Мислел дека на надмудрил полицијата: Шверцер на цигари се маскирал како зумбул (ВИДЕО)

Камерата го снимила надреалниот момент кога полицијата уапсила шверцер, маскиран како воден зумбул, додека се обидувал да ја премине реката што ги дели Аргентина и Парагвај.

Службениците на редот ги запалиле батериските ламби кон растението што се „движеше по површината“, под превезот на темнината и го фатиле 42-годишниот маж.

Надлежните соопштуваат дека неименуваниот шверцер превезувал 200 кутии цигари „Родео Кинг Сајз“, а се криел под куп лисја и вештачки зумбул, закачени на жичена мрежа.

Веднаш бил прегледан, за полицајците да се уверат дека не доживеал хипотермија, а потоа му биле ставени лисици, пренесува Дејли мејл.

Уапсениот е однесен во станица на распит, а во наредните денови ќе се појави пред суд.

Бизарниот инцидент се случил на почетокот на неделата во регионот на аргентинското приморје.

„Никогаш не сме виделе воден хиацинт да се движи така по водата, па влеговме во чамецот и се упативме кон него“, било објавено.

Откако видеото е објавено на мрежите, корисниците го нарекоа шверцерот Аквамен, по познатиот суперхерој.

Градот Нови Сад нема да организира дочек на Новата година поради почит кон жртвите

Со одлука на градоначалникот Милан Ѓуриќ, Градот Нови Сад нема да ја организира дочекот на Новата година, ниту пак српска Нова година.

Одлуката е донесена од почит кон жртвите во трагичната несреќа на железничката станица во Нови Сад, кога трагично загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени. Меѓу загинатите е и Македонецот Васко Саздовски.

-Трагедијата длабоко го потресе цел Нови Сад, и цела Србија. Убеден сум дека го делам мислењето на сите жители на Нови Сад, дека е неопходно во овој момент да се биде со погодените од оваа несреќа, како и со нивните семејства. Од почит кон жртвите во трагедијата, и како признание за болката и страдањето на нивните семејства, важно е да се откажеме од големите прослави оваа година и да бидеме обединети во болка, тага, сочувство и солидарност - рече градоначалникот Ѓуриќ, пренесе Телеграф.

Градоначалникот на Нови Сад истакна дека сега е најважно целото внимание на градската управа и на градот Нови Сад да биде насочено кон давање поддршка и помош на семејствата на трагично загинатите и повредените.

- Градот Нови Сад ќе направи сѐ на семејствата на жртвите и повредените да им ја обезбеди сета потребна помош и поддршка. Наша одговорност и човечка обврска е ниту еден човек да не остане без помош во овој тежок момент, а одговорните за овој трагичен настан ќе сносат целосна кривична одговорност согласно законот – рече градоначалникот Ѓуриќ.

Димитриеска-Кочоска: Предлог-буџетот за 2025 е нов концепт за фискална консолидација

Предлог-буџетот за 2025 година е пред се развоен, поткрепен со  планирани средства за капитални проекти, проекти на општините, поддршка на стопанството. 

Буџет кој носи промена во водењето на јавните финансии и кој е само дел од новиот концепт којшто го воведуваме во пракса, а кој се занова на фискална консолидација и инвестиции во остварување забрзан економски раст. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето по Предлог-буџетот за 2025 година во Комисијата за финансирање и буџет.

„Предлог-буџетот за 2025 година е дизајниран за исполнување на определбата за фискална консолидација и обезбедување фискална одржливост. Клучно е дека тој е визија на Владата за наредната година којашто базира на реални макроекономски претпоставки и фискални проекции. При тоа обезбедува непречено функционирање на институциите и државата и редовно сервисирање на обврските.

Оттука во креирањето на Буџетот за наредната година појдовме од определбата за намалување на буџетскиот дефицит кој во 2025 година е понизок за 0,9 п.п. Ефикасно прибирање на приходите, преку борба со сивата економија и најважно ефикасност во користењето на сите средства. Односно, целта беше средствата кои се прибираат по сите основи во Буџетот да бидат ставени во функција и да дадат најдобри ефекти. Во таа насока се поттикнати институциите коишто имаат сопствени средства да ги ефектуираат и да ги користат. Износот на средствата заклучно со 12 ноември во буџетските корисници е над 14 милијарди денари. По тој основ отворивме можност да се финансираат многу повеќе проекти коишто носат развој“, рече министерката.

Таа додаде дека новиот концепт не носи во година во која треба да продолжи стабилизрањето на макроекономската состојба и забрзување на економскиот раст и определбата на среден рок да постигнеме стапки на економски раст просечно од 5% и буџетски дефицит и јавен долг согласно фискалните правила.

„Ваквата визија не се темели на список на желби, таа ја темелиме на остварувањата особено во втората половина од 2024 година. Растот го темелиме на реална реализација на силен инвестициски циклус, поткрепен со висок износ на капитални расходи во Предлог-буџетот и низа мерки и политики за ефикасна реализација на планираните средства. Покрај инвестиции во јавниот сектор, развојната компонента ќе биде поддржана и преку планираниот инвестициски циклус во приватниот сектор кој ќе биде поддржан од државата преку обезбедените поволни средства од унгарскиот заем, како и проектите на локално ниво коишто ќе ги реализираат општините“, рече министерката и додаде дека растот на БДП е проектиран на 3,7%, додека инфлацијата на 2,2%. Предлог-буџетот за 2025 е буџет во кој дополнителна карактеристика е тоа што трендот на раст на расходите е понизок од трендот на раст на приходите, односно со овој буџет приходите се зголемени за 13%, а расходите за 10% во однос на 2024 година, што пак придонесува кон консолидација и намалување на буџетскиот дефицит за околу 3,3 милијарди денари“, рече министерката.

