Над 2 000 луѓе починаа од коронавирусот , заболени има во 28 држави

Коронавирусот се рашири низ целиот свет откако првиот случај во Кина беше откриен во декември, а до денес, најмалку 2.000 луѓе починаа, додека над 75.000 се заразени.

Си-Ен-Ен известува дека најмалку 28 потврдени случаи се пријавени во 28 земји, а повеќе од половина од случаите се пријавени на крузерот „ Diamond Princess “ чии патници се во карантин.

Досега починаа шест лица надвор од Кина, две во Хонг Конг и во Иран и по едно во Јапонија, Тајван, Франција и на Филипините.

Еве го списокот на заразени:

Австралија - најмалку 15 заразени

Белгија - најмалку 1 заразен

Откако девет повратници од Вухан пристигнаа во Белгија, еден од нив беше потврден дека има коронавирус.

Камбоџа - најмалку 1 заразен

Канада - најмалку 8 заразени

Египет - најмалку 1 заразен

Финска - најмалку 1 заразен

Франција - најмалку 12 заразени, 1 мртва

Француски турист почина во Франција. Тоа е прва смрт од коронавирус во Европа.

Германија - најмалку 16 заразени

Хонг Конг - најмалку 62 заразени, 2 мртви

39-годишник и 70-годишник починале од коронавирусот во Хонг Конг.

Индија - најмалку 3 заразени

Италија - најмалку 3 заразени

Јапонија - најмалку 68 случаи, 1 смртен случај плус 454 заразени на крузер

Една 80-годишна жена почина од коронавирусот.

Макао - најмалку 10 заразени

Малезија - Најмалку 22 заразени

Непал - Најмалку 1 заразен

Филипини - Најмалку 3 заразени, 1 смртен случај

Почина 60-годишна жена, која потекнува од Вухан.

Русија - најмалку 2 заразени

Сингапур - најмалку 81 заразен

Јужна Кореја - најмалку 46 заразени

Шпанија - најмалку 2 заразени

Шри Ланка - најмалку 1 заразен

Шведска - Најмалку 1 заразен

Тајван - Најмалку 22 заразени, 1 починат

Тајланд - најмалку 35 заразени

Обединети Арапски Емирати - најмалку 9 заразени

Велика Британија - најмалку 9 заразени

САД - најмалку 15 заразени

Виетнам - најмалку 16 заразени

Иран- најмалку 2 заразени , двајца починати денеска.

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи

ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им сугерира и број на гласачко ливче.

По објавениот документ од кој се гледа како Битиќи бара од компании да го поддржат затоа што им исплаќал државна помош тој требаше да се повлече од политиката.

Фактот што Битиќи не само што не се повлече, туку и не се извини, говори како СДС и ДУИ ја заробија државата и како 100тина функционери управуваат со државата како да е нивен личен имот.

ДКСК не смее да чека, да отвори случај и да се отвори постапка и пред другите институции.

Злоупотребите на институциите мора да запрат. По 8ми мај ќе се стави крај ма ваквите практики, а таквите како Битиќи ќе се соочат со одговорност.

Време е да ја вратиме државата на народот. Македонија повторно твоја,се наведува во партиското соопштение.

Пендаровски со порака по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака:

„Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество.

Квалитетните, професионални и независни новинари, коишто ја сфаќаат сериозноста и тежината на креирање на јавното мислење, можат да претставуваат силен глас на јавноста.

Затоа мора да продолжиме да вложуваме во воспоставувањето стандарди со кои медиумите ќе можат слободно и независно да работат и да се развиваат. Да градиме атмосфера во која медиумските работници ќе се чувствуваат безбедно и заштитено. Да имаме доблест да ја прифатиме критиката и да ја поддржиме слободата на изразувањето. Само така ќе имаме моќни и силни медиуми и новинари коишто ќе бидат објективни во известувањето и ќе ѝ служат на јавноста, а не на политичките елити и на изворите на финансирање.

На сите медиумски работници им го честитам Светскиот ден на слобода на медиумите.“, соопштуваат од неговиот кабинет.

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се одлучува за иднината на државата.

Прашањето е каква држава сакаме да изградиме?

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните но тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 и да гласаат ЗА, за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер