На „Охридско лето “музичко патување низ земјите на Јужна Америка

Виножитниот спектар на латино ритмови вчеравечер беше прикажан на Долни Сарај, на концертот што по повод 64. роденден на фестивалот „Охридско лето“ го одржаа членовите на салса оркестарот „Меркадонегро“.

Музичкото патување низ земјите на Јужна Америка, со презентација на музика и песна од државите и краиштата од каде доаѓаат уметниците го следеше и претседателката на државава, Гордана Силјановска-Давкова . Таа заедно со публиката играше и се восхитуваше на уметниците кои со својата надареност ја доловија уникатната посебност на салсата.

Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, вели дека и 64. роденден на фестивалот како и впрочем целото фестивалско издание досега ги оправда очекувањата на публиката, но и на стручната јавност.

-Годинешново издание изминува во знакот на истакнати домашни и светски уметници, исполнети гледалишта, задоволна публика и бројни пофалби, како од стручната јавност, така и од уметниците кои се дел од програмата. Посебно сум горда на поддршката која ја добиваме од Амбасадите во Република Македонија. Огромно е задоволството, по 64-ти пат, да посакаме да ни е вечен фестивалот „Охридско лето“. Нашата одговорност е голема и предизвикувачка – да го сочуваме она што го втемелија бројни генерации пред нас, но и да ја збогатуваме културната понуда која изминативе 64 години го издигна Охрид не само како духовна, туку и како културна престолнина, вели Поповиќ.

Роденденскиот концерт на фестивалот „Охридско лето“ секоја година на 4 август е посебно изненадување и по традиција нуди доживувања малку поинакви од вообичаените фестивалски содржини. Токму на овој ден во далечната 1961 година, оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ го одржа првиот концерт на фестивалот со што и започна магијата наречена „Охридско лето“.

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Гевгелија, Крушево и Виница

Најниска температура од минус три степени утрово е измерена во Берово, а највисока од 4 Гевгелија, Крушево и Виница.

УХМР информира дека -3 степени се измерени во Берово, -1 Тетово, Битола, 0 Скопје-Петровец, Прилеп, Велес, Струмица, 1 Крива Паланка, Демир Капија, Куманово, Лазарополе, 2 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Маврови Анови, Попова Шапка, а 3 степени во Охрид и Претор.

Во текот на ноќта времето било ведро со мала до умерена облачност. Утрово е променливо облачно со сончеви периоди. Во Скопската Котлина има појава на магла, а во долниот тек на Повардарието ниска облачност. Дува слаб променлив ветер.

Времето претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје претпладне во делови од котлината има појава на магла. Преку денот ќе биде променливо облачно и тивко. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Без вода дел објектот на Министерството за финансии и дел од корисниците од ул. „Даме Груев“

Поради уличен дефект ф-150мм на ул. „Даме Груев“ бб (пред Министерство за Финансии), денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Министерството.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со санација на дефектот. Исто така, дел од коловозот ќе биде затворен за сообраќај.

Германски разузнавач: НАТО може да го активира членот 5 поради руска саботажа

Руската саботажа на западни цели на крајот може да го поттикне НАТО да размисли за повикување на клаузулата за заемна одбрана од членот 5 на Алијансата, изјави синоќа шефот на германската служба за надворешно разузнавање (БНД).

Говорејќи на настанот на тинк-тенк DGAP во Берлин, директорот на БНД, Бруно Кал, рече дека очекува Москва дополнително да ја засили својата хибридна војна.

„Широката употреба на хибридни мерки кон кои прибегнува Русија го зголемува ризикот НАТО на крајот да размисли за повикување на клаузулата за заемна одбрана од член 5“, посочи тој.

„Истовремено, зголемувањето на рускиот воен потенцијал значи дека директен воен конфликт со НАТО станува една од можните опции за Кремљ“.

Според член 5, доколку е нападната членка на НАТО, другите членки на алијансата се должни да и помогнат да одговори.

„Ако Русија нападне еден или повеќе од своите сојузници во НАТО, нема да го стори тоа за да приграби огромни делови од земјата“, рече Кал, туку повеќе да ги тестира црвените линии поставени од Западот за да го порази западното единство и НАТО како одбранбен сојуз.

„Се уште немаме никакви индикации дека Русија има намера да влезе во војна, но ако таквите чувства надвладеат во владата во Москва, тогаш ризикот од воен конфликт ќе се зголеми во наредните години“, вели тој.

притисни ентер