Мислела дека се спушта по сајла („зип-лајн“), која потоа се откачила (видео)

 Врисокот на девојката и присутните одекнува низ провалијата...

Сакала авантура и адреналин, не замислувајќи што ќе се случи додека се подготвувала да се пушти по јажето.

Многумина од нас сакаат авантура и на разни начини се обидуваат да си го качат адреналинот, најчесто тоа се некои акробатски активности кои немаме можност секојдневно да ги искусиме. Ваквите работи бараат, пред сè, голема храброст и решителност, но многумина својот страв се обидуваат да го прикријат под лажната храброст и самодоверба.

Во последно време, во екстремните спортови и активности еднакво се застапени и мажите и жените. Сè повеќе дами се тестираат себеси со разни адреналински подвизи.

На Интернет кружи урнебесна снимка со една девојка која сака да се спушти по познатиот зип-лајн (жичена линија), сајла која поврзува две карпи над некоја провалија, слично како кај жичниците. Иако девојката долго време се подготвувала за оваа адреналинска акција, таа сепак е исплашена, но се труди да остане максимално сталожена. Вработените во позадина нетрпеливо чекаат да ја пуштат и да ја видат нејзината реакција.

Девојката која мислела дека нејзиното патување над провалијата ќе биде по сајла, во еден момент полетува кон провалијата, несвесна дека всушност требало да изведе банџи-скок, кој исто така припаѓа во екстремните егзотични спортови и е опасен сам по себе.

Иако на некои ова им било смешно, луѓето порачуваат дека не треба да се игра со туѓото здравје и дека ваквиот шок би можел да биде кобен за девојката.

- Начинот на кој девојката паничи и оние што ја пуштаат без никакво предупредување...

- Срцето веднаш би ми застанало.

- Толку е опасно да се прави ова на луѓе што се паничари по природа.

- Човекот зад неа делува како да се смее.

-Го чувствувам нејзиниот страв, брат... - беа дел од коментарите.

Многумина прокоментирале дека е страшно непријатно некој да искуси вакво нешто, да мисли дека сајлата пукнала и да не го знае исходот. Повеќето луѓе на Тикток изјавиле дека колку некому ова да му изгледа забавно, човечката психа не е иста, и луѓето не се соочуваат подеднакво со ваквите предизвици.

Сепак, како по обичај, коментарите беа поделени. Некои егзибиционисти изразија желба да пробаат вакво нешто, тврдејќи дека тоа ќе биде возбудливо искуство за нив што ќе ја тестира нивната храброст и ментална издржливост. Меѓутоа, повеќето изјавиле дека никој не треба да се фаќа во костец со ова или што било друго доколку не е сигурен како ќе ја надмине претрпената траума, или во полош случај, другите последици.

@highlandflingbungee 😱😱 #highlandflingbungee #scotland #prank #adrenaline ♬ life gets hard - iilliaa

Во еден ден му извадиле 20 заби и му вградиле 12 импланти- се вратил дома и починал

Жителка на кинескиот град Јонгканг, неодамна поднела жалба до Општинското здравствено биро, а по смртта на нејзиниот татко.

Г-ѓа Шу наведува дека на несреќниот човек во еден ден во локалната стоматолошка клиника му биле извадени 20 заби и вградени 12 импланти. Таа тврди дека тоа ја предизвикало неговата прерана смрт 13 дена подоцна.

Ќерката тврди дека таткото во последните денови од животот претрпел „страшни болки“, пред да доживее срцев удар на 28 август, пренесува Oddity Central.

Таа бара одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.

Според писмената согласност на пациентот, на мажот му биле извадени природните заби, по што на вилицата му биле дупнати 12 дупки за импланти.

Претставникот на клиниката, каде што била извршена процедурата, објаснува дека бројот на заби кои може да се вадат одеднаш го одредува лекарот, врз основа на општата состојба на пациентот.

Не постои специфична регулатива, а клиниката и лекарот мора да ја имаат предвид толеранцијата на болката на пациентот и ризикот од инфекција.

„Колку повеќе заби отстранувате, толку повеќе пациентот реагира на болка и поголема е веројатноста за постоперативна инфекција“, рече Ксијанг Гуолин, директор на Центарот за орална медицина во Вухан.

Истрагата е во тек, но претставник на Општинското биро за здравство изјави дека „докажувањето на вината може да биде тешко“, со оглед на тоа што смртта настапила 13 дена по постапката.

Ужас во Франција: Маж си ја убил сопругата и двете мали деца, на една и 5- годишна возраст

Во Морман, во Сена-ет-Марн, во областа Ил-д-Франс, е уапсен човек кој рекол дека штотуку го убил „своето семејство“.

Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност, кој одел на работа, видел маж вооружен со нож како напаѓа друг минувач на улицата, објави ТВ БФМ.

Пешакот е повреден во раката, а другиот во вратот, „и двајцата без значителни последици“, изјави обвинителот Жан Мишел Бурле.

Полицаецот успеал да го стави под контрола и да го уапси.

Потоа рече дека штотуку го убил „своето семејство“, сопругата и двете деца на една и петгодишна возраст.

Осомничениот нема криминално досие, туку „психијатриска историја“, додаде обвинителот.

Тој во моментов е хоспитализиран за да се утврди дали е способен да биде во притвор.Отворена е истрага за убиство со умисла, соопшти обвинителот.

Во Франција во просек се случува фемицид на секои три дена.

Во 2023 година, родителите убиле повеќе од 60 деца, според Voa d-lanfan, здружение кое брои убиства врз основа на случаи објавени во медиумите.

„Операција саксија“ е во тек во Амстердам, жителите во тешка меѓусебна кавга

Властите во холандската престолнина Амстердам ја почнаа „операција саксии“, бидејќи, како што истакнаа, прекумерното поставување саксии околу зградите го загрозува пристапот до објектите.

Жителите со вознемиреност реагираа на плановите на властите во Амстердам да ги отстранат, според нив, непромислено поставените саксии, објави Гардијан.

Во пристапот што локалните медиуми го нарекоа „операција саксии“, централниот кварт на холандската престолнина ги ограничува жителите да постават два саксии со дијаметар од 50 сантиметри, направени од „одржлив“ материјал и поставени на предниот ѕид на зградата.

Ќе се отстранат цели „градини“ со саксии на паркинзи и под дрвја, се вели во меморандумот на градските власти.

На состанокот на градскиот совет во вторникот, претседателката на Централниот извршен комитет на Амстердам, Амели Стренс, рече дека напуштените саксии со цвеќиња се непривлечни, лоши за биолошката разновидност и ги прават објектите помалку достапни за оние кои користат помагала за мобилност и инвалидски колички.

Некои жители на Амстердам се задоволни што градот реагира на загриженоста на луѓето за преполните тротоари, додека други посочуваат дека напуштените или паркирани велосипеди и тераси во баровите зафаќаат голем дел од јавните површини, како и отпадот, наведувајќи дека преголем број туристи го посетуваат градот.

притисни ентер