МОФ: Новиот Закон за високо образование ветуваше многу, а исполни малку

Помина повеќе од една година од донесувањето на овој закон, пропуштени се скоро сите рокови за формирање нови тела предвидени во него.

Младинскиот образовен форум (МОФ) реагира што сè уште не се применува Законот за високо образование донесен минатиот мај и не се формирани телата што тој ги предвидува, а кој, како што наведува, беше долгоочекуван и внесе надеж кај академската заедница и стручната јавност

-Помина повеќе од една година од донесувањето на овој закон, пропуштени се скоро сите рокови за формирање нови тела предвидени во него, а сè уште нема најави ниту кога ќе се случи изборот на нови и легитимни студентски претставници. Тој предвидува формирање на Агенцијата за квалитет на високото образование, која треба да биде составена од одбор за евалуација и одбор за акредитација. Оваа Агенција беше голема надеж за конечно унапредување на квалитетот на нашето високо образование. Рокот за нејзино основање е една година од донесувањето на новиот ЗВО, но Агенцијата се уште не е основана, ниту пак одборите за евалуација и акредитација, наведува МОФ.

Одборот за акредитација е тело кое, меѓу другото, дава дозволи за формирање високообразовни установи, како и нивно одземање, а Одборот за евалуација го следи и оценува квалитетот на вршењето на високообразовната дејност, научноистражувачката, уметничката и стручна работа на академскиот кадар на високообразовните установи и му предлага на Одборот за акредитација да ја продолжи или одземе акредитацијата. Според тоа, нагласува МОФ, во моментов во државата не постои тело кое го оценува и следи квалитетот на академскиот кадар на високообразовните установи и нивните студиски програми.

Законот предвидува и една година по негово стапување во сила да се формира Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, кој исто така сè уште не е формиран, ниту, пак, има најави за тоа. Законот предвидува и Студентски правобранител како посебен орган на Универзитетот кој ќе се грижи за правата на студентите и ќе постапува по нивни претставки, како и по своја сопствена иницијатива.

-Ова, исто така не е исполнето, а студентите чии права се прекршуваат и понатаму немаат кому да се обратат за помош. Истовремено, нема никакви најави кога ќе се случат изборите за студентски претставници на најголемиот и најстар македонски универзитет – „Св. Кирил и Методиј", иако новиот закон предвидуваше најдоцна во ноември 2018 година. Згора на сè, и покрај тоа што законот предвидува рок од шест месеци од негово стапување да се спроведуваат избори – тоа не се случи. МОФ како младинска организација која постојано го следи статусот и состојбата на студентското организирање веруваше дека студентите најпосле ќе добијат свои претставници, па оттаму ќе можат директно да се вклучат во процесот на донесување на одлуки – во рамки на факултетот и на универзитетот на кој студираат, наведува Младинскиот образовен форум во реакцијата.

Дел од задоцнетата имплементација на Законот, според МОФ, се должи на одолговлекувањата во процесот на усвојување на статутите на универзитетите во Собранието, како основач на државните универзитети. Поради тоа, универзитетите немаат студентско учество и студентски правобранители, а немаат ниту соодветни статути усвоени од Парламентот и покрај тоа што навремено ги направиле промените согласно новиот Закон.

Со оглед дека се предвидени и глоби во делот за прекршочни одредби од Законот за високото образование, МОФ прашува дали надлежните институции ќе бараат одговорност од универзитетите и факултетите за непочитување на законот и дали, како што наведува – конечно квалитетот на високото образование ќе се вброи помеѓу приоритетите на нашите влади? /МИА.

Најсмешен крадец во обид: Панталоните ѝ останаа на оградата, се покри со дуксер (ВИДЕО)

Следната приказна доаѓа од чилеанската општина Маипу, каде надзорните камери снимија бизарна сцена.

Во преден план гледаме жена која се обидува да прескокне метална ограда и да влезе во луксузен станбен комплекс. Сепак, работите брзо тргнаа наопаку.

Таа не очекуваше дека панталоните ќе ѝ се зафатат на металните шилци, па следеше „мачна борба на обидот за кражба“, пишува Прото тема.

По две минути останала без делови од облеката и обувките, а интимните делови морала да ги крие со дуксерот.

Локалните медиуми јавуваат дека таа го пребарала дворот и по извесно време заминала.

Останува нејасно што се обидувала да направи, а некои извори наведуваат дека „имала соучесник“.

Прв пат отишла кај момчето на гости, па направила хаос- го парчосала тоалетот (ВИДЕО)

На мрежите повторно се ажурираше приказната за Кенеди Калвел од Ванкувер, а во неа се опишува нејзиното „фијаско“ по првата посета на нејзиното момче.

Девојката објави неколку видеа на TikTok кои „собраа“ милиони прегледи и станаа вирални, пишува New York Post.

@kennedyallegedly Great first impression #boyfriend #poopoo #fml

Кенеди дошла во куќата на своето момче Ник во Торонто за заедно да ги поминат празниците, а недолго потоа побарала да оди во тоалет.

Проблемот настанал кога таа не можела да пушти вода во тоалетот.

„Го отворив резервоарот и ја повлеков рачката. Сепак, ништо не се случи. Кога сфатив дека не можам да го решам проблемот, почна да ме фаќа паника“, рекла таа.

Додека се вртела околу бањата, обидувајќи се да се извлече од непријатната ситуација - и паднал керамичкиот капак! Се разбира, се скрши, а парчиња летаа на сите страни.

„Во шок стоев сред бањата. Се најдов во непријатна, глупава ситуација. Што би можела да направам освен да направам видео на TikTok“, објасни таа.

@kennedyallegedly But seriously what do I do #embarrassing #plumber #awkward #helpme ♬ Monsters, Inc - Gustav Lundgren & Unit

Родителите на нејзиното момче не биле дома, но Кенеди го почувствува притисокот без оглед на тоа.

„Сфатив дека морам да го известам Ник за сѐ што се случи. Не можев да избегам низ прозорецот, ниту да го обвинам миленичето“.

Кога му кажала на момчето што се случило, тој почнал да се смее. Веднаш им се јавил на родителите и рекол дека „случајно го скршил капакот на казанчето“.

Таткото и мајката не се налутиле, а ситуацијата ја дочекаа со насмевка.

„И тие се смееја. Имаат четири сина и се навикнати на дефекти во куќата. Сепак, рекоа дека Ник морал да купи нов капак со свои пари“, изјавила девојката и додала дека се понудила да ја плати штетата.

Студенти исвиркаа холивудска ѕвезда поради неговата поддршка за Израел (ВИДЕО)

Познатиот комичар Џери Сајнфелд доби почесна диплома од Универзитетот Дјук во Северна Каролина, а по тој повод одржа говор пред студентите.

Меѓутоа, во моментот кога беше најавен неговиот говор, дел од студентите почнаа да свиркаат и да извикуваат „слободна Палестина“, а некои демонстративно го напуштија стадионот веејќи палестински знамиња.

Имено, иако комичарот во својот говор не го спомна Израел, некои студенти протестираа поради неговата отворена поддршка за Израел по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година.

притисни ентер