Повеќето здравствени работници, 1502 од 1716 година, се разболеле во провинцијата Хубеи, епицентарот на инфекцијата, објасни Зенг Џиксин, заменик директор на Националната здравствена комисија.
Ова е првпат Кина да издаде официјален број заразен медицински персонал од појавата на коронавирусот.
„Фактот дека има повеќе од 1.700 здравствени работници заразени со коронавирус е многу тажна вест“, изјави главниот директор за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО) Мајк Рајан.
Инфекциите на медицинскиот персонал за време на појава на болеста не се должат на недоволна заштитна опрема, туку на несоодветни заштитни процедури, особено кај исцрпениот персонал кој непрекинато работи, смета специјалистот за инфективни болести на СЗО, Силви Бријанд.
Според официјалните бројки, до сега 55.748 лица се заразени со коронавирусот во Кина, а досега починале 1380 луѓе.