Мотоциклист намерно го гази противникот пред себе (ВИДЕО)

Организаторите на трката го осудија неговиот потег, а Француската мото федерација излезе со соопштение во кое се вели дека „нема место за таков човек во спортот“.

Ова се случи откако медиумите објавија видео на кое се гледа како еден натпреварувач намерно вози со својот мотор преку ногата на друг кој во тие моменти лежи на земја.

За тоа е покрената петиција.

Сето тоа се случило за време на викендот на трка во која еден од натпреварувачите изгубил контрола над својот мотоцикл. На видеото се гледа како тој лежи кога друг натпреварувач застанува пред него. Истиот потоа го зголемува гасот и вози преку ногата на својот ривал.

Неколку илјади луѓе веќе се потпишале на петицијата за негово исфрлање од спортот, од кои многумина наведуваат дека она што го гледаат е „сурово, несомнено направено намерно и нешто што не треба да се толерира“. Возачот кој бил прегазен се вика Аксел Ајние и после сѐ стана и ја продолжи трката, а возачот кој го прегази опиша сѐ вака:

„Ме фати паника. Не сум добар во тоа. Само размислував за тоа за време на трката. Не можев да се движам лево или десно, не знаев што се случува. Мислев дека е најдобро да дадам гас и да го кренам предниот дел на моторот “.

Ајние по трката изјави дека стапил во контакт со возачот кој го прегазил, расчистил сѐ со него и рекол дека не сака сѐ да претвори во контроверзна ситуација.

Учество на Муцунски на состанок на МНР на земјите од САД – Јадранската повелба (А5)

Министерот Муцунски ја истакна посветеноста за натамошно одржување на релевантноста на САД–Јадранската повелба.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од САД – Јадранската повелба (А5), кој се одржа на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк, во рамките на претседавањето на Република Албанија со А5 оваа година.

Во рамките на состанокот, министрите дискутираа за начините за натамошно унапредување на соработката во рамките на Повелбата, во контекст на современите безбедносни предизвици. Заеднички беше оценето дека А5, како посебна платформа за соработка, има постигнато значајни резултати во изминатите две децении, и беше искажана подготвеност за натамошно зајакнување на соработката со цел одржување на стабилноста и просперитетот на регионот.

Министерот Муцунски ја истакна посветеноста за натамошно одржување на релевантноста на САД–Јадранската повелба. Нагласи дека фокусот на соработката во претстојниот период треба да биде ставен на интензивирање на соработката во справување со новите безбедносни предизвици со кои се соочува регионот, особено хибридните закани, сајбер нападите и природните непогоди, со цел зајакнување на отпорноста на државите.

Во експлозија во судница во Калифорнија две лица се повредени, осомничениот е во притвор

Најмалку две лица се повредени во експлозија што се случи денеска во судницата на југот на американската сојузна држава Калифорнија, соопштија властите.

Едно лице е приведено по експлозијата што била пријавена во судот во Санта Марија во округот Санта Барбара, соопшти канцеларијата на шерифот.

„Имаме извештаи за двајца повредени. Едно лице е веднаш приведено. Местото и понатаму е активно. Ве молиме продолжете да ја избегнувате областа“, соопштија од Канцеларијата на шерифот на округот Санта Барбара на платформата X (Твитер). /МИА

Повеќе од 30 затвореници по грешка ослободени од затвор во Велика Британија

Повеќе од 30 затвореници по грешка се ослободени од затвор во Велика Британија како дел од владиниот план за растеретување на затворите.

Извор од Министерството за правда изјави дека на 10 септември по грешка биле пуштени 37 лица, бидејќи нивните прекршоци биле погрешно евидентирани, јави Скај њуз.

Петмина затвореници се уште не се вратени во затвор, но повеќето се вратени во притвор.

Околу 1.700 затвореници беа ослободени од затворите низ Англија и Велс на 10 септември во обид да се олесни пренатрупаноста на затворите, а речиси исто толку ќе бидат ослободени во октомври. /МИА

притисни ентер