Надал прв финалист на Австралија опен

Шпанецот Рафаел надал е првиот учесник во големото финале на Отвореното првенство на Австралија во тенис.

Рафа експрес во полуфиналето на премиерниот Грен слем турнир во 2019 го збриша младиот грчки тенисер Стефанос Циципас победувајќи го со максимални 3-0 по сетови 6-2, 6-4 и 6-0.

21- годишниот Циципас денеска немаше никакви шанси за против маестралниот Надал . Бикот од Мајорка одигра совршен меч и за само 106 минути со фуриозна игра го декласираше младиот грчки тенисер за пласман во уште едно финале на Австралија опен.

Противник на Надал во големото финале на турнирот во Мелбурн ќе биде победникот од утрешната полуфинална пресметка која стартува во 9-30 часот меѓу лидерот во светскиот тенис Новак Ѓоковиќ и изненадувањето од Франција Лудовик Пуј.

ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај.

Во услови на влошена економско-социјална положба на работниците, единствен гарант се само силни синдикати.

Независни цврсти, добро организирани и меѓусебно координирани синдикати можат да ги штитат и унапредуваат правата на работниците.

Слабо платените работници и други работоспособни граѓани ја напуштаат Македонија. Ваквата состојба е резултат на вкупните лоши политики и негрижата на власта и работодавците кон тие што работат и создаваат нови вредности.

Демократскиот сојуз е прва партија која во МакедонскиотПарламент предложи минимална плата, како што предлагаме и дефинирање на минимална пензија.

Повеќе од јасно е дека е неопходен системски пристап и вреднување на трудот на секој вработен, но без реформи и борба против високата корупција состојбите нема да се променат.

Според Павле Трајанов:

"НАРОДОТ НЕ МОЖЕ ДА СОЗДАДЕ ТОЛКУ КОЛКУ ШТО ВЛАСТА МОЖЕ ДА УКРАДЕ"

Демократскиот сојуз ги повикува синдикатите, на претстојните избори да се вклучат во промените.

Демократски сојуз

Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом

Определен е притвор во траење од 30 дена за И.Ј.(37) од Скопје во КПУ Затвор - Скопје, за кого ќе биде изготвена кривична пријава по чл.215 од Кривичниот законик. 

Како што информира МВР, полицијата по преземени оперативни мерки и активности вчера го лишила од слобода И.Ј.(37) од Скопје.

При претрес во неговиот дом во Сопиште, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин, амфетамин, семки од растение, три дигитални ваги со остатоци од дрога.

Следува период на променливо облачно време со локален дожд

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре, во ноќта кон петок и во петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Дневната температура од утре до сабота ќе биде во постепено опаѓање, а во недела ќе се покачи за 2 до 4 степени.

притисни ентер