МВР: Приведен маж од тетовско поради полово вознемирување и злоупотреба на лични податоци

Тетовската полиција вчера во 14.10 часот во село Церово, тетовско, го лишила од слобода И.С.(29) од село Церово, меѓудругото, осомничен за полово вознемирување, и злоупотреба на лични податоци. 

Како што информира денеска МВР, тој бил пријавен од малолетничка од Тетово дека на социјални мрежи креирал неколку профили на нејзино име на кои поставил слики од малолетничката, кои без нејзина дозвола ги одзел од нејзиниот профил од една социјална мрежа, а потоа од неа барал да имаат сексуални односи доколку сака да бидат избришани профилите.

И.С. е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава, а денеска ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Бериша: Доналд Лу и Романа Влахутин се најкорумпираните амбасадори во историјата

Добро го паметам разговорот што го имав во мојот кабинет со двајцата најкорумпирани амбасадори во историјата на европската и светската дипломатија, Доналд Лу и Романа Влахутин, околу ветингот.

Поранешниот албански премиер и актуелен лидер на Демократската партија, Сали Бериша, на прес-конференција обвини двајца дипломати, Доналд Лу, поранешен американски амбасадор и Романа Влахутин, евро амбасадорка, дека се најкорумпираните амбасадори во историјата.

-Добро го паметам разговорот што го имав во мојот кабинет со двајцата најкорумпирани амбасадори во историјата на европската и светската дипломатија, Доналд Лу и Романа Влахутин, околу ветингот. Им велам, вие барате овој процес повторно да ги разгледа досиејата, нивната усогласеност со законот, каде ги имате тие луѓе, каде ќе ги најдете овие инспектори, овие судии, бидејќи тие мора да бидат квалификувани луѓе, да им судат на судиите? Доста ни е, ми рекоа, доста ни е, ги имаме во пензија, ќе ги земеме, ќе ги донесеме, а за тоа после добро се офајдија, рече Бериша.

Посочил дека разбира оти многу корумпирани или измамени луѓе кои го поддржаа процесот на проверка се лути, најавувајќи дека тој ќе ги „заштити интересите на земјата и интересите на албанските граѓани“.

Според негова пресметка пред четири години финансиската штета од несудени граѓански предмети надминала четири милијарди евра. Исто така вели дека „нема сериозен инвеститор кој доаѓа овде во земја со ваква правда, ниту еден. Затоа што правната сигурност е нула“.

Доналд Лу американски амбасадор во Тирана беше во периодот 2015-2018, додека Романа Влахутин евроамбасадорка од 2014 до 2018 година.

САД/Истражување: Си-Ен-Ен оваа година со најниска гледаност во историјата

„Од 26 декември 2023 година до 15 декември 2024 година, Си-Ен-Ен имаше само 93.000 гледачи во клучната демографска возраст од 25 до 54 години. 

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен оваа година ја забележа својата најниска гледаност во историјата, а од декември лани привлече само 93.000 гледачи на клучната демографска старосна група на возраст од 25 до 54 години, покажуваат податоците на Нилсен Медиа Рисрч.

„Од 26 декември 2023 година до 15 декември 2024 година, Си-Ен-Ен имаше само 93.000 гледачи во клучната демографска возраст од 25 до 54 години. Кај сите групи, мрежата оствари 488.000 гледачи, заостанувајќи зад ривалската мрежа Фокс Њуз, со 1,46 милиони гледачи“, наведоа од Нилсен Медиа Рисрч.

Известувањето на Си-Ен-Ен ноќта на претседателските избори во САД на 5 ноември, наводно, привлекло 5,1 милиони гледачи, што е пад од 44 отсто во споредба со изборите во 2020 година.

За споредба, Фокс њуз имаше 13,6 милиони гледачи во покривањето на изборната ноќ.

Во меѓувреме, другата информативна мрежа Ем-Ес-Ен-Би-Си заостанува зад Си-Ен-Ен по број на гледачи на возраст меѓу 25 и 54 години - 86.000 гледачи. Сепак, мрежата успеа да добие 806.000 гледачи меѓу сите демографски групи.

Новиот канал NewsNation, кој работи само три години, се здоби во 2024 година со дополнителни 25% од гледаноста во т.н. „прајм-тајм“ на кабелските канали. Дополнително, доби и 45% гледаност кај популацијата од 25 до 54 години.

Фокс Њуз ја заврши годината на првото место на гледаност меѓу кабелските канали во четвртиот квартал од годината, на врвот е веќе деветта година по ред.

Наредена евакуација во австралиската држава Викторија поради пожар на 28.000 хектари

Властите на австралиската држава Викторија издадоа наредба за евакуација на стотици жители поради неколку пожари, од кои најголемиот избувна на околу 241 километар западно од Мелбурн.

-Еден од пожарите, предизвикан од удари на гром во вторникот, се прошири во текот на ноќта и сега гори повеќе од 28.000 хектари, соопшти Службата за итни случаи на Викторија.

Околу 400 пожарникари работат на гаснење на пожарот во Викторија, користејќи повеќе од 100 танкери и 25 авиони.

притисни ентер