Младата пијанистка Чочиева ја збогати културната понуда на „Охридско лето"

Преку совршеното музицирање и техника, талентираната пијанистка Злата Чочиева донесе виртуозен перформанс со што се вброи меѓу најдобрите пијанисти кои настапиле досега на „Охридско лето".

Националната установа „Охридско лето" приреди ново уметничко доживување за љубителите на класичната музика преку концертот на руската пијанистка Злата Чочиева што се одржа синоќа во црквата „Света Софија" во Охрид. Московската пијанистка имаше впечатлив настап, покажувајќи извонредна техника во музицирањето, притоа, пренесувајќи и' на публиката позитивни емоции.

– Преку совршеното музицирање и техника, талентираната пијанистка Злата Чочиева донесе виртуозен перформанс со што се вброи меѓу најдобрите пијанисти кои настапиле досега на „Охридско лето". Како организатори на овој концерт, особено не'радува што публиката го награди нејзиниот совршен настап со бурни овации и што меѓу присутните беа аташето за култура во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, публика од соседна Република Албанија и музичари од Скопје и Охрид. Сите присутни беа воодушевени од целиот перформанс, изјави директорката на НУ „Охридско лето", Наташа Поповиќ.

Талентираната уметница Злата Чочиева која на Меѓународниот натпревар по пијано „Санта Катарина" во Бразил беше прогласена за најдобра изведувачка на Фредерик Шопен, со посебен шарм ги отсвири мазурките на овој композитор, а долови и дела од Александер Скриабин, Франц Лист и Сергеј Рахманинов.

– Не знам дали сум најдобар изведувач на делата на Шопен, но чувствувам како оваа музика ми е при срце, а тој секогаш ќе биде еден од моите најомилени композитори. Што се однесува до програмата со која што се претставив на „Охридско лето" , сметам дека беше интересна бидејќи содржеше и композиции што се помалку познати. Некои дела се во сенка зашто луѓето им обрнуваат повеќе внимание на познатите композиции, вели младата пијанистка чиј компакт-диск со Шопеновите етиди, германското списание „Грамофон" го вброи во 50-те најдобри изведби на Шопеновата музика.

Со програмата што ја отсвири на „Охридско лето", Злата Чочиева ќе го одржи и својот деби-концерт во Лондон, а потоа следуваат и нејзините настапи во Русија, Шведска и Германија.

Градоначалникот на Киев ја повика владата да вложи повеќе напори во борбата против корупцијата

 Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко ја обвини украинската влада дека прави премалку во борбата против корупцијата во земјата, јави ДПА.

Кличко даде интервју за германски медиуми од групата Функе, кое беше објавено денеска. Запрашан дали владата е на вистинскиот пат во својата борба против корупцијата, тој одговори: „Можете да го поставите тоа прашање на секој граѓанин и сигурен сум дека тој ќе одговори со не“. Кличко изјави дека и тој е „на истото мислење“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано најавуваше дека води тешка битка против корупцијата и злоупотребата на средства во државниот апарат. Пред само неколку дена министерот за земјоделство поднесе оставка поради обвинувања за корупција.

Во врска со односите со Зеленски, Кличко изрази жалење за недостигот на кохезија меѓу водечките политичари во Украина. „За жал, во овој период на војна, нема единство меѓу политичките сили“, рече Кличко. Тој истакна дека од почетокот на војната, постојано се обидувал да се сретне со Зеленски.

„Но, за жал, немав можност лично да се сретнам со Зеленски“, рече Кличко.

Градоначалникот на Киев укажа на штетата предизвикана од руските беспилотни летала и повика на поголема меѓународна поддршка за воздушната одбрана на Украина

По две години војна, штетите во Киев се огромни. Повеќе од 800 згради беа оштетени и уништени од воздушните напади. Повеќе од 200 луѓе загинаа, меѓу кои седум деца. /МИА

Десетици торнада поминаа низ централниот дел на САД, најмалку петмина загинати

Најмалку пет луѓе загинаа, вклучувајќи четиримесечно бебе, откако десетици торнада помина низ централниот дел на САД, предизвикувајќи сериозни штети. Д

есетици илјади луѓе останаа без струја откако бурите почнаа во петокот. Досега е потврдено дека четири лица загинаа во сојузната држава Оклахома, а едно во Ајова. Националната метеоролошка служба објави дека некои торнада имале налети од 218 километри на час. Особено тешко е погоден градот Сулфур во Оклахома, каде што цели домови се срамнети со земја. Во оваа сојузна држава има и повеќе од 100 повредени. Ова уследи откако повеќе од 70 торнада ги погодија небраска и Ајова во петокот. Најголем дел од нив биле околу градот Омаха.

Блинкен: Напредок во испораката на помош во Газа

Прекинот на огнот „најефикасен“ за решавање на хуманитарната криза

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на состанокот на регионалните лидери во Ријад изјави дека најефективниот начин за ублажување на хуманитарните страдања во Газа е да се обезбеди примирје меѓу Израел и Хамас.

Говорејќи во Саудиска Арабија, американскиот државен секретар рече дека има „мерлив напредок“ во доставувањето помош за Газа, но дека е потребно повеќе. Блинкен рече и дека Иран е најголемиот извор на нестабилност во регионот. Тој посочи дека настаните од последните неколку месеци покажаа дека има два можни патишта. Едниот, рече тој, бил обележан со „поделби, уништување, насилство и постојана несигурност“.

притисни ентер