Девојчето исчезна во средата откако го напуштило својот дом во Норена Даунс. Во потрага по девојчето, биле вклучени и хеликоптери.
Вчера попладне, тригодишната Матилда била забележана од хеликоптер на 3,5 километри оддалечена од нејзиниот дом.
Кога надлежните го спасија девојчето, таа беше валкана со кал, но во добра здравствена состојба. Покрај неа, било и нејзиното кутре, кое не се разделило од неа, соопшти полицијата.
„За среќа, Матилда и нејзиното кутре сега се со семејството“, рекоа тие.
Началникот на полицијата во Пилабара, Ким Масам, им се заблагодари на сите кои беа вклучени во потрагата по девојчето, но исто така го пофали и нејзиното кученце кое остана со неа цело време.
Пилбара е само еден од австралиските региони погодени од обилните врнежи од дожд и поплавите.
Метеоролозите предвидуваат нестабилно време во текот на следните четири до пет дена. Дождот во некои области може да биде силен, но за да се запре пожарот е потребен умерен и постојан дожд.
Австралија од септември се бори против најлошата сезона на пожари, при што загинаа 29 луѓе и милиони животни. Уништени се повеќе од 2500 куќи, а големината на опожарената област е со големина на Бугарија.
Во државата Нов Јужен Велс горат уште 85 пожари, од кои 30 се под контрола, додека 19 пожари се активни во Викторија, соопштија пожарникарите.
Влажното време со часови го расчистуваше чадот над најголемите градови во Австралија, но Канбера и Мелбурн се најдоа во првите 30 најзагадени градови низ целиот свет.
Метеоролозите велат дека студеното и влажното време ќе биде само привремено олеснување и дека топлината ќе се врати во наредните недели.