Министерот Димитров ќе учествува на конференцијата на „Економист" во Атина

Никола Димитров ќе учествува на панел дискусијата посветена на предизвиците во надворешната политика во рамките на „23-та тркалезна маса со грчката влада" организирана од „Економист" во Атина

Во рамките на „23-та тркалезна маса со грчката влада" организирана од „Економист" во Атина, на панел дискусија посветена на предизвиците во надворешната политика, ќе учествува министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров.

Конференцијата на „Економист" започнува денеска, а Димитров ќе учествува на утрешната прва сесија на која ќе говори за Балканот по Договорот од Преспа и како енергетиката влијае на регионалната геополитика. Заедно со него, на панелот ќе учествуваат и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, задолжен за европски прашања Милтиадис Варвициотис, шефот на кипарската дипломатија Никос Христодулидис, поранешниот министер за надворешни работи на Грција Јоргос Катругалос и амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текот на денешниот ден, на различни панел дискусии ќе учествуваат министри од новата грчка влада, шефот на ЕСМ Клаус Реглинг, но и поранешната помошничка државен секретар на САД Викторија Нуланд, поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани, поранешниот италијански премиер Матео Ренци. Вечер, на гала вечера, главен говорник ќе биде поранешниот министер за внатрешни работи на Грција, Алексис Харицис.

Вториот ден од дводневната конференција ќе започне со панел дискусијата за надворешната политика на која ќе учествува Димитров, а во текот на денот, на различни сесии свои обраќања ќе имаат и поранешниот и актуелниот грчки министер за одбрана, но и други министри.

Конференцијата на „Економист", односно „23-та тркалезна маса со грчката влада" ќе заврши со гала вечера на која свое обраќање ќе има министерот за развој и инвестиции на Грција, Адонис Георгиадис.

Конференцијата на „Економист" првично беше закажана за 10 и 11 јули, па подоцна терминот беше променет и презакажана за 16 и 17 јули, веројатно поради предвремените парламентарни избори во Грција. /МИА

Двајца загинати, 21 повреден во нападот со нож во кинеска болница

Две лица загинаа, а 21 се повредени во напад во болница во југозападна Кина, јави ДПА.

Полицијата во округот Женксионг, во југозападната провинција Јунан, денеска соопшти дека маж од локално село ги извршил нападите со нож непосредно пред пладне.

Нема дополнителни информации за можните мотиви за нападот, ниту за идентитетот на жртвите.

Кинеските државни медиуми претходно објавија за 10 жртви, без да го прецизираат бројот на загинати и ранети.

На кинеската платформа за социјални медиуми Веибо кружеа видеа на кои се гледа апсењето на осомничениот сторител.

На други слики од местото на настанот се гледаат повредени жртви на земја. Полицијата соопшти дека повредените се пренесени во болница.

Обвинителството отвори истрага за инцидентот, соопшти полицијата.

Си Џинпинг во 2-дневна посета на Белград, ќе биде пречекан од авиони МИГ-29

Со кинески знамиња и билборди со пораки за добредојде испишани на кинески јазик, Белград го пречекува кинескиот претседател Си Џинпинг, кој вечерва пристигнува во дводневна посета на Србија.

Безмалку три и пол илјади полицајци се ангажирани за безбедноста на џинпинг, кој според најавите, доаѓа со 400 члена делегација.

Кинескиот лидер ќе го пречекаат и српските борбени авиони МИГ-29, кои ќе го придружуваат неговиот авион од српската границата до Белград, а потоа на враќање ќе го испратат.

За време на посетата на Србија Си Џинпинг со неговиот домаќин претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе разговараат за широк спектар на теми - од политички, економски и технолошки до соработка во областа на културата.

На состаноците се очекува да бидат потпишани над 30 договори од различни сфери..

Протест пред Берлинскиот слободен универзитет во знак на солидарност со Појасот Газа

 Пропалестинските активисти денеска протестираа пред Берлинскиот слободен универзитет, апелирајќи на студентски отпор низ Германија во знак на солидарност со луѓето во Појасот Газа.

Според процените на портпаролката на Универзитетот во протестите учествувале од 80 до 100 луѓе.

Активистите на групата Студентска коалиција Берлин повикаа на запоседнување на германските универзитети и побараа крај на „колонијалното угнетување“.

Околу 150 активисти на 3 мај протестираа пред Универзитетот Хумболт во Берлин.

Повеќе од две недели на голем број универзитети во САД, во Велика Британија и други земји има протести против израелската офанзива врз Појасот Газа./МИА

притисни ентер