Конте избран за најдобар тренер за месец септември во Италија

Наградата „Тренер на месецот“ во Италија за месец септември ќе му биде врачена на тренерот на Наполи, Антонио Конте, јавија италијанските медиуми.

Трофејот ќе му биде врачен пред натпреварот помеѓу Наполи и Комо во Серија „А“.

Наградата ја доделува жири кое ги оценува тренерите по спортско-технички критериуми како и квалитетот на играта.

-Од неговото пристигнување во Наполи, Конте ја пренесе на своите играчи својата филозофија, која се заснова на напорна работа, амбиција и победнички менталитет. Овој нов став му овозможи на Наполи веднаш да постигне позитивни резултати, оправдувајќи го изборот на претседателот да го донесе. Де Лаурентис врати во Италија еден од најуспешните тренери во светот, го коментираа од жирито својот избор за победник.

Фото: Адријана Лима во тесен фустан ја истакна совршената става

Модната недела во Париз сè уште трае, а една од најубавите жени во последните две децении, „жешката Бразилка Адријана Лима повторно воодушеви со своето ново-старо издание.

Поранешната сопруга на НБА ѕвездата Марко Јариќ неодамна присуствуваше на вечерната забава на луксузниот бренд за накит „Булгари“.

За таа пригода, таа облече кадифен фустан украсен со детали во форма на срце, кои на нејзиниот стајлинг му даваат гламурозен белег.

Црната сирена-тоалет ја истакна совршената фигура на Лима, а судејќи според реакциите на јавноста на мрежите, славната Бразилка му се врати на стариот сјај.

Во 2018 година, Адријана Лима за последен пат прошета на модната писта за познатиот моден бренд на Victoria's Secret. После тоа, нејзината манекенска кариера ја стави на пауза, бидејќи нејзината улога како родител беше многу поважна.

Очекувано улогата на родител ја промени драстично нејзината става.

Лима како минуваше времето така го менуваше својот изглед.Во еден момент дури стана непрепознатлива. За борбата со вишокот на килограми зборуваше и во неколку интервјуа. Но сега Адријана повторно ја врати совршената става.

Општина Тетово најавува награди за граѓани ако снимат носење бездомни кучиња од други градови

Општина Тетово тврди дека се носат бездомни кучиња од други места и ги повика граѓаните да снимат таква прилика за што најавува награди.

Од јули во градот почна да функционира и ново прифатилиште, а според Општина Тетово уловени се и третирани 100 кучиња скитници.

-И покрај нашите напори, сè уште има случаи на носење кучиња скитници од други градови и региони во Тетово. Поради тоа, општина Тетово најавува дека ќе ги награди оние лица кои ќе донесат докази (фотографии или видеа) за поединци кои пуштаат кучиња скитници во нашиот град. Лицата кои ќе бидат фатени дека го вршат ова дело ќе бидат казнети согласно законот.Исто така, ги покануваме сите оние кои имаат можност и желба да посвојат некое од кучињата што ги третиравме. Тие можат да контактираат со нашите претставници за да ја спроведат оваа хумана акција, придонесувајќи за обезбедување на нов и грижлив дом за овие кучиња“, се вели во соопштението на Општина Тетово.

До 1 октомври биле заловени и третирани вкупно 95 кучиња, од кои 10 биле посвоени од граѓани кои биле расположени да се згрижат за нив.Во пет случаи била дијагностицирана лајшманиоза, за што соодветните кучиња биле евтанизирани.

- Во меѓувреме, 60 кучиња се вратија во своето живеалиште по потребниот третмани, а во моментов имаме 20 кучиња кои се згрижени во нашите центри. Сакаме да нагласиме дека сите бездомни кучиња се третираат со високи стандарди и во согласност со хуманите принципи. Процесот вклучува внимателно заловување на кучињата, безбеден транспорт до ветеринарна станица, прием и преглед од овластени ветеринари, тестови за социјализација, лабораториски тестови за болести, регистрација и идентификација (поставување чипови и ушни маркички), стерилизација, стерилизација, бордање, постоперативна нега и неопходна вакцинација“, се вели во информацијата на Општина Тетово.

Мицкоски: Kолку повеќе пријатели имаме поголеми од нас, толку е подобро за нас

Премиерот Христијан Мицкоски, гостин во Само Интервју

Сметката на владата кога беше нашиот прв работен ден изнесуваше минус дванаесет милијарди денари.

Над 300 проекти се во фаза на одобрување, до крај на месецот очекувам да се потпишат дооговорите и најдоцна средина на ноември да отпочне реалицацијата.

Граѓаните бараат да се асфалтираат улици, училишта и градинки, а сето ова што го правиме има цел да направиме нешто добро за нашата заедница.

Никогаш не велевме зошто во 2020 година се злоупотребуваа стотици милиони денари од буџетот среде ковид кризата, кога им се помгаше на граѓаните.

Во прво време владата ќе објави јавен повик за автобуси за сите градови, ние сме влада на сите граѓани. Мора да имате планиран менаџмент и ликвидност на средствата.

Парите од унгарскиот кредит не се кинески, каматата е поефтина. Не, не проблем кредитот да биде и од Франција, само да бидат условите добри не е важно од каде, утре ќе го потпишам.

Орбан е премиер на држава членка на ЕУ и НАТО, пријателите треба како држава да ги прифатиме, колку повеќе пријатели имаме поголеми од нас, толку е подобро за нас.

притисни ентер