Над 4000 истовремени експлозии на пејџери во Либан, 11 загинати, илјадници повредени

Експлозијата на пазар во Бејрут е само еден од неколкуте илјади симултани експлозии на пејџери кои вчера го потресоа Либан и делови од Сирија. 

Во досега невидениот масовен напад без преседан врз припадници на милитантната група Хезболах, убиени се најмалку 12 луѓе, меѓу кои две деца. Експлозивот бил активиран, откако на корисниците на уредите им стигнала шифрирана порака.

-Oна што се случи беше како земјотрес, како ненадеен бран што удира на секого, и оние што биле мета и оние околу нив. , изјави жител на Бејрут.

-Состојбата е на раб на ескалација. Ако имало акција, треба да има и реакција. , вели жител на Бејрут.

Болниците во Бејрут се преполни. Над три илјади луѓе се повредени, од кои 300 се критично. Повреден е и иранскиот амбасадор во Либан.

-Повеќето од повредите се на самото лице, особено на очите на рацете или во делот на стомакот. Според пациентите, повредите се настанати од уред за комуникација. , изјави Фирас Абиад, министер за здравство на Либан.

Иако Израел засега одбива да коментира, Хезболах експресно го обвини дека стои зад нападот и се закани со праведна одмазда. Она што е познато е дека милитантната група неодамна ги забранила мобилните телефони и набавила пејџери за своите членови како уред кој е побезбеден при обид да бидат лоцирани или контролирани од израелските разузнавачки служби. Повикувајќи се на разузнавачки извори, Ројтерс објави дека токму израелската Мосад стои зад експлозиите, откако претходно поставила експлозив во пет илјади пејџери произведени од тајванска компанија, кои потоа биле увезени за Хезболах.

-Израелците веројатно виделе можност да купат илјадници пејџери, ги расклопиле и вметнале експлозив и ги пуштиле во продажба директно за Хезболах, користејќи радио фреквенции кои пренесуваат податоци во пејџерот и симултано ги детонирале сите пејџери. , изјави Стив Ганард, поранешен дипломат во Стејт Департментот.

Но, случајот доби сосема поинаков тек, откако посочената тајванска компанија „Голд Аполо“ ги отфрли тврдењата и прстот го впери кон унгарската фирма „BAC Consulting“ дека ги произвела уредите, која поседувала лиценца да го користи истиот тајвански бренд.

-Вашата компанија повеќе не го призведува моделот „AR-924“? Не е прашањето дали го произведуваме. Тоа не е наш производ. , изјави Ксу Чинг, претседател на „Голд Аполо“.

Хезболах е шиитска група со седиште во Либан, една е од највооружените милитантни организации во светот, финансирана е од Иран и функционира како држава во држава. Проценките се дека располага со 30 илјади борци, а по конфликтот во Газа ги интензивираше ракетните напади врз Израел.

Најнов извештај: Бугарија и натаму не ги почитува пресудите од Стразбур

Најнов извештај на Комитетот на министри на советот на Европа: Бугарија и натаму не ги почитува пресудите од Стразбур.

Комитетот на министри на Советот на Европа во својот најнов извештај истакна дека властите во Бугарија и натаму не ги почитуваат пресудите на европскиот суд за човекови права и не дозволуваат регистрација на здруженијата кои се залагаат за признавање на македонското малцинство во Бугарија.

„Одбивањата беа засновани врз заштитата на националната безбедност и јавниот ред, уставната забрана на здруженија кои остваруваат политички цели, како и врз неисполнувањето на формалните законски барања. За сето ова европскиот суд утврди дека е неоправдано и непропорционално мешање во правото на слобода на здружување, бидејќи здруженијата кои се жалеле не се залагале за употреба на насилство или други недемократски средства за постигнување на нивните цели. “, стои во извештајот...

За него, македонското министерство за надворешни работи изразува задоволство, велат извори од МНР.

Кој е Ибрахим Акил кој беше убиен во денешниот напад врз Бејрут

Акил, познат и како Тахсин, е клучен оперативец на Хезболах од основањето на групата во раните 1980-ти, јави Ал Џезира.

Како и повеќето високи воени функционери на Хезболах, Акил беше фигура во сенка, не даваше јавни изјави, ниту имаше јавни настапи.

Според американскиот Стејт департмент, тој служел во највисокото воено тело на групата – Џихадискиот совет.

САД минатата година распишаа награда од седум милиони долари за информации што ќе доведат до негова идентификација или апсење. Вашингтон го обвини за вмешаност во самоубиствен бомбашки напад врз американските поморски касарни во Бејрут во 1983 година, во кој загинаа 241 Американец за време на либанската граѓанска војна.

Во 2019 година, САД го прогласи за „глобален терорист“.

Иако либанската група не го објавува рангот на своите членови, израелската војска тврди дека Акил бил шеф на единицата Радван, елитните сили на Хезболах. /МИА

Полската фудбалска федерација им помага на клубовите погодени од поплавите

 Полскиот фудбалски сојуз (ПЗПН) објави денеска дека ќе обезбеди помош од над 450.000 долари за фудбалските клубови погодени од најголемите поплави што го зафатија регионот во последните две децении.

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите, вклучувајќи седум во Полска, а Вроцлав, третиот по големина полски град, се соочи со голема штета.

„Заедно со претседателите на општинските федерации решивме да донираме 1,75 милиони полски злоти за помош на клубовите погодени од поплавата“, објави претседателот на ПЗПН, Цезари Кулеза на платформата Икс.

Премиерлигашот Сласк Вроцлав го одложи својот домашен натпревар против Стал Миелец во понеделникот и го претвори својот стадион во место за собирање донации за погодените од поплавите. Клубот исто така започна собирање средства за помош на настраданите од поплавите, при што играчите и тренерите ги посетија областите погодени од поплавите за да ги дистрибуираат основните намирници.

Европската унија вети дека ќе стави на располагање финансиска помош на регионот, а полскиот премиер Доналд Туск рече дека земјата може да добие пет милијарди евра. /МИА

притисни ентер