Мицкоски од Брисел: Критериум за членство во ЕУ да бидат постигнувањата

Критериум за членство во ЕУ да бидат постигнувањата, повеќе не можеме да прифаќаме ултиматуми.

Интеграцијата во Европската Унија треба да биде процес во кој одлучувачки фактор ќе бидат постигнувањата, а не билатералните прашања, бидејќи ние повеќе не можеме да прифаќаме ултиматуми и за нас е неприфатлив принципот „тие се таму, а вие сте надвор“.

Ова го порача премиерот Христијан Мицкоски од Брисел, каде вчера присуствуваше во работна посета, придружуван од министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за европски прашања Орхан Муртезани. Мицкоски заедно со лидерите на останатите пет земји од Западниот Балкан присуствуваше на работен ручек што го организираше претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, а имаше средби и со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман.

Мицкоски нагласи дека на овие средби се разговарало за европската перспектива на регионот и на нашата држава, при што потенцирал дека ние остануваме фокусирани да предлагаме решенија за предизвиците.

Премиерот посочи дека речиси две и пол децении откако го започна патот кон членство во ЕУ, земјава е жртва на билатерални проблеми, односно на билатерализација на претпристапниот процес и сега наместо да зборуваме за зачленување во Европската Унија, ние „се бориме да започнеме преговори во кои ќе ги зајакнеме институциите и ќе ги збогатиме капацитетите“.

- Поради билатерални прашања, поради прашања кои што се поврзани од средниот век, ние не можеме да се развиваме како држава за 21-от век, а камоли пак да зборуваме за нешто повеќе. Така што уште еднаш потенцирав дека ние повеќе не можеме да прифаќаме ултиматуми и принципот тие се таму, а вие сте надвор и ако сакате да бидете таму, треба тоа да го прифатите... простете, но ние не можеме да го прифатиме. А од друга страна ни велат дека има желба да бидеме членка во Европската Унија. Мојот одговор на таа теза е, ако има желба, тогаш има и начин, нагласи Мицкоски.

Тој потенцира дека бевме понижени многу пати иако во името на европските вредности и желбата да бидеме дел од европското семејство, променивме знаме, банкноти, неколку пати менувавме Устав и сменивме име, за на крај да се соочиме со ултиматум.

- Тоа не се тие европски вредности во кои што мојата генерација се вљуби. Јас сум подготвен да разговарам со секого, додека не најдеме вистински пат, кој што овој пат нема да биде понижувачки. Да ни дозволат да ги јакнеме институциите и да ги збогатиме нашите капацитети како држава, тоа е она што го барам. Дали е многу? Јас мислам дека не е многу, изјави Мицкоски.

Премиерот порача и дека регионот и државата се уморни од ставањето на страна и од пречки кои се билатерални, а не се дел од објективните критериуми за пристапување во Унијата, па затоа мора да се направат поголеми напори за внесување на доверба и кредибилност на целиот пристапен процес.

Министерот Муцунски на крајот од посетата истакна дека Владата ќе продолжи да работи афирмативно и позитивно и да испорачува резултати во владеењето на правото, борбата со корупцијата, доброто владеење и во сите оние политики каде што имаме сериозни недостатоци, како дел од својата посветеност за продолжување по патот кон полноправно членство на земјата во Европската Унија.

Според него, во тој правец е сето она конкретно и опипливо што го има направено Владата во последните помалку од три месеци во правец кон исполнување на највисоките стандарди на ЕУ, како и она што таа го нуди како излезно решение за предизвикот кој го кочи процесот за фактичко откочување на пристапните преговори на земјата со Унијата.

- Очигледно постои предизвик создаден од лоши одлуки носени во минатото. И ќе повторам, ние работиме прво на заштита на нашиот национален интерес за да имаме предвидлив пат кон полноправно членство, а второ и на заштита на политиката на проширување. Веруваме дека со добра верба, добра волја и конкретни решенија, може да се најде излез од секој предизвик којшто постои, потенцира Муцунски.

[Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински, кој го придружува премиерот Христијан Мицковски во работната посета на Брисел, во седиштето на НАТО имаше средба со генер]

Инаку, Муцунски за време на престојот во Брисел имаше средба и со генералниот секретар на НАТО во заминување, Јенс Столтенберг, кому му врачи Плакета за постигнатите успеси во знак на благодарност за неговата посветеност кон обезбедувањето глобална безбедност и кон повисоки стандарди на одбраната, како и за сето тоа што го има направено за нас како држава, но и за Алијансата.

Министерот за европски прашања Муртезани, пак, потенцира дека посветеноста на Владата за брзо зачленување на земјата во ЕУ се гледа и во брзото усвојување на реформската агенда која што е дел од Планот за раст на Западниот Балкан, кој, како што нагласи, претставува рамка преку која Унијата ги третира земјите од регионот слично како да се нејзини членки.

- Ако ги додадеме и геополитичките случувања и приоритетот на ЕУ во политиката на проширување, сметам дека е одличен момент како земја брзо да чекориме кон полноправно членство во Европската Унија, рече Муртезани.

[Përkushtimi i Qeverisë së re për anëtarësim të shpejtë të vendit në BE është theksuar edhe një herë në takimet e sotme me zyrtarë të lartë të Unionit, tha ministri i Çështjeve Evropiane, Orha]

Планот за раст на Западниот Балкан беше главна тема на работниот ручек на Фон дер Лајен со лидерите од регионот. Во објава на Икс по средбата, Фон дер Лајен наведе дека сите шест земји партнери од Западниот Балкан и припаѓаат на Европа.

- Тоа е она на кое што работиме. Паралелно, ги доближуваме нивните економии и пазари до нашите со нашиот План за раст од 6 милијарди евра за регионот, наведе Фон дер Лајен во објавата.

Европската комисија лани го промовираше Планот за раст на Западниот Балкан, во чии рамки е формиран и Инструмент за раст и реформи вреден шест милијарди евра наменети за реформи и проекти поврзани со социо-економската сфера и основните права. Целта на Планот е жителите и економиите на земјите од Западниот Балкан да ги почувствуваа придобивките од членството во ЕУ уште пред зачленувањето во Унијата.

Пронајдено досега непознато дело на Моцарт

Досега непознато дело на Волфганг Амадеус Моцарт, за коешто се претпоставува дека настанало кога тој бил тинејџер, е откриено во библиотека во германскиот град Лајпциг.

Истражувачите го откриле овој ракопис во Градската музичка библиотека додека го составувале најновото издание на каталогот „Кохел“ - комплетната листа на музичките дела на познатиот композитор. Ракописот се состои од темно-кафеаво мастило на рачно изработена бела хартија, а листовите се поединечно врзани. Делото датира од 1760-тите, се состои од седум минијатурни ставови за гудачко трио и трае околу 12 минути, соопштија Општинските библиотеки во Лајпциг.

Делото во каталогот се спомнува како „Многу мала ноќна музика“ (Ganz kleine Nachtmusik).

Како што наведува, новооткриениот ракопис не е на самиот Моцарт, туку се работи за препис направен околу 1780 година. Нептпишаниот запис „е сочуван во еден примерок, во којшто атрибуцијата на авторот посочува дека делото е напишано пред првото патување на Моцарт во Италија“, се вели во описот.

Композицијата денеска ја изведе гудачко трио на откривањето на новиот каталог „Кохел“ во австрискиот град Салцбург. Во Германија премиерно ќе биде изведена утре во операта во Лајпциг, пишува „Гардијан“.

Социјалните мрежи собираат лични податоци за корисниците и ги споделуваат со трети лица

Социјалните мрежи и видеоплатформите собираат огромни количини лични податоци на корисниците и ги споделуваат со широк опсег на трети лица, потврдува нов извештај на американската Федерална комисија за трговија (ФТЦ).

