Мицкоски: Зголемувањето на платите во образованието е задоцнето и премало

Почитувани наставници и професори, драги колеги и пријатели, вие сте луѓето коишто ја образуваат нашата нација и од мене ја имате целата почит.

Дозволете ми да ја разобличам лагата која Зоран Заев сака да ви ја сервира, лажно прикажувајќи дека наводно ќе ви ја зголемел платата, и тоа сака да го продаде како негова голема широкоградост.

Вистината е дека ова зголемување кое ви се ветува е ЗАДОЦНЕТО и ПРЕМАЛО!!!

А уште поголемата вистина е дека Заев наместо да даде, ви ОДЗЕМА од Вашите плати кои чесно ги заработувате и кои ви се гарантирани со Закон за минимална плата и Колективен договор во образованието!

Почитувани,

Согласно потпишаниот Колективен договор кој има сила на закон и законот за минимална плата на наставниците и професорите платата се пресметува како резултат на минималната плата која се исплаќа во државата помножена со коефециентот на сложеност за вашето работно место кој во моментот изнесува 2,533.

Поточно, ако знаеме дека согласно закон за минималната плата, минималната плата во државата изнесува 12.500 денари, и ако оваа сума се помножи со коефицинетот 2,533, ќе дојдеме до сумата од 31.660 денари, сума која треба да биде просечна плата во образованието, односно Ваша плата. Да повторам 31.660 денари! Доколку ако ја земеме најавата за нова минимална плата која треба да изнесува 14.500 денари, вашата плата согласно колективниот договор и законот за минимална плата треба да биде 36.800 денари, да повторам 36.800 денари.

Што прави Заев деновиве соочен со својот политички крај и извесен изборен пораз?

Тој се обидува да ви продаде лажна слика дека наводно ви ја зголемува платата со најавеното покачување од 10%.

Просечната плата во образованието која изнесува 23.680 денари, ветува дека ќе ја зголеми за 10% или апсолутно за 2.360 денари, и таа вашата просечна плата ќе достигне ниво од 26.000 денари. Доаѓаме до вистината, по закон просечната плата во образованието денеска треба да изнесува 31.662 денари или доколку постоечката минимална плата се зголеми на нивото од 14.500 денари тогаш по закон вашата плата треба да изнесува 36.800 денари, согласно најавата на новата минимална плата.

А, Заев дава 26.000 денари, Заев не ја зголемува вашата плата, Заев ви одзема од Вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието.

Заев просечно ви одзема по 5.600 денари месечно согласно старата, односно речиси 11.000 денари согласно најавената минимална плата!!!

Тоа е срамот и тоа е Заев, човек кој говори измами и кој не ја почитува вистината!

Драги пријатели,

Ви ветувам дека по победата на претстојните избори од страна на ВМРО-ДПМНЕ, јас како предводник и човек на којшто вие сте му ја дале довербата,и ваш колега во образованието, во целост и комплетно ке го испочитувам колективниот договор и законот за минимална плата кој ви гарантира заслужена заработувачка!

Доаѓа Обнова на Македонија!

Доаѓа Обнова на Македонија за сите!

Обраќање на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Шмит: Сериозни закани по територијалниот интегритет на БИХ доаѓаат од лидерите на РС

 Високиот претставник во Босна и Херцеговина (БиХ) Кристијан Шмит синоќа истакна дека постојат закани по територијалниот интегритет на БиХ и дека тие доаѓаат од лидерите на Република Српска (РС).

„Постојат закани за Босна и Херцеговина, бидејќи претставниците на РС постојано зборуваат за отцепување, одвојување на ентитетот од државата. Додик неодамна изјави дека Бошњаците можат да имаат 25 отсто од територијата. Некои го сфатија ова како простор за етнички инциденти“, рече Шмит во своето обраќање пред Советот за безбедност на Обединетите нации.

Тој посочи дека неговиот мандат е да го надгледува спроведувањето на Дејтонскиот договор и оти за тоа има поддршка од Советот за безбедност.

„Советот за безбедност повеќе пати искажа поддршка за моето работење. Веќе со нетрпение го очекувам мојот извештај следниот месец“, додаде Шмит.

Тој се осврна на излагањето на српската членка на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, која упати сериозни обвинувања против Шмит, наведувајќи дека во него „не се почитуваат фактите и правната рамка на БиХ“.

„Се надевам дека разбирате дека ова не е место за разговор за навреди, ова е место за разговор едни со други. Повикувам на поголема точност, единственото нешто што го гледам е злонамерност“, рече Шмит.

Тој посочи дека како висок претставник мора да биде гарант за постоењето на ентитети, кои се делови од БиХ, која има меѓународен субјективитет, додавајќи дека РС е составен дел на БиХ. /МИА

Њујоршката полиција упадна во кампусот на Универзитетот Колумбија и упаси десетици лица

Синоќа полицијата во Њујорк со дозвола од Универзитетот колумбија упадна  во универзитетската зграда Хамилтон Хол заземена од активисти кои протестираат против војната на Израел во Газа.

Универзитетот е лоциран во центарот на Њујорк во близина на Менхетн. Полицијата упадна преку вториот кат од зградата со помош на поставена рампа и растури толпа од околу 200 активисти, по што пред влезот на универзитетот дојдоа неколку полициски автобуси да ги транспортираат лицата кои беа уапсени за време на упадот. Од извештаите се дознава дека се упасени десетици демонстранти, но и дека многумина од нив не се студенти. За време на упадот полицијата употребила шок-гранати. Претседателот на сад Џо Бајден синоќа изјави дека демонстрациите треба да бидат мирни, и порача дека насилното заземање на зградите не е мирен протест, и оти тоа е погрешно“.

ССМ организира протест по повод Меѓународниот ден на трудот - 1 мај

Меѓународниот  празник 1 мај  е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. 

Овој празник се одбележува на овој ден во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од први до четврти мај 1886 г. во Чикаго, организиран со цел воведување на осум-часовен работен ден. Синдикатите секоја година низ светот излегуваат на масовни протести со цел да ги потсетат властите за своите права. И кај нас Сојузот на синдикатите на Македонија од 11 часот организира протест по повод меѓународниот ден на трудот. Протестот го следи Сандра Спасовска.

Почна ли протестот , и какви пораки се очекува да испратат синдикатите?

притисни ентер