Мемфис потпиша целосен договор со Скоти Пипен Јуниор

Скоти Пипен Јуниор доби договор од Мемфис. Дваесет и тригодишниот плејмејкер кој играше на двонасочен договор, влезе во целосен договор со клубот.

Пипен им се приклучи на Гризлис во сезоната 2023/24. Тој импресионираше во претсезоната, со просек од 10,3 поени и 4,5 асистенции за 20,5 минути во четири натпревари.

Се очекува Пипен да биде резервен организатор на играта на тимот.

Пипен Јуниор е син на членот на „Куќата на славните“ Скоти Пипен. Тој во 2022 година дебитира во НБА на двонасочен договор со Лос Анџелес лејкерс. /МИА

DHL: Авион изврши „принудно слетување“ во Литванија, започна истрага

Авион од наш партнер што пренесувал пратки изврши „принудно слетување“ во Литванија, започна истрага.

Од DHL денеска соопштија дека товарен авион управуван од нивниот партнер Свифтер извршил „принудно слетување“ во Литванија, каде локалните власти објавија дека едно лице загинало во несреќа.

„Можеме да потврдиме дека денес, околу 4:30 часот по средноевропско време, авион на Swiftair, управуван од сервисен партнер во име на DHL, изврши принудно слетување на околу еден километар од аеродромот VNO (Вилнус, Литванија) додека беше на пат од аеродромот LEJ (Лајпциг, Германија) до аеродромот VNO“, се вели во соопштението.

„Во авионот имаше вкупно четири лица. Статусот на екипажот се уште се разјаснува, но нашите мисли се со нив и нивните семејства. Причината за инцидентот засега е непозната, а истрагата е веќе во тек“.

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

 Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, по освојувањето на титулата викендов на трката за Големата награда на Лас Вегас, зборуваше за неговата кариера.

- Ако луѓето се критични и велат дека можам да победам само со најдобриот болид, јас им докажувам дека грешат. Ако сега не ми дадат кредит, не знам што друго да правам. Дали би станал шампион во Мекларен? Да! И тоