината.

„Верувајте си дека ќе го изберете она што е соодветно за вас. Најубавиот ресторан на островот. Каков прекрасен, посебен ден во Хрватска“, напиша таа во описот на фотографијата на која позира во црн костим за капење.

Дејли мејл известуваше за нејзиниот летен одмор во Хрватска. „Ферне МекКан ја истакнува својата неверојатна фигура во црно бикини додека се сонча во Хрватска“, гласи насловот на нивната статија.

Ферне неодамна изјави дека ослабела многу откако ја родила ќерката Финти, а многумина ја фалат затоа што покажала реален поглед на нејзиното тело. „Сакам да гледам реални фотографии, сите имаме целулит и маани кои попрво би ги немале, но добро е да ги славиме. Благодарам Ферне за искрената објава“, гласи пофалбата на еден следбеник.

Од 2022 година, Ферне е во врска со бизнисменот Лори Хејнс, со кој ја има ќерката Финти. Тој има уште една ќерка, од претходната врска.

Бајден настапи пред дипломците на Морхаус колеџот во Џорџија

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

Претседателот на САД, Џо Бајден во денешното обраќање пред дипломците во Морхаус, високообразовна установа од Џорџија каде мнозинството студенти се афроамериканци, прати пораки од неговата предизборна кампања за зацврстување на врските со младите од етничките малцинства.

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

- Сакам сите да запаметите, кога не избраа први ни велеа дека нема да направиме ништо значајно. Но ние направивме се. Благодарејќи вам … Мошне многу ценам што ми дадовте можност за повторен настап тука, изјави претседателот во обраќањето до дипломците на Морхаус.

Тој говореше и за својот соперник на претстојните избор – поранешниот претседател Доналд Трамп.

- На овие избори многу е ставено на коцка, мошне многу. Станува збор не за мене, туку за алтернативата … Работата е во тоа што тој (Трамп) изложи што имено планира да прави (ако биде избран). И републиканците во Претставничкиот дом ќе кажат и моите колеги ќе кажат, што тие имено ќе прават ако победат, рече Бајден.

Колеџот Морхаус е основан во 1867 година како машки колеџ за школување на црномурести кои скоро биле ослободени од ропство. Еден од они кои дипломирале тука е и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Морхаоус е голем град во Џорџија со има значајна улога во претседателската трка во 2024 година. Бајден овде во 2020 година стана првиот кандидат за претседател од Демократската партија кој доби поддршка од оваа држава по Бил Клинтон во 1992 година.

Бајден денеска попладне патува во посета на Мичиген, каде ќе учествува на настан организиран од Детроитски фонд за борба за слобода. /МИА

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

притисни ентер