Можно олабавување на мерките во најмалку ризичните сегменти

„Комисијата за заразни болести според анализата смета дека веќе има услови делумно да се олеснат мерките во одредени сегменти“.

Доколку не дојде до драматичен пораст на бројот на заразени со вирусот Ковид -19 можно е Владата денеска на седница да донесе одлука за олеснување на мерките за заштита во одредени најмалку ризични сегменти, врз основа на мислење на Комисијата за заразни болести. Вкупната бројка на дијагностицирани лица со вирусот во државава достигна 1.664, по вчера потврдени 22 нови случаи и направените 145 тестирања. Завчера беа регистрирани 20, а претходниот ден 36.

-Комисијата за заразни болести според анализата смета дека веќе има услови делумно да се олеснат мерките во одредени сегменти и тој предлог на Комисијата ќе се разгледа на седница на Влада доколку до утре драматично не се влоши состојбата, информираше вчера Османи, кој е главен координатор на кризните штабови на општините за справување со КОВИД-19.

Поместувањето на очекуваните одлуки за олеснување на мерките, појасни, се должи на последователно зголемување на процентот на заразени – во два дена 10 отсто од вкупниот број тестирани, а денеска 15 проценти.

Според заменик-министерот за здравство, Арменд Аслани, сите мерки што се применуваат во моментов остануваат во сила и тие треба да се почитуваат.

– Комисијата за заразни болести не донесе заклучок дека треба да оди информација во Главниот кризен штаб и понатаму во Владата за продолжување на полицискиот час. Тоа што се дискутираше е врз основа на протоколите и врз основа на тие клучни компоненети се направени и фази, како во однос на Заводот за рехибилитација, за авто-школите, спортските тренинзи што ги исполнуваат условите и во најкраток можен рок може да ги спроведуваат нивните активности, рече вчера Аслани.

Сите информации се анализираат на дневна основа од терен, но како што најави, ќе почне да се анализираат и на неделно ниво и да се дојде до заклучок за да се оди во втората фаза. Тоа би биле мерки што се однесуваат на кафетерии, ресторани, хотелски објекти, јавен превоз, меѓународен превоз, за што нема дефинитивен датум. Во однос на можноста за одржување избори ќе има простор да се разговара кога бројот на заболени би бил под пет проценти 14 дена, смета Аслани.

Со цел спречување на ширењето на вирусот и во пресрет на најавеното отворање на џамиите од денеска, вицепремиерот Османи ги охрабри верниците да не одат во верските храмови се додека не се стабилизира состојбата со вирусот. Апел да нема групирања и собири упатија и Лекарската комора и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, барајќи поддршка за здравствените работници.

-Вработените во здравството несебично го даваа својот придонес во изминатиот период ризикувајќи ги и своите животи, дел и заболеа од вирусот за да спасат други животи, па затоа е неопходно да не дозволиме ширење на вирусот, да ги почитуваме мерките и заедно да бидеме победници, порача Синдикатот.

Истовремено, од кризниот штаб во Тетово информираа дека во овој град се регистрирани три нови кластери поврзани со претходните места со концентрација на заболени со Ковид-19, и не дадоа препорака за укинување на некои од мерките. Наспроти нив, од кумановскиот кризен штаб, побараа од Владата, во најитна постапка да донесе мерки, протоколи и препораки за брзо заживување на стопанските субјекти, а на градоначалникот му препорача да ги врати во функција сите служби во рамки на општината.

Од Дебар, единствениот град што беше ставен во карантин, е стабилна епидемиолошката состојба, нема нови заразени со Ковид-19, а нема ниту пациенти во општата болница со симптоми на овој вирус. И во Велес два дена по ред не беа регистрирани нови заразени со вирусот, додека во Кичево нема повеќе активни случаи со Ковид-19.

Министерот за транспорт Горан Сугарески вчера информираше дека на состанок на Кризниот штаб го отворил прашањето за повторно отворање на аеродромите и граничните премини, но се уште нема таков предлог од Комисијата за заразни болести. – Пред неколку дена разговарав со директорот на ТАВ кој спомна дека треба да се има предвид дека имаат потреба од 7 до 10 дена за евентуално тестирање на аеродромот. Разговараме за тоа на штабот, но се додека не стаса конкретен предлог од Комисијата за заразни болести, нема да се носи таква одлука, изјави Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Битола.

Според последната статистика од Министерството за здравство, од последните 22. новозаразени од Ковид-19 во државава, 13 се во Скопје, седум во Прилеп и двајца во Прилеп. Вчера беа регистрирани 64 оздравени пациенти. Во Скопје на Клиниката за инфективни болести се лекуваат 42 пациенти, од кои на кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација двајца. Во ГОБ „8 септември", пак, од хоспитализирани 18, на респираторна машина се четворица пациенти и уште четири се со потешка клиничка слика. Во болницата во Битола се хоспитализирани двајца пациенти сомнителни на ковид, во Штип седум, додека на инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и Тетово сe хоспитализирани 49 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19. Досега се починати 91 лице. /МИА

За изборите утре акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи

Пет години по последните претседателски и четири години од последното гласање на парламентарни избори, Македонија избира нов шеф на државата и пратеници за следниот собраниски состав. 