Извештајот, објавен вчера, ги разгледува практиките за собирање податоци на девет компании: „Фејсбук“, „Ватсап“, „Јутјуб“, „Дискорд“, „Редит“, „Х / Твитер“, „Амазон“, „Снеп“ и „Тикток“, меѓу јануари 2019 и 31 декември 2020 година. Наодите на ФТЦ ги потврдуваат долгогодишните сомнежи и наводи за „длабочината и широчината“ на практиките на „надзор на корисниците од голем обем“, пишува „Гардијан“.

ФТЦ му препорачува на Конгресот на САД да усвои федерални прописи за приватност врз основа на она што е документирано. Конкретно, агенцијата ги повикува законодавците да признаат дека деловните модели на многу од овие компании не прават доволно за да поттикнат делотворна саморегулација или да ги заштитат податоците на корисниците.

- Препознавањето на овој основен факт е важно и за спроведувачите и за креаторите на политиките, бидејќи секој напор да се ограничи или регулира тоа како овие компании собираат големи количини лични информации за луѓето ќе се коси со нивните деловни стимулации. Со цел да се создадат ефективни правила или решенија коишто го ограничуваат собирањето податоци, креаторите на политики ќе треба да се погрижат кршењето на законот да не е попрофитабилно од неговото почитување, рече претседателката на ФТЦ, Лина Кан.

Се препорачува, исто така, компаниите спомнати во извештајот да инвестираат во „ограничување на задржувањето и споделувањето податоци, ограничување на насоченото рекламирање и зајакнување на заштитата за тинејџерите“.

Овие компании собираат и демографски информации за корисниците: возраст, пол, јазик, но и податоци за приходите на домаќинствата, образованието, родителскиот и брачниот статус итн.

Во некои случаи, овие податоци се споделени со трети лица за што попрецизно насочени реклами и огласи.

Според ФТЦ, речиси сите компании соопштиле дека испраќаат лични податоци до автоматизирани системи, најчесто за опслужување на содржини и реклами. Од друга страна, скоро ниту една од нив „не понудила сеопфатно директно контролирање или откажување од користењето на податоците на корисниците со какви било алгоритми, аналитика на податоци или вештачка интелигенција“, се вели во извештајот.

Од компаниите велат дека е дури и невозможно да се состави комплетна листа со кого сѐ тие ги споделуваат туѓите лични податоци.

Сѐ на сѐ, ФТЦ ги нарекува овие практики - „ужасно несоодветни“, откривајќи дека некои компании не успеале да ги избришат информациите кога корисниците тоа го побарале. Дури и оние компании коишто навистина бришеле податоци - избришале само некои податоци, но не сите, се вели во извештајот.

- Тоа е најосновниот услов, рече Марио Трухиљо, адвокат. - Фактот што некои не го сториле тоа, дури и во услови на државни закони за приватност што го налагаат тоа, докажува дека е потребно посилна свест, особено кај самите потрошувачи.

Натаму, според наводите, ниту една компанија не пријавила практики за споделување податоци собрани за и од лица на 13 до 17 години, преку нејзините страници и апликации, поинаку од собирањето податоци за возрасните, иако податоците за малолетниците се почувствителни. Тоа секако значи уште помала заштитеност на малолетните корисници.

Мајкл Џордан присуствуваше на натпреварот Монако – Барселона во Лигата на шампионите

Најдобриот кошаркар на светот на сите времиња, Мајкл Џордан присуствуваше на натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите меѓу Монако и Барселона.

Средбата одиграна синоќа во Монте Карло заврши со резултат 2:1 во корист на домаќините.

Голем број навивачи го искористија присуството на поранешниот НБА-играч и предводник на Чикаго булс, да направат селфи.

Џордан во ВИП ложата на стадионот „Луј Втори“ имаше средба со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.

притисни ентер