На Филолошкиот факултет промоција на две македонистички изданија на Универзитетот ЕЛТЕ

На Филолошкиот факултет промоција на две македонистички изданија на Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта.

Промоција на две македонистички изданија на Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта, ќе се одржи денеска напладне во салата за седници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, при УКИМ.

Станува збор за зборници на трудови во издание на Катедрата за славистика при Институтот за славистика и балтичка филологија, објавени во реномираната едиција „Opera Slavica Budapestinensia (Linguae Slavicae)”. Приредувач на двете изданија е Златко Панзов, а преводот од македонски на унгарски јазик е на Анамарија Цинеге-Панзова.

Зборникот Блаже Конески „За македонскиот јазик“ (Blazse Koneszki: A macedón nyelvről) е издаден по повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески. Во содржината на Зборникот се вбројуваат предговорот на Златко Панзов, како и текстовите на Блаже Конески: „Развојот на македонскиот литературен јазик”; „Афирмација на македонскиот јазик” и „Македонскиот јазик во развојот на словенските литературни јазици”. Во Зборникот е приопштен и текстот „Неколку зборови за македонскиот литературен јазик” од Крсте Петков Мисирков. Публикацијата содржи и фотографии од првите изданија на граматиката од Блаже Конески, од Македонскиот правопис, од Решението за воведување на македонската азбука, како и од оригиналната корица на книгата „За македонцките работи”.

Зборникот „Македонски книжевно-историски мозаик“ (Macedón irodalomtörténeti mozaik) е сочинет од пет научни статии посветени на низа книжевно-научни и културолошки теми: „Епската и арс-поетиката на Блаже Конески”; „Огнот и водата во лириката на Ацо Шопов” од Владимир Мартиновски; „За некои особености на книжевната критика на Коста Солев Рацин” од Иван Антоновски; „Женска книжевна архива – од усно творештво до (пост)феминистично писмо” од Ана Мартиноска и „Млада македонска поезија” од Звонко Танески. Рецензенти на објавените трудови се Иштван Лукач и Дарин Ангеловски, стои во соопштението од Деканатот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”

Анамарија Цинеге-Панзова (1976, Унгарија) е литературен преведувач на унгарски и македонски јазик. Во 2002 година дипломирала на Факултетот за хуманитарни науки ЕЛТЕ во Будимпешта и се здобила со звањето професор по унгарски јазик, а во 2003 година на тој факултет се стекнува и со звањето филолог по полски јазик. Работела како лектор по унгарски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (2011-2016). Докторанд е на Докторската школа за книжевност при Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта. Нејзините научни истражувања се фокусирани на рецепцијата на македонската книжевност во унгарски културен контекст. Активно преведува од 2004 година. Објавила дваесетина преводи од унгарски на македонски јазик: Иштван Еркењ („Едноминутни новели“), Бела Хамваш („Филозофија на виното“), Адам Бодор („Округот Синистра“), Шандор Мараи („Свеќите горат до крајот“), Ѓерѓ Конрад („Заминување и враќање“, „Горе на ридот при помрачување на сонцето“), Деже Костолањи („Корнел Ешти“), Кристина Тот („Пиксел“), Илдико Ловаш („Шпанска невеста“), Антологија на унгарскиот краток расказ „Сецирање на живо“ и др. Објавила повеќе преводи од македонски на унгарски јазик, меѓу кои најзначајни се „Сестрата на Зигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (Goce Szmilevszki, Freud húga 2012), „Резервен живот“ од Лидија Димковска (Lidija Dimkovszka, Tartalék élet 2015), „Вештица“ од Венко Андоновски (Venko Andonovski, Boszorkány 2018), „Секој со своето езеро“ од Ненад Јолдески (Nenad Joldeszki, Mindenkinek a maga tava 2019); за книжевни списанија ги превела Петар Андоновски, Фросина Пармаковска, Давор Стојановски, Лира Бојку, Александар Прокопиев и др. Активно учествува во организирање културни настани за промоција на македонската култура во Унгарија. Дел е од организацијата на манифестацијата Денови на македонска култура во Будимпешта, единствена манифестација од ваков тип во Унгарија. Во рамките на своите докторски студии на Институтот за славистика и балтичка филологија држи предавања за превод на македонски и унгарски јазик. Добитничка е на почесно Рациново признание за 2024 година за значаен придонес во афирмацијата на македонскиот јазик надвор од границите на државата.

