На денешен ден

20 април

570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на исламот, според муслиманското верување – „Последниот пророк“. Во 40 година почнал да проповеда нова вера во еден Бог, но во почетокот имал малку приврзаници. Бидејќи не успеал во Мека, по 10 години отишол во Талф, а подоцна во Медина, каде што ја основал првата општина на новите верници.

1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер Кромвел го распуштил Парламентот и вовел лична диктатура како лорд-протектор на Англија.

1657.- Англиската флота, под команда на адмиралот Роберт Блејк ги нападнала и потопила сите 16 шпански воени бродови во пристаништето Санта Круз на Тенерифе, а потоа го уништила градот.

1768.- Умрел италијанскиот сликар Каналето, еден од најдобрите сликари на пејзажи во 18 век. Најмногу ја сликал Венеција, нејзините канали и палати.

1808.- Роден е францускиот цар Шарл Луј Наполеон Трети Бонапарта. Надевајќи се на успех, ја започнал војната против Прусија. Неговата цел била да го спречи обединувањето на Германија, но на 1 октомври 1870 година во битката кај Седан бил заробен и тргнат од престолот, а Франција на 4 октомври 1870 година повторно станала република. По склучувањето на мирот со Прусија, во 1871 година емигрирал во Велика Британија, каде умрел во 1873 година.

1889.- Во Браунау, Австрија е роден Адолф Хитлер, водачот на Третиот рајх и на нацистичка Германија, еден од најголемите злосторници во историјата во човештвото. Откако на Радио Москва ја слушнал веста дека единиците на Црвената армија истакнале црвено знаме на Рајстагот, на 30 април 1945 година, изврши самоубиство во својот бункер, во Берлин.

1893.- Роден е каталонскиот сликар и вајар Хуан Миро, еден од најголемите надреалистички уметници. Тој студирал во родната Барселона, а од 1919 година живеел во Париз. Кратко творел под влијание на кубизмот, но од 1924 година го изградил неповторливиот личен стил заснован на крајно спонтано регистрирање на формата и знаците кои ги евоцираат потсвесните претстави на примарните и елементарните витални состојби.

1893.- Роден е американскиот филмски актер Харолд Лојд, еден од најголемите комичари на немиот филм. Филови: „Сигурноста на последно место“, „Бруцош“, „Чувај се, професоре“, „Луда среда“.

1936.- Трупите на Италија кои во почетокот на октомври 1935 година без објавување војна влегле во Етиопија, презеле решавачка офанзива против етиопските сили и успеале да го скршат нивниот отпор и да ја колонизираат земјата.

1948.- Во близина на селото Богацко, Костурско, Егејска Македонија, во борба против грчките монархофашисти загинал Јани Лукаров, истакнат борец во македонското националноослободително движење и на Демократската армија на Грција. Роден бил во селото В'мбел, Костурско во 1922 година.

1972.- Американското вселенско летало „Аполо 16“ се спуштило на површината на Месечината.

1984.- Велика Британија соопштила дека нејзината администрација во Хонгконг ќе престане да функционира во 1997 година.

1994.- Израел и Палестинската ослободителна организација постигнале Договор за пренесување на власта на Палестинците во областа Газа и во градот Ерихон на Западниот Брег.

2006.- Романските власти наредиле евакуација на 1.000 луѓе поради рекордно високиот водостој на Дунав. Своите домови претходно ги напуштиле околу 7.000 луѓе во 129 населени подрачја, повеќе од 700 куќи беа потопени, а 75.000 хектари земја се нашле под вода.

2020.- На 95-годишна возраст почина легендарниот аниматор и режисерот на цртаните филмови „Том и Џери“ и „Попај“, Џин Дајч. Многу генерации деца израснаа со јунаците од овие цртани филмови, а честопати од нивните мајки беа поттикнувани да јадат спанаќ „за да бидат силни како Попај“. Легендарниот аниматор Дајч, покрај Попај, исто така е режисер и на 13 епизоди на цртаниот филм „Том и Џери“, кој и денес е омилен цртан филм на децата. /МИА

Сиљановска-Давкова на трибина во Велес на тема: "Ранливи категории"

Во рамките на претставувањето на клучните точки од Програмата „Македонија повторно горда“ петтата трибина на тема: "Ранливи категории". 

На трибината свое обраќање имаше кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова. Исто така, беше промовирана и аудио-верзијата на програмата „Македонија повторно Горда“. На трибината учество зедоа преставници на различни групи на ранливи граѓани.

Сиљановска-Давкова истакна:

"Оние кои ме познаваат знаат дека нема луѓе со хендикеп, туку има држави со посебни потреби, како нашава.

Член 9 од Уставот е нецелосен, мора да се прошири со лицата со посебни потреби.

Никој подобро не може да ги застапува овие лица, од самите тие, преку нивна промоција во разни сфери.

Оваа држава не смее да се откаже од лицата со посебни потреби. Можеби им треба повеќе време за изразување, но ние имаме човечка обврска да го браниме и поддржиме тоа. Тоа е само различен начин на изразување, а не хендикеп.

Јас секогаш ќе водам сметка за сите категории на луѓе, вклучително и за овие лица. Тие луѓе можат на еден поинаков начин да придонесат за развојот на општеството.

Пресреќна сум што ВМРО- ДПМНЕ даде шанса на оваа категорија на луѓе да се промовираат себеси.

Јас ќе бидам промоторка и заштитничка на ранливите категории на луѓе, за да имаат шанса да го докажат она што го знаат."

Нова Алтернатива: Сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија

Нова Алтернатива со нови луѓе и нова енергија за прв пат самостојно настапува на овие парламентарни избори со бројот 9.

Во изминатите две години на место каде имаше дива депонија од над 50 илјади метри квадратни направивме мега парк во Ѓорче Петров, исчистивме над 280 диви депонии, каде некој трупа отпад, загадува и заработува.

Први поднесовме кривична пријава против еден од најголемите загадувачи во Македонија и без компромис се бориме против секој што се обидува да ги труе нашите сограѓани.

Затоа за обезбедување услови за Македонија во која ќе живееме здраво и во чиста животна средина мора да се пристапи кон:

-Кривично гонење на сите кои ќе се утврди дека извршиле дело против животната средина и здравјето на граѓаните

-Да се донесе Закон за комунална полиција

-Спречување на заадувањето од големите индустриски капацитети

-Нема да дозволиме рестартирање на рудниците и мора да се изврши ревизија на сите долгорочни договори за концесии за експлоатација на минерални суровини

Затоа на овие избори одберете го бројот 9 и гласајте за Нова Алтернатива, сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија.

Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Политичка партија Нова Алтернатива

Ковачки: Ветуваме изградба на експресниот пат Кочани-Виница- Делчево

Денеска во пресрет на големиот христијански празник сме во посета на Кочани.

За Кочани предвидуваме изградба на експресниот пат до Делчево, и тоа во два мандати. Потоа, реконструкција на пругата Кочани - Велес, третман на атмосферските и фекални отпадни води на Пониква и секако 17 милиони евра за нашиот град Кочани за изградба на Јужниот Булевар, за изградба на катна гаража и изградба на старечки дом.

Почитувани граѓани,

Пред нас се историски избори на 8 мај ве повикувам сите да ни се придружите и заеднички да ги донесеме промените. Да донесеме промена за Македонија, да заокружиме за бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски да биде премиер на владата на Република Македонија. рече Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

.

притисни ентер