Државната изборна комисија е целосно подготвена за двојниот процес, велат оттаму, но потсетуваат дека за разлика од вообичаените изборни циклуси, сега важат поразлични правила на самите избирачки места. Овојпат за да биде разграничена излезноста, преку која ќе се знае дали е исполнет неоходниот цензус од 40 отсто за претседателски избори, гласачот ќе добие прашање - дали сакате да гласате за претседателските, за парламентарните или за двата процеса?

-Државната изборна комисија е подготвена да го спроведе изборниот процес. Веќе после 19 часот ќе имаме некои првични неофицијални информации коишто ќе се соопштуваат на пресконференција. Граѓаните кога ќе пристигнат на избирачкото место ќе треба да се одлучат за кои вид избори сакаат да гласаат, за парламентарни, претседателски или за двата вида на избори и соодветно на тоа ќе добијат гласачко ливче според изборот којшто го направиле,-Радица Тодоровска Алексовска – портпарол на ДИК.

На вториот круг од претседателските избори, исто како и за првиот круг на 24 април, право на глас имаат 1 814 317 избирачи кои овојпат избираат меѓу двајца кандидати. За изборите да бидат прогласени за успешни, на гласање треба да излезат најмалку 725 илјади избирачи.

За парламентарните пак, избирачкиот список е подолг за 1033 гласачи, а ќе може да бираат меѓу 17 пратенички листи. Од Државната изборна комисија појаснуваат дека причината за поголемата бројка на гласачи е поради лицата кои наполниле 18 години помеѓу двата претседателски круга и согласно актот за распишување на изборите, тие немаат право да гласаат за претседател, туку само за нов пратенички состав.

За овие двојни избори се акредитирани 2000 набљудувачи, како и бројни новинари од кои 66 се од странски медиуми.

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ

право на глас 1.814.317 ГРАЃАНИ / цензус 40%

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

право на глас 1.815.350 ГРАЃАНИ

Денеска гласаат осудениците, болните и лицата во старските домови

Двојните изборите започнаа за дел од граѓаните, затворениците во КПД Идризово, утринава од 7 часот веќе ги спуштија првите ливчиња во гласачките кутии.

Од затворските ќелии, во групи со полициска придружба и во комбиња ги носеа во кантината каде си ја исполнија граѓанската должност.

Во групи од по 10 лица, затворениците еден по еден застанаа пред избирачкиот одбор да си го земат своето ливче и да си го остварат правото на глас на еден ден пред изборите.

Во овој затвор правото на глас денеска го остваруваат 887 гласачи од 80 општини, а до 11 часот демократското право го оствариле 250 лица. Од одборот велат гласачкото место почнало со работа во 7 часот, а се затвора во 19 часот, а објаснија и како се одвива процесот.

-Дојдовме вчера, дистрибуиран е со асистенција од полиција, во посебна просторија беше заклучен материјалот, како го оставивме, така го затекнавме, ги наместивме материјалите и почнавме. Ние ги прашуваме дали сакаат и за едните и за другите избори, тие си ги земаат двете ливчиња, кој сака гласа, кој сака го остава празно или ко пречрктува,- изјави Зоран Петровиќ – Член на избирачки одбор - КПД Идризово.

Во останатите затвори во земјата, гласаа над 1200 затвореници, а според информациите, секаде гласањето се одвива без никакви проблеми.

-Го отворивме точно на време, во 7 часот имаме 206 гласачи и по двата избирачки списока, за претседателски и парламентарни избори и досега има излезеност,- Адријана Хаџи Николова – член на избирачки одбор – КПД Штип.

Својот глас денеска го даваат и болните и немоќни лица во домашни услови, поради не можноста да се појават на гласачките места. Ширум земјава од нив 11.095 се пријавиле дека ќе гласаат на претседателските, додека пак 11.197 ќе гласаат на парламентарните избори.

Митра Арсова од Штипско за прв пат во своите 81 година нема да гласа на избирачко место, но вели, демократскиот процес мора да се испочитува, па дури и во домашни услови..

Треба да се излезе на гласање, се знае гласање е, треба да се излезе.

Денес ја спроведуваме постапката за гласање на болни и изнемоштени лица на избирачко место 228 на железничка станица, по избирачки список имаме тројца болни и изнемоштени лица и веќе за голем дел од нив е извршено гласањето,- Избирачки одбор – Штип.

Денека се гласа и во домовите за возрасни, каде 534 лица пријавиле дека ќе гласаат на двојните избори. Во тек е и гласањето на дијаспората, таму гласот ќе го дадат 2569 лица кои имаат право да гласаат само на претседателските избори... За парлемнатраните нема да гласаат бидејќи немаше доволно пријавени за да се исполни условот од изборниот закон.

На Реал ќе му биде доделен шампионскиот пехар во базата на клубот зад затворени врати

Новиот првак во Шпанското фудбалско првенство, Реал Мадрид ќе го прими шампионскиот трофеј зад затворени врати.

Клубот од Мадрид предвреме си ја обезбеди титулата освојувајќи 87 бода по 34 кола во Ла Лига.

Претходно се дозна дека Реал Мадрид побарал доделувањето на наградата да не се одржува на стадионот на Гранада против која ќе игра на 11 мај во дуел од 35. коло.

Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) одлучи да му го додели трофејот на Реал во базата на клубот в недела. Ќе го достави претседателот на организацијата, Педро Роча.

Реал се согласи на ваков чин, а потоа планира да организира свечени настани. /МИА

притисни ентер