Мицкоски најави дека ќе нуди достоинствени решенија за деблокада на преговорите

Ќе ја вклучиме опозицијата во плановите за евроинтеграциите на Македонија, следната недела ќе иницирам дијалог за размена на идеи бидејќи целите ни се заеднички – најави премиерот Христијан.

Повика на обединување за стратешката цел на државата, да се надмине скептицизмот особено по одвојувањето од Албанија, а рече и дека преку институционални канали ќе нуди достоинствени решенија за деблокада на преговорите, како што вели, без диктат и на штета на националните интереси.

Инаку пред три дена лидерот на СДСМ Филипче ја повика власта да организира собраниска седница, а доколку е потребно таа да биде од затворен тип и таму да бидат презентирани идните чекори во евроинтеграциите на Македонија. Политичкиот аналитичар Петар Арсовски оценува дека секоја седница, координација или пак лидерска средба е добра за комуникација меѓу партиите по одвојувањето на Македонија од пакетот со Албанија во евроинтегративниот пат. Сепак, доколку нема промена во партиските позиции, вели таквата иницијатива нема да има политичка цел.

Во однос на уставните измени со одложено дејство, како чекор кој за премиерот Мицкоски е прифатлив, Арсовски оценува дека кај Бугарија нема интерес за преговори со оглед на тоа што го третираат како затворено прашање со преговарачката рамка. И покрај понудата на унгарскиот премиер Орбан за посредништво во име на земја-претседавач со Европската Унија, официјална Софија експресно одби со образложение дека тоа не е дозволено меѓу унијата и земја-кандидат.

Германски суд поднесе обвиненија против трoјца тинејџери поради планирање терористички напад

Суд во германската провинција Северна Рајна-Вестфалија поднесе обвиненија против тројца тинејџери за планирање на терористички напад, пренесува ДПА.

Осомничените, на возраст од 15 и 16 години, беа уапсени во април за време на велигденските празници. Тие планирале напад во согласност со целите на терористичката група „Исламска држава“.

Обвинителството тврди дека тинејџерите ги разменувале плановите преку апликацијата „Телеграм“ и разговарале за напади во цркви и полициски станици./МИА

Рекорден број мигранти го преминаа Ламанш за време на викендот

Рекорден број од 973 мигранти го преминаа Ламанш вчера за да стигнат нелегално до Велика Британија на импровизирани гумени чамци, додека истовремено четири лица загинаа на море, соопшти денеска британското Министерство за внатрешни работи.

Претходниот рекорд датира од јуни минатата година, кога беа регистрирани 882 премини. Со овие 973 мигранти, вкупната бројка за оваа година изнесува 26.612 лица кои пристигнале на британските брегови, најчесто од Франција.

Серијата бродоломи ја направија 2024 година најсмртоносна од 2018 година, кога започна овој феномен на прекуокеански преминувања.

Владата на Велика Британија под водство на лабуристичкиот лидер Киер Стармер вети дека ќе се справи со илегалната имиграција преку зголемување на депортациите и зајакнување на борбата против шверцерите.

Според британските власти, импровизираните чамци сега носат во просек по 52 патници, што е значителен пораст во споредба со 2020 година, кога просекот бил 13 лица.

Во периодот од јуни 2023 до јуни 2024 година, 18 отсто од пристигнатите мигранти биле од Авганистан, 13 отсто од Иран, а 10 отсто од Виетнам. /МИА

Изгаснат пожар во подрумските простории од зградата на Општина Тетово

Неколку часа траеше гаснењето на пожар што избувна денес во подрумските простории на зградата на Општина Тетово. 

Пожарот почнал околу 15 часот и 15 минути, а е изгаснат за неколку часа од страна на пожарникари.

-Интервенирано беше со четири возила и 12 пожарникари, информираше Авни Амети, командир на Територијалната противпожарна единица Тетово.

Од огнот изгорел складиран изборен материјал од изминатите изборни процеси.

притисни ентер