Санкционирани 131 возач во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје вчера на територијата на град Скопје изрече 131 меркa.

Како што соопшти МВР, за возење без возачка дозвола 17 санкции, 14 мерки за непочитување на брзината на движење, девет мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Три лица загинаа, а три се повредени во рускиот ракетен напад врз Одеса

Командата на силите за специјални операции на Украина денеска соопшти дека во синоќешниот напад со руски балистички ракети врз Одеса загинале три лица, а три се повредени.

Од друга страна, вооружените сили на Украина уништија два руски противвоздушни ракетни системи „бук“ во секторот Суми, се вели во објава на Фејсбук, пренесува Укринформ.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина и треба „значително забрзување“ во испораката на оружје од партнерите за да и се овозможи на нејзината армија да се соочи со унапредувањето на руските сили на неколку фронтови.

„На Украина и треба значително забрзување во испораката на оружје за што поскоро да стигне до војниците на фронтот“, рече Зеленски.

Се огласи и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу кој наложи „поголема и побрза испорака на оружје за специјалната воена операција во Украина“. /МИА

Приведено лице во Стојаково, полицијата нашла марихуана во неговиот дом

Полициски службеници од ОВР Гевгелија, вчера во 16.10 часот во село Стојаково, општина Богданци, го лишиле од слобода В.К.(30) од село Стојаково.

-При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР.

притисни ентер