Вкупните приходи на Буџетот за 2025 година се планирани на ниво од 358,8 милијарди денари, додека расходите се планирани на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран на ниво од 41,3 милијарди денари или на ниво од 4% од БДП и е понизок за околу 3,3 милијарди денари.

Со Буџетот за 2025 година, како што рече министерката, се водевме од буџетирање базирано на принцип на реалност, односно планирани приходи во износи кои може реално да се остварат и расходи кои може да се извршат. При тоа, расходната страна особено се темели на поефикасно користење на ресурсите за работа, намалување на несуштински расходи, како и поголем позитивен импакт врз економската активност.

Со Предлог-буџетот за 2025 година се планирани средства 50,5 милијарди денари за капитални расходи и 349,6 милијарди за тековни расходи со кои се обезбедува редовна исплата на плати, редовна исплата на пензии и нивно зголемување, исплата на социјални права, субвенции во земјоделството, поддршка на малите и средните претпријатија, поддршка и субвенционирање на иновативните активности, како и алоцирање на средства за таргетирана поддршка на ранливи категории на граѓани и стопанството.

Расходите за исплата на плати се проектирани на ниво од 48,1 милијарда денари кои бележат раст од 8%, за стоки и услуги се проектирани 26,2 милијарди денари и бележат намалување од 0,5% во структурата на вкупните расходи. За исплата на пензии се планирани 105,5 милијарди денари со кои се обезбедуваат средства за најавеното зголемување на пензиите за 2.500 денари од март следната година. За исплата на надоместоци за социјална заштита се планирани околу 14,5 милијарди денари, за исплата на паричен надоместок во случај на невработеност планирани се 1,6 милијарди денари, за спроведување на активни политики и мерки за вработување планирани се 2,3 милијарди денари. Повеќе средства се обезбедени за здравствена заштита кои се планирани на ниво од 52,5 милијарди денари и бележат раст од 10,7%. При тоа ФЗОМ и МЗ имаат и сопствени средства за здравствена заштита. Поддршка во земјоделството е планирана на ниво од 8 милијарди денари, додека трансферите до ЕЛС се планирани во износ од 33,2 милијарди денари кои се зголемени за 2,5 милијарди.

Капиталните расходи се на ниво од околу 50,5 милијарди денари и ќе создадат предуслови за нов циклус на економски раст, обезбедување значително ниво на јавни инвестиции коишто се основа за подобрување на економските перспективи, како и подобар живот на граѓаните. Покрај високото ниво на капитални инвестиции од буџетски средства, значителни средства за реализација на проекти се обезбедени и со заеми од меѓународните финансиски институции и билатерални кредитори, а насочени се во железничката, комуналната инфраструктура и управување со отпад, енергетска ефикасност во јавниот сектор, здравството, образованието, социјалните услуги, земјоделството, енергетскиот сектор и слично.

Со Предлог-буџетот предвидено е буџетскиот дефицит да се финансира со задолжување на домашниот и меѓународниот пазар. Во 2025 година отплатата на главницата на надворешниот долг е во износ од 49,3 милијарди денари, додека на домашниот пазар 16,9 милијарди денари.

Расправата по Предлог-буџетот во Комисијата за финансирање и буџет трае 10 дена, по што како Дополнет предлог се испраќа на разгледување и усвојување на пленарна седница на Собранието. Буџетот за 2025 година треба да биде изгласан до 31 декември, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Герасимовски: Центар е лидер во енергетска трансформација

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска учествуваше на конференцијата „Локална енергија и социо-еколошка агенда“ .

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска учествуваше на конференцијата „Локална енергија и социо-еколошка агенда“ на која се дискутираше за успесите и предизвиците на локалните енергетски трансформации, за бизнис моделирање на локалниот пазар на енергија, за намалување на енергетската сиромаштија, за вклучување на ранливите граѓани и за зајакнување на заедниците. На оваа конференција, учество зедоа странски експерти од енергетскиот сектор, бизнисот, науката и граѓанските организации од Шпанија, Италија, Чешка, Белгија, Холандија и Македонија.

Во своето излагање, Герасимовски потенцираше дека Општина Центар е препознаена како позитивен пример за социо-еколошка трансформација на локално ниво со имплементирани неколку еколошки проекти.

„Во изминатиот период активно работиме за социо-еколошка агенда и иницијативи што треба да придонесат кон одржливи решенија за подобар живот на сите граѓани. Први отворивме енергетска канцеларија и први во земјава оформивме трговско друштво за продажба и производство на струја „Енергија Центар“. За основањето на трговското друштво добивме награда за најголем придонес кон одржливоста и искористувањето на обновливи извори на енергија. Особено сум горд што постигнавме заштеда од 50% од потрошувачката на електрична енергија со поставените фотоволтаици на покривот на градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ во објектот „Пепелашка““, истакна Герасимовски.

Тој посочи дека позитивните искуства од Центар треба да ги имплементираат и останатите колеги градоначалници, затоа што кога граѓаните се во прашање мора да го дадеме максимумот за подобрување на квалитетот на живот.

Во текот на вчерашниот ден, Општина Центар беше домаќин на странските експерти кадешто им беа презентирани позитивните македонски искуства за социо-еколошка трансформација на локално ниво.

Конференцијата е во организација на Македонската платформа против сиромаштија и Фондацијата Фридрих Еберт – Скопје.

Општина Центар

притисни ентер