Награда за „Пресвета Богородице, спаси не“ во Русија

Награден во Русија е играно документарниот филм „Пресвета Богородице, спаси не“ на Повардарската епархија. Наградата ја освои во конкуренција на 210 долгометражни и краткометражни филмови на фестивалот „Златен Витез“ во градот Томск, во Сибир.

Филмот го селектираше рускиот оскаровец Никита Михалков на фестивалот чиј директор е врвниот руски актер и режисер Николај Петрович Бурјаев. Филмот за кој сценариотот го напиша Мирјана Мина Данаиловска а режијата е на актерката Весна Димитрова Бобевски влезе и во официјална конкуренција на фестивалот на мали земји во Чувашката Република во централна Русија и во моментов се натпреварува на трет фестивал во Јерославската област.

„ Македонски филм за првпат зема учество на фестивалот „Златен Витез“ во Руската федерација и освои награда. Во играно документарниот филм „Пресвета Богородице, спаси не“потсетивме на вековната верба на македонскиот народ во Христа, што најверојатно беше пресудна за наградата, вели режисерката. Димитрова Бобевски се врати од Руската Федерација со бројни впечатоци во кои најсилни се оние со кои организаторите говореа за Македонија, македонскиот народ, јазик и култура“,Весна Димитрова Бобевски, режисер на играно документарниот филм.

Двата руски фестивали, Златен витез и Чебоксарскиот, се под покровителство на Патријахот Kирил, ги финансира министерството за култура а свое обраќање има и претседателот Путин. Тие организациски беспрекорно функционираат а селекторот Никита Михалков и директорот Николај Петрович Бурјаев понудија можност за филмска, театарска и актерска соработка со Македонија, вели Димитрова Бобевски.

Преставувањето на филмот на фестивалите во Русија го помогна Филмскиот фонд на Македонија. Во моментов филмот учествува на трет филмски фестивал во Руската Јерославска област.

„Гответе со Дракче“ - Слатко од јагоди

Во вторник (30.04.2024) во емисијата гостин ни беше Стојна Костовска.

Состојки за денешниот рецепт:

1 кг. јагоди

800 гр. шеќер

1 л. вода

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

СДСМ: СДСМ не прифаќа уцени од било кого, нема тргување со иднината на државата

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции.

За разлика од субјектите како ЗНАМ, кои се човек-партија СДСМ е државничка партија со длабоки и силни корени.

Нас не водат социјалдемократските вредности, борбата за граѓаните и европската иднина на Македонија. Не се откажуваме од тоа, СДСМ е цврста и силна партија. Ќе продолжиме да се бориме за овие вредности.

СДСМ е единствената партија наследник на НОБ, на АСНОМ.

Не прифаќаме условувања од било кого, СДСМ со никого нема да прави политички дилови. Ова е прашање на иднината на државата и со неа нема тргување.

Фокусирани сме на најдобриот резултат на претстојните избори на 8 мај, повикуваме на мобилизација на сите демократски и прогресивни сили да се спречи враќањето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Со повисоки плати правично го вреднуваме трудот на работниците

Во празничното обраќање Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 кажуваат дека обезбедено е трудот не само да се цени, туку и правично да биде награден.

„На овој Ден на трудот, но и во останатите 364 дена во годината ние сме рамо до рамо со вас. Вреднувањето на работникот е главен постулат на социјалдемократските вредности за кои и се боревме овие седум години. Достоинствен живот за секој работник и работничка во нашата Македонија“, вели во видео обраќањето Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2, по повод 1-ви мај - Денот на трудот.

Во празничното обраќање Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Анета Здравковска, Билјана Муиќ) кажуваат дека обезбедено е трудот не само да се цени, туку и правично да биде награден.

„Заеднички ја браневме нашата заедничка социјална кауза. Како Влада дадовме приоритет на растот на платите во сите сектори подеднакво, затоа што тоа е најважно за поттикнување на правичен социо-економски развој. Успеавме просечната плата двојно да ја зголемиме од 2016 година на речиси 40.000 денари“, кажуваат кандидатите, притоа потсетувајќи дека минималната плата од 10.000 денари во 2016 година, во март 2024 година изнесува 22.500 денари, што е зголемување од 125 проценти.

„Ние се погриживме животниот стандард да остане не само недопрен, туку и подобрен во услови на инфлација“, велат кандидатите и кандидатките и нагласуваат дека овој раст не е случаен, туку дека тоа е резултат на намерна политика насочена кон подигнување и заштита на животниот стандард на работниците и работничките, политика на системски решенија.

„Нашата посветеност на социјалдемократијата обезбеди растот на платите да е изолиран од партиски интереси. Трудот никогаш повеќе нема да биде пион во политичките игри, а ние цврсто стоиме да ги заштитиме правата на сите работници и работнички без оглед на етничка, религиска или партиска определба. Честит нека е денот на трудот“, вели Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2.

притисни ентер