Германски суд поднесе обвиненија против трoјца тинејџери поради планирање терористички напад

Суд во германската провинција Северна Рајна-Вестфалија поднесе обвиненија против тројца тинејџери за планирање на терористички напад, пренесува ДПА.

Осомничените, на возраст од 15 и 16 години, беа уапсени во април за време на велигденските празници. Тие планирале напад во согласност со целите на терористичката група „Исламска држава“.

Обвинителството тврди дека тинејџерите ги разменувале плановите преку апликацијата „Телеграм“ и разговарале за напади во цркви и полициски станици./МИА

Фото: Ева Лонгорија блесна во сребрен фустан без прерамки во Париз

Ева Лонгорија (49) блесна на црвениот тепих на „Global Gift Gala“ во Париз во сабота вечер.

Актерката прошета во сребрен фустан без прерамки со светки. Фустанот ја истакна нејзината фигура, а актерката се истакна со овој храбар фустан. Модната комбинација ја заокружи со дијамантско огрлица, а косата и беше исправена.

На овој настан ѝ се придружи и нејзиниот шестгодишен син Сантијаго, кој го има со сопругот Хозе Бастон.

За потсетување, Лонгорија со сопругот и синот се пресели во Шпанија на крајот на април.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за цела втора половина од годината“, рекол тогаш анонимен извор, истакнувајќи дека преселбата не е трајна. Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Таа и нејзиниот сопруг купиле викендица таму на почетокот на минатата година.

„Првиот пат кога дојдов во Марбела, пред две децении, тоа беше љубов на прв поглед. Си реков: „Еден ден ќе живеам овде“, вели таа.

Извор: Индекс.хр

Флик: Оваа Барселона е различна од мојот Баерн

Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик ги отфрли споредбите меѓу неговиот сегашен тим и Баерн Минхен кога тој ги предводеше Баварците.

Барселона победи на 8 од 9 натпревари во шпанското фудбалско првенство сезонава. Денес го совладаа Алавес (3:0).

Флик одби да прави споредба на Барселона со нивото на неговиот Баерн.

– Не сакам да споредувам тимови. Оваа Барселона се разликува од тој Баерн. Среќен сум, но во фудбалот се може да се промени. Задоволни сме со работата што ја направивме, но треба да се фокусираме на следните предизвици. Има причини зашто не победивме со Осасуна и Монако, но, не сакам да гледам назад. Не го направивме тоа што требаше, што разговаравме. Секогаш е важно да ја подобриме нашата игра, изјави тренерот на Барселона.

Во Ла Лига, Барселона е лидер со 24 бода, три повеќе од Реал Мадрид./МИА

Инзаги: Интер заслужено ги доби сите три натпревари откако го загуби градското дерби

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги даде свое видување за средбата со Торино.

Актуелниот италијански шампион синоќа го совлада Торино со 3:2 во домашниот натпревар од 7.коло на Серија А.

- Победивме три пати по ред откако го загубивме дербито со Милан. Не можам да му замерам ништо на тимот. Заслужено ги добивме сите три натпревари. Мора да се подобриме во одредени аспекти, секоја грешка скапо не чини. Сите знаеме дека мора да продолжиме да работиме во истиот дух, рече Инзаги.

Со 14 освоени бода, Интер се наоѓа на второто место во Серија А.

На 20 октомври Интер ќе гостува кај Рома во 8. коло./МИА

притисни ентер