Митрески: Владејачкото мнозинство е стабилно

Владејачкото мнозинство е стабилно, шест пратеници на АА ја поддржуваат владејачката коалиција.

Владејачкото мнозинство е стабилно, а тоа се виде и на гласањето за разрешување на министрите од Алијанса за Албанците, изјави претседателот на Собранието Јован Митрески во интервју за МИА.

-Да. Тоа се виде и на гласањето за разрешување. Значи, кога веќе ја спомнувате Алијанса за Албанците во овој момент имам информација дека од осум вкупно пратеници на пратеничката група на Алијансата за Албанците шест пратеници стриктно и директно ја подржуваат оваа владејачка коалиција, посочи Митрески.

Запрашан за Изборниот законик во согласност со забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, очекува да се постигне консензус помеѓу сите пратенички групи.

-Имам информации дека се водат преговори, дека се блиску до консензус посебно во делот на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, не сум слушнал досега дека има какви било забелешки. Сигурно таму се отвораат и други прашања за коишто се чека да се обезбеди консензус. Очекувам од пратеничките групи да дадат предлог за измени на Изборниот законик барем таму каде што имаат консензус, барем тоа да бидат забелешките на ОБСЕ/ОДИХР да бидат ставени во предложениот Изборен законик. Кога ќе го добијам како текст потпишан од сите координатори на пратенички групи што би значело потписот на сите координатори значи обезбеден консензус тогаш веднаш тој предлог би го ставил на наредна седница за да може да се изгласа до денот на одржување на изборите, вели Митрески.

Италијанската премиерка Мелони во официјална посета на Кина

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска пристигна во официјална посета на Кина за да ги промовира економските односи и да разговара за војната во Украина, објавија кинеските државни медиуми.

Најавено е дека Мелони, која останува до среда, во Пекинг треба да разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг и премиерот Ли Чијанг за „главните меѓународни прашања, почнувајќи од војната во Украина“, а ќе го посети и Шангај, економската престолнина на Кина.

Минатата година Италија се повлече од меѓународниот договор со Кина „Појас и пат“, бидејќи претходно беше единствената од Групата седум напредни демократии на светот и ЕУ (Г7) што учествуваше во огромната програма на Пекинг за инвестиции во инфраструктурата во Азија и Европа.

Пред да дојде на власт, Џорџа Мелони рече дека е „сериозна грешка“ приклучувањето на програмата.

Ова е прва официјална посета на Мелони на Кина.

ЦУК: Активни два пожара, еден ставен под контрола

 Два пожара се активни, а еден е ставен под контрола, соопшти ЦУК, согласно информациите до 13:30 часот. 

Активен е пожарот во Македонски Брод кај село Тажево, крак кон Белица и кон „Јасен“, каде гори борова шума, како и пожарот на планината Серта на територија на Општина Штип, кај селата Хаџи Хамзали и Цршка кон Криволак каде е зафатена ниска вегетација.

Под контрола е ставен пожарот кај Демир Хисар на Илинска Планина, меѓу селата Слоештица, Брежани и Плаќе со кој била зафатена ниска вегетација.

Димовски за затворањето на случајот со бонусите на екс обвинителите од СЈО

Јас не велам дека бонусите не се законски, но еве обвинителот и покрај системот на хиерархија и субординација, нека ја убеди јавноста дека постапил законски.

Јас не велам дека бонусите не се законски, но еве обвинителот и покрај системот на хиерархија и субординација, нека ја убеди јавноста дека постапил законски и нека ги открие причините зошто го одзел предметот од обвинителката која го работела, изјави за Канал 5 новинарот Саше Димовски.

Кој во сведок мк. прв објави дека е затворен случајот за бонусите во СЈО.

Секако вели Димовски мора да има службена белешка за предметот од која ќе се утврди дали случајот бил целосно истражен.

-Спорно е што тој го одзел незавршениот предмет од обвинителката во последна фаза и ја отфрлил пријавата. Ако вештачењето утврдило дека се било законски со бонусите зошто јавноста не била известена за да нема сомнеж .Никој од екс обвинителите од СЈО не бил повикан да даде исказ, а пријавата е отфрлена само врз основа на вештачењето.Обвинителката не сакала да го затвори предметот, немало елементи да ја затвори пријавата, вели меѓудругото Димовски.

Целиот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер