Мијалков: Партијата не е сопственост на актуелното раководство

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ го дочека Денот на македонската револуционерна борба во атмосфера на внатрешни поделби и чистки.

Во пресрет на 23-октомври, Централниот комитет донесе одлука да ги разреши од партиските функции, потпретседателот Митко Јанчев, реформистот и член на ИК, Костадин Богданов, а постапка за исклучување од партијата да поведе за екс-министерот за здравство Тодоров и поранешниот шеф на УБК, Мијалков.

Причините за ваквите разрешувања се поради дејствување спротивно на интересите на ВМРО-ДПМНЕ и организирање на група за притисоци, уцени, закани и поткуп на опозициски пратеници за да гласаат за уставните измени, тврдат од партијата.

Довчерашниот потпретседател на партијата и градоначалник на Кавадарци, Јанчев ги демантира дека на било кој начин влијаел врз пратениците. Во телефонска изјава за Канал 5 вели оти очекува јавно извинување од Николоски за ваквите лажни обвинувања. Неговото разрешување, како што вели, е само поради различните ставови со партсикиот.

Разликите во ставовите со првиот човек на партијата го чинеа исклучување од пратиските органи и реформистот Богданов. Во разговор за Канал 5 вели дека разликите најмногу биле изразени во последните неколку месеци кога се актуелизирал Договорот од Преспа и дека со Мицкоски имаат спротивставени визии околу тоа по кој пат треба да се движи и развива партијата.

ТЕЛОП: Вчерашната т.н катарза ја гледам како ефтин театар за замајување на јавноста и членството, особено по петочниот пораз на агендата за изолација и дестабилизација на државата. Се направи обид таквиот пораз на aнтизападната агенда да се оправда со пресметка со раководството, со поборниците за евроатлатнскиот пат на државата. На тој начин раководството длабоко ја зацврсти својата антизападна реторика и дејствување.

Поранешниот шеф на УБК, Мијалков, одлуката за неговото исклучување од партијата ја смета за неисправна. Во изјава за Прес24 вели оти во овие моменти на партијата и е потребна инклузивност, обединување и разум, а не исклучувања.

„Јас сум убеден дека синоќешната одлука не е исправна, но тоа нема да ме поколеба во мојата определба за натамошна поддршка на модерно, десноориентирано ВМРО- ДПМНЕ, кое заедно со сите сестрински партии ќе ги брани интересите на Република Македонија во Европската Унија“ – изјави Мијалков, поранешниот шеф на УБК.

По синоќешната одлука на Централен за исклучување од партиските тела, се огласи е екс-миниситерот за здравство Тодоров.

„Ме исклучија од трансформираната фракција на ВМРО, трансформирана во Анти-западна, Анти - ЕУ и Анти-НАТО фракција, управувана од луѓе кои се водени и заробени од сопствената суета и кои практикуваат застарени методи на политичко дејствување наметнато од старите удбашки структури кои се уште се поклонуваат на туѓи антимакедонски и антизападни пропаганди и интереси. Во таква антиреформска, антизападна, недемократска и антимакедонска фракција на ВМРО јас не се пронаоѓам“, наведува Тодоров.

Почесниот претседател на партијата, Груевски, останува во ВМРО-ДПМНЕ. За него, како што рече Николоски, засега нема сознанија дека работел спротивно на интересите на партијата.

Ова не се први разрешувања во најголемата опозициска партија. Пред десетина денови еден од најгласните реформисти Петар Богојевски беше разрешен од функцијата заменик генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ а од синоќа е и целосно исклучен и од членство во партијата.

Десетици смртни случаи во САД на луѓе на кои им се давале седативи за време на апсења

Во 15-годишната истрага за практиката на давање седативи на луѓе за време на апсења во САД, и поддржана од експерти за спроведување на законот, покажа дека стратегијата, наменета за намалување на насилството и спасување животи, доведе до многу смртни случаи кои можеле да се избегнат.

Најмалку 94 луѓе умреле од 2012 до 2021 година, откако полицијата им давала седативи обидувајќи се да ги задржи, а околу половина од жртвите биле црнци, според наодите на АП во соработка со Фронтлајн ПБС и Хауард Центарот за истражувачко новинарство, јавија американските медиоуми.

Главната причина за толку многу црни жртви е спорната наводна медицинска состојба наречена „возбуден делириум“. Критичарите велат дека нејзините наводни симптоми, кои вклучуваат „натчовечка сила“ и висока толеранција на болка, се во овнова во расистичките стереотипи за црнците и водат до пристрасни одлуки за тоа кому треба да му се даде седатив.

Беше невозможно да се одреди улогата на седативи во секоја од 94-те смртни случаи бидејќи многу од случаите вклучуваа употреба на потенцијално опасна сила врз луѓе кои биле дрогирани или пијани и затоа што истрагата обично се фокусирала на дејствијата на полицајците, а не на медицинските лица кои им помагаат.

АП пронашла докази за луѓе кои биле насилно држени на стомак од полицијата, многумина со лисици на рацете додека полицајци седеле на нивните грбови, а кои се мачеле да дишат и се обидувале да се ослободат. Повикувајќи на отпор при апсење, болничарите им давале седативи, што дополнително го забавувало нивното дишење.

Срцевиот и респираторниот застој често се случувале во рок од неколку минути.

Најмладите од Дебарско и Река со каланда го возвестија Лазаревото воскресение

 Света Бигорска обител денеска беше израдувана од прекрасното пеење на Лазаревата каланда „Кажи Лазаре“, којашто одекнуваше од устите на најмладите дечиња од реканскиот и дебарскиот регион.

-Овие прекрасни млади души, на чиишто лица сјаеше празничната радост, со чистина во срцата ни го најавија претстојното Пасхално торжество и преку каланда ни проговорија за Лазаревото Воскресение, кое е вовед во светлото и славно Христово Воскресение, рече сестра Ефимија.

Додаде дека дечињата, во придружба на своите родители, најпрво со воодушевување ги пееја каландите во манастирскиот двор, од каде што потоа се упатија кон работната игуменска одаја на нашиот старец епископ г. Партениј, за и нему да му ја пренесат сеопштата радост од Господовото воскреснување на четиридневниот Лазар.

-Таму тие беа срдечно и радосно пречекани од татковското срце и прегратка на дедото, а потоа и дарувани со традиционалните колачи Лазаринки, со велигденски ламбади и со други подароци, посочи сестра Ефимија.

Ким Кардашијан на средба со потпретседателката на САД, Камила Харис

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан разговарала со потпретседателка на САД, Камала Харис за реформите во кривичното право на тркалезна маса организирана од Белата куќа, пренесува АП.

Агенцијата наведува дека тркалезната маса ги истакнала напорите на американската администрација кога станува збор за реформите во кривичното право.

Белата куќа на тркалезната маса покани и четири лица кои биле помилувани од американскиот претседател Џозеф Бајден претходната недела.

Кардашијан ја посети и Белата куќа и во времето на претседателот Доналд Трамп.

Во објава на својата социјална мрежа во ноември минатата година, Трамп ја нарече Кардашијан „најпреценетата славна личност во светот“, врз основа на анегдота од неодамна објавената книга на новинарот на ABC News Џонатан Карл, пренесува б92.

притисни ентер