Морбидно: Ги ископуваат мртовците, ги чистат, облекуваат и одат со нив на прослави (ВИДЕО)

Годишниот ритуал на едно индонезиско племе, во кој покојниците се ексхумираат, средуваат и чистат, па повторно се закопуваат - откако ќе поминат време со живите, не престанува да привлекува внимание.

Станува збор за племето Тораја од островот Сулавеси кое секоја година во август практикува необична церемонија. На интернет можете да најдете бројни видеа на кои луѓето позираат со покојникот, кој поминал долго време под земја.

Членовите на племето, како дел од церемонијата наречена Ма'нене, ги откопуваат починатите членови на семејството, ги капат, чистат, ги пресоблекуваат во нова облека и често ги изнесуваат на улица и се фотографираат со нив.

Важен дел е и замена или ремонт на ковчегот, чија цел е да се запре гниењето на балсамираните тела.

Овие луѓе не ја гледаат смртта како последен чекор, туку постепеното преминување на душата во задгробниот живот. Како резултат на тоа, тие веруваат дека телата на починатите сè уште бараат грижа, пишува Дејли мејл.

Церемонијата се организира повеќе од еден век, а нејзината суштина е да се слави животот и да се одржи врската со починатите роднини.

Треба да се спомене дека погребите се важен општествен настан во кој цели семејства се собираат со локалното население за да ги обноват верувањата и традициите на нивните предци.

Ваквите настани траат неколку дена, под името Рамбо Солока.

Три болници во Либан ја прекинале работата по израелските напади- докторите избегале

Три болници во Либан, меѓу кои и една во близина на јужните предградија на Бејрут, денеска објавија прекин на нивните активности поради израелските напади врз земјата, пренесува либанската новинска агенција АНИ.

Приватната болница Сент Тереза ​​во близина на јужните предградија, каде што е седиштето на Хезболах, соопшти дека ги прекинува услугите поради блиските бомбашки напади и пријави голема штета во објектот со кој управуваат калуѓерки.

Две јавни болници во јужен Либан исто така најавија прекин на нивните активности. Болницата Маис ал Џабал во близина на границата ги „прекина сите услуги“ поради израелските напади и тешкотиите во снабдувањето и пристапот.

Директорот на болницата Марџајун, трета установа, изјави за АФП дека бил принуден да се евакуира и да ја затвори по израелскиот напад врз спасувачите од организација поврзана со Хезболах која оперирала надвор од влезот на болницата додека ги транспортирале повредените.

„Во израелскиот напад на удар беше возило на брза помош пред главниот влез, што предизвика паника кај персоналот“, изјави д-р. Муенес Калакес. Убиени се четворица вработени во Исламскиот здравствен одбор, поврзан со Хезболах, пренесува ANI.

„Поради недостаток на персонал и бомбардирањата, моравме да ја затвориме болницата“, рече тој, иако неговиот објект е отворен откако израелските напади почнаа да се интензивираат на 23 септември.

„Четири дена немавме анестезиолог или лабораториски експерти затоа што многу луѓе избегаа“, продолжува Калакеш.

Вчера министерот за здравство Фирас Абијад изјави дека повеќе од 40 спасувачи и пожарникари загинале во израелските напади за три дена. Според него, од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах пред речиси една година загинале 97 спасувачи.

Повеќе од 1.110 луѓе се убиени од 23 септември, според извештајот на АФП заснован на официјални либански податоци. Либанскиот премиер Наџиб Микати денеска ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел „да им дозволи на спасувачите да стигнат до бомбардираните локации за да ги евакуираат“ повредените.

Швајцарци собирале печурки во Германија- ќе платат казна од 7.000 евра

Германската царина казни четворица швајцарски државјани со 7.000 евра затоа што се обиделе преку граница да пренесат речиси 70 килограми печурки што ги набрале во близина на Шварцвалд.

Како што пренесува порталот „Тагесхау“, при царинскиот преглед биле пронајдени печурки, меѓу кои бил и заштитениот вргањ.

Властите соопштија дека швајцарските граѓани значително ја надминале дозволената количина на печурки што може да се берат. Имено, според Законот за заштита на природата, едно лице може да собере само еден килограм печурки дневно.

Така, патувањето до Шварцвалд се покажало како скапа екскурзија, бидејќи наведените биле казнети со вкупно 7.000 евра. Еден килограм печурки во Швајцарија чини 80 евра, што доволно говори колку овој бизнис е вносен. Запленетите печурки се уништени.

Официјалните лица истакнале дека и претходно се случувало собирачите на печурки, особено оние од Швајцарија, да ги игнорираат правилата, поради што се зајакнати контролите.

Двајца пијани тинејџери украле автобус во Германија, во полициската потера се забиле во куќа

Две момчиња, наводно на 19 години, украле автобус во алкохолизирана состојба во Ахен и удриле во куќа во Северна Рајна за време на полициската потера.

Несреќата се случила во текот на ноќта, а од куќата каде што завршило возилото за среќа немало повредени.

Како што пренесува „Ахенер цајтунг“, пожарникарите биле повикани околу 2 часот и 30 минути по полноќ, кога автобусот веќе удрил во куќата. Брзата помош чекала на местото на настанот и во украдениот автобус пронашла две лица.

Возачот останал заробен во возилото и со тешки повреди е пренесен во болница, пишува Билд.

Повреден е и неговиот сопатник кој е пренесен во болница. Според првичните полициски информации, во автобусот во моментот на несреќата немало патници.

По проверка на статичката стабилност, експертите им дозволиле на жителите да се вратат во зградата.

притисни ентер