Златко Панзов (1979 г., Гостивар) е лектор, литературен преведувач, културен менаџер. Дипломирал на групата Македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје, магистрирал на културологија на Институтот за македонска литература на тема „Исток и запад – осиромашување на човековиот дух во делата на Бела Хамваш“. Докторанд е на Докторската школа за литература при Универзитет ЕЛТЕ, Будимпешта. Предмет на неговите интереси и истражувања е историографската метафикција во македонскиот и унгарски современ роман. Работел како професор по македонски јазик, а од 2003 година активно се занимава со литературен превод. Работи како лектор по македонски јазик на Институтот за славистика и балтичка филологија при универзитетот ЕЛТЕ, Будимпешта. Досега објавил над четириесет преводи од унгарски јазик за повеќе издавачки куќи. Меѓу нив спаѓаат преводи на дела од Бела Хамваш, Адам Бодор, Ноеми Сечи, Петер Надаш, Шандор Мараи, Ѓерѓ Конрад, Деже Костолањи, Кристина Тот, Иштван Еркењ, Ференц Молнар, Михаљ Бабич, Ласло Краснахоркаи, Атила Бартиш, Ѓерѓ Драгоман, Едина Сворен, Бенедек Тот, Петер Естерхази, Ноеми Киш, Ѓерѓ Шпиро, Тибор Дери и др. Заедно со Анамарија Цинеге-Панзова ја приредиле и превеле Антологијата на унгарскиот краток расказ „Сецирање на живо“; зборникот „За македонскиот јазик“, избор на текстови од Блаже Конески и Крсте Петков Мисирков, објавен по повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески и зборникот „Македонски книжевно-историски мозаик“ (2023), избор на текстови од реномирани македонски книжевни теоретичари. Од 2019 година ја организира манифестацијата Денови на македонска култура во Будимпешта. Во 2023 ја добива наградата за книжевен превод „Драги“ за преводот од унгарски јазик на романот „Заробеништво“ од Ѓерѓ Шпиро, се наведува во соопштението од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при УКИМ.

Од Нова година Македонија ќе биде дел од единствената област за плаќање во евра, СЕПА

Од Нова година Македонија ќе биде дел од единствената област за плаќање во евра, позната како СЕПА, најавуваат од Народната банка... 

Македонија очекува заедно со Албанија и Црна Гора, да биде меѓу првите земји од регионот кои од Нова Година ќе приклучат на СЕПА – единствената област за плаќање во евра, која ќе озвоможи побрзи и поевтини трансакции во евра кон европските земји и за граѓаните и за фирмите. Од Народната банка велат викендов на состанкот на вицегуврненри од Западен Балкан кој се одржа во Будимпешта, три централни банки од регионот вклучително и нашата доставиле официјално барање за чланество во СЕПА до Европскиот совет за плаќања, додека останатите земји се во процес на подговотка на барањата.

Вицегувернерката Емилија Нацевска, која беше дел од состанокот, пред околу еден месец во интервју посочи дека бенефит од приклучувањето во СЕПА ќе имаат сите, а на ниво на регионот од Западен Балкан од страна на Светска банка е проценето дека годишно ќе се заштеди околу половина милијарда евра.

„Со пристапувањето во СЕПА и елиминирањето на скапите коресподентски банкарски релации за извршување на дознаките се очекува, според студијата на Светска банка, се очекува дека трошоците за дознаките кои тековно изнесуваат околу 6-7% од износот на дознаката да се преполоват и да се сведат на околу 3% од износот на самата дознака, што значи и голема заштеда за домаќинствата...“

СЕПА трансакциите имаат пониски надоместоци од традиционалните меѓународни трансакции. А нивната обработка е побрза и трае околу два дена. При исплаќање на пари преку СЕПА се користат едноставни банкарски процедури тоа значи дека наместо секоја земја различно да ги обработува трансакциите, иницијативата дозволува парите да се испраќаат и примаат како да се работи за домашна исплата, односно во иднина нема да има банки посрденици.

Дополнително, со членството во СЕПА, како што посочуваат од Народната банка, според анализите за 2 процентни поена би се намалила и сивата економија во регионот на Западен Балкан. А членството е значаен чекор на земјите и кон финансиска интеграција во Европската унија. Дел од СЕПА се 36 земји со над 7 илјади банки и преку 500 милиони сметки.

Неделен хороскоп за 25.ноември до 2. декември 2024 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 25. ноември до 2. декември 2024 година. 

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе комбинирате дискреција и гласност.Така , еден ден ќе живеете како кротка личност , врзана за својот дом и доблестите, а веќе следнито ден ќе бидете главна личност на забава , каде сите добро ќес е забавуваат. Оние во врска се добро.

Кариера

Ќе функционирате како спортист , кој своите тренинзи ги одработува со леснотија. Многумина на работното место ќе усовршуваат нови вештини и ќе откриваат детали од професијата. Ќе биде тоа уште една фаза во учењето и напредувањето.Секако добивате.

Здравје и совет

Научете некоја од техниките за релаксација.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно понекогаш ќе се чувствувате осамено , освен ако тоа не е ваш личен избор. Оние во врска ќе минуваат уште еден динамичен период во кое ќе има доста забава , но многу помалку длабоки чувства. Сепак , нема да биде лошо. Само да не очекуваат совршенство.

Кариера

Некои ќе почнат мали работи низ домот и ќе земат неколку дена одмор за да ги завршат. Тоа ќе се покаже како полн погодок. Оние кои остануваат на работното место , ќе ги доработуваат заостанатите обврски , но не е страшно.

Здравје и совет

Батериите ќе ги полните со спорт.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ослободете се од преголемите љубовни очекувања, зашто сега е подобро да се биде реалист отколку идеалист. Не подлегнувајте на искушението за надмудрување. Секогаш кога ќе можете , бидете толерантни и духовити. Ако партнерот ве испровоцира, не го земајте тоа при срце. Тоа е минливо.

Кариера

Некои ваши соработници отворено ќе ви покажат наклонетост , додека ќе има такви кои отворено ќе ви кажат дека не ве сакаат. И едното и другото прифатете го на мирен начин. Барем ќе знаете со кого си имате работа. Држете се до зацртаните правила и не се грижите.

Здравје и совет

Одете на прошетка и добро наспијте се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Издржете го на мир првиот дел од неделата . Другата половина носи подобри љубовни влијанија , кога повторно лесно ќе најдете заеднички јазик со саканата личност. Сепак , внимавајте повремено да не реагирате премногу бурно. Со мала самоконтрола , се ќе биде подобро.

Кариера

Соработката со угледни или стручни лица полека доаѓа во прв план. Вие ќе бидете главното тркало во целата конструкција. Затоа не биодете премногу скромни , туку дозволете си да ги кажете своите амбиции. Искористете ја својата позиција , а уште повеќе можноста.

Здравје и совет

Понекогаш е подобро да се молчи.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Недостигот на интерес за љубов е резултат на премногу забава со пријателите. Оние кои се во подолги врски ќе забележат дека се дистанцираат од саканите поради пријателите. Ништо не ве попречува за сето тоа да го поврзете и споите. Ќе биде забавно во секој случај.

Кариера

Нема да бидете задоволни од приходите , зашто мислите дека можете повеќе. Ограничувањата ќе доаѓаат подари надворешни фактори и засе га никој не може да ги забрза работите. Согледајте што е реалноста и прилагодете се.

Здравје и совет

Тактичноста и дипломатијата се вредни особини.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Пред вас се нови љубовни можности , а некои од нив ве очекуваат на сосема невообичаени места. Како на пример уметнички им слично.Ќе биде интерсно. Вашата страст ќе биде поголема од вообичаено , а вие ќе бидете привлечни за лицата од спротивен пол.

Кариера

Сакате да видите конкретни резултати , а токму тие ќе се појавуваат деновиве. Можеби нема да биде ништо сензационално , но вие ќе препознаете дека во работата сте тргнале по вистински пат. Ќе биде добро.

Здравје и совет

Препознавате што ви треба , а што не ви е потребно.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Повремено ќе ви изгледа како љубовта да е на некоја друга планета. Чувството на осаменост ќе се засили , но објективно вашата врска е во ред. најдобро е да побарате весели луѓе и да ги заборавите грижите , работејќи го она што навистина го сакате.

Кариера

Работната атмосфера на работното место ќе се засили , а од вас ќе се очекува поголем ангажман. Вашите работни навики некаде заспале , па ќе мора под итно да ги разбудите. Не прашувајте премногу , туку држете се до правилата на работата. Бидете професионални.

Здравје и совет

Опуштајте се со убава музика.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Голем дел од слободното време ќе минувате со сосема обични активности, уживајќи во нечија привлечност. Без голем напор ќе знаете да ги цените ситните уживања , а саканата личност ќе ви возврати со иста мерка. Ќе бидете задоволни и без големи барања.

Кариера

Времето е добро за интроспекција , истѕражување во мир и повлечена работа. Иако и натаму сте поврзани со колегите, многумина нема да ве препознаат кога ќе ве видат како мирно седите и вредно работите без многу фалење и зборување.

Здравје и совет

Кој има уметнички идеи , нека се изрази.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Вашите љубовни апетити ќе бидат големи , а објективните можности малку помали. Сепак , ќе најдете рамнотежам и задоволство. Понекоја фрустрација ќе споделите со пријател или пријателка. Саканата личност ќе се воздржи од критики. Ќе биде главно добро.

Кариера

Пуштете ги другите да се изразуваат , а ако треба и да ве водат. Во овој момент не можете да направите ништо на своја рака. Бидете разумни , трпеливи и верувајте дека подоцна се ќе дојде на своето место.Поинаку не може.

Здравје и совет

Ништо не се случува случајно и вие тоа добро го знаете.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашата љубовна приказна ќе продолжи и покрај цашите сомнежи.Понекогаш ќе бидете навистина збунети од тоа што ви се случува , но реалноста ќе ви донесе задоволство. Ако и натаму ја барате својата љубов , дотерајте се и излезете меѓу луѓе. Само не бидете нападни во настапите.

Кариера

На работа главно ќе се надмудрувате. Ќе наоѓате утеха во приватниот живот. Нема да стоите најдобро со авторитетите , особено не сега. Не инсистирајте на своите идеи , зашто сте во неповолна позиција. Издржете со разум и толеранција.

Здравје и совет

Опуштајте се со добро друштво.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе ви биде важно како да го организирате заедничкиот живот, но и како добро да се забавувате.некои ќе ја смируваат саканата личност и ќе ја расположуваатз ада и ги намалат проблемите. Ќе се покажете како добар и нежен забавувач.

Кариера

Можеби се уште не ги гледате предностите од новата фаза во која влегувате, но интуитивно ќе ги почуствувате. Токму интуицијата оваа недела ќе ви биде главниот водич. Ако се двоумите , само застанете и послушајте го внатрешниот глас. Нема грешка.

Здравје и совет

Побарајте си рекреација .

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Шарм и неофицијалност ќе бидат вашите главни адути за заведување оваа недела. Понекогаш за другите ќе бидете енигма , па сепак предајте му се на оној кого го сакате , најмногу зашто подоцна би пожалиле за можноста. Љубовта е се поблиску.

Кариера

Наредните денови веројатно многу нешта ќе ви се ветуваат. Понекогашѓ ќе ви изгледа како да ви нудат работа од бајките , но бидете реални и внимателни.Посебно проверувајте ја легалноста. Се што не е реално , оставете го. нека зборуваат што сакаат.

Здравје и совет

Не претерувајте со јадењето и пиењето.

30-ти конгрес на СДСМ: Фани Каранфиловска Пановска избрана за заменик претседателка

СДСМ го одржа 30-тиот конгрес... Поранешната директорка на фондацијата Сорос, Фани Каранфиловска Пановска е избрана за нова заменик претсетелка на местото на Сања Лукаревска, а избран беше и нов состав на Централниот одбор. 

Фани Каранфилова Пановска е новата заменик претседателка на СДСМ. Делегатите ја избраа на предлог на партискиот лидер Венко Филипче, а доаѓа на местото на актуелната пратеничка Сања Лукаревска, која поднесе оставка на функцијата по изборниот пораз. Каранфилова – Пановска долги години е активна во граѓанскиот сектор, а беше и директорка на Фондацијата Отворено општество-Македонија.

Конгресот го и избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ. Него го сочинуваат 113 лица, повеќето од нив се помалку познати за пошироката јавност, но има и екс пратеници, директори и други функционери. Во текот на следнава недела, Централниот одбор ќе избере и нов Извршен одбор, по што ќе следува и избор на потпретседатели, генерален секретар и двајца организациски секретари.

Филипче по завршувањето на конгресот, имиња за партискиот врв не сакаше да открие, но најави нова енергија во раководните органи - млади лица и оние, како што рече, што досега не добиле шанса во партијата, а кои ќе работат во интерес на граѓаните и членството.

Филипче на почетокот од конгресот ја претстави новата програма и идеолошки документ на партијата. Во подолго обраќање пред членството порача дека критиките ги прифаќа, но поразот според него не е крај, туку нов почеток за враќање на победничките патеки.

Лидерот на СДСМ призна дел од грешките кои довеле за лошите изборни резултати. Според него не смееле да дозволат речиси целата енергија да ја насочат на евроинтеграциите, рече дека ги научиле и лекциите од сервилноста кон коалициските партнери,а потфрлиле и во борбата со криминалот и корупцијата..

Пред овој Конгрес, социјадемократите го одржале и отчетниот кој почна летото, но беше пркеинат. Тој се одржа зад затворени врати, без присуство на јавноста..

притисни ентер