Мицкоски: Граѓаните даваат поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ

Пред почетокот на „Дуелот за Македонија“ при пристигнувањето во Канал 5 изјава даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Доаѓам од средба со граѓани, сите им даваат поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ“ , рече Мицксоски пред почетокот на дуелот со Ковачевски.

„Добро е што Ковачевски се одважи да дојде на ТВ дебата. Очекуваме да имаме симпатична кампања, ќе водиме позитивна кампања. Граѓаните се свесни што направи СДС во иминативе шест и пол години и тие нека водат негативна кампања. Ние ќе водиме позитивна кампања, рече Мицкоски и додаде дека се надева на интересен Тв дуел.

Со незапаметен спектакл на реката Сена отворени летните Олимписки игри во Париз

Олимписката треска почна да го тресе светот. Најголемиот спортски настан беше отворено со историски спектакл кој тешко ќе се заборави – градот на светлината, Париз, блесна во Олимписките бои.

Речиси да немаше момент без содржина, сликата само се префрлаше од едно на друго случување, кое од кое поспектакуларно, оставајќи ги гледачите воодушевини.

Ако во претходните години олимписките спортисти шетаа по стадионите, Париз тоа го направи на сосема инвентивен начин, секој тим имаше брод – кој пловеше по Сена, а носителите на знамињата стоеја на кормилата на бродовите.

Првиот брод беше резервиран за Грција – лулката на олимписките игри, втор емигрантскиот тим, па потоа следуваа по азбучен ред, за последен да доплови бродот на домаќинот со громогласни овации.

Париз во четиричасовната церемонија ги покажа сите свои знаменитости, уметноста, модата, кабареата, кои беа збогатени со модерни танци и коњаници на вода...А, испеана беше и легендарната „Imagine“ – на Џон Ленон – која зборува за единство и мир.

По долги години боледување, повторно во живо се слушна и гласот на Селин Дион, нејзината сцена беше симболот на Париз – од врвот на Ајфеловата кула ја отпеа химната на љубовта на Едит Пјаф...

Додека траеше спектаклот – факелот повеќето од времето патуваше кај мистериозниот носител, но се најде и во рацете на светски спортски легенди, како Зидан, Тони Паркер – Амели Морезмо, Рафаел Надал и многу други, за на крајот 100 годишниот Шарл Кост, кој е прв француски олимписки шампион, со помош на тројната олимписка шампионка – Мери Перез да го запали олимпискиот оган, кој за прв пат во историјата ќе лебди над Париз во балон.

Македонија на 33тите олимписки игри ќе учествува со шест спортисти – нашиот брод по Сена помина во групата репрезентации чие почетна буква е М. Носители на македонското знаме беа Мила Релиќ и Дарио Ивановски. – Тие добија поддршка и од олимпиецот Дејан Ѓеорѓиевски – кој во Таеквондо на игрите во Токио освои сребрен медал, што историски е најдобар успех во независна Македонија.

Ѓеорѓиевски раскажа што значи да се биде учесник на најголемата смотра на светскиот спорт - Олимпијадата

Посочи и кога почнал да го сонува олимпискиот сон, што му значело да е носител на знамето, а и што е потребно во борбата за медал на Олимписките игри.

Летните олимписки игри официјално започнаа вчера ќе траат до 11 август, а учество зедоа речиси 11.000 спортисти од повеќе од 200 држави.

ИОК на превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ја коментираше ситуацијата со превртеното знаме на отворањето на Игрите во 2024 година.

Олимпиското знаме беше обесено наопаку за време на отворањето на Олимпијадата во Париз.

Знамето беше неправилно закачено на јарболот, поради што се издигна со два круга нагоре, а не како во класичната верзија со три.

-Жалиме за овој инцидент. Сè може да се случи за време на организацијата. Продолжуваме да одиме напред, ова не е крај на светот, изјави Марк Адамс - директорот за комуникации на ИОК.

Игрите во Париз ќе траат до 11 август.

Која е мистериозната жена која „јаваше“ низ Сена и го донесе олимпиското знаме?

Го донесе знамето, па „исчезна“: Која е мистериозната жена јавач на металниот коњ?Глетка за паметење - џокејка „во галоп“ низ Сена го носи олимпиското знаме до Трокадеро.

Светот зборува за неверојатната јавачка на коњ робот по Сена.

Џокејката која галопира по Сена на метален коњ беше една од најспектакуларните сцени од отворањето на Олимписките игри во Париз.

Таа потоа го предаде знамето на Трокадеро, пред Игрите да бидат прогласени за отворени.

Станува збор за Флоријан Исерт, припадничка на Националната жандармерија, којаза време на свеченото отворање на Олимписките игри „галопираше“ на метален коњ по Сена и го носеше олимпиското знаме.

притисни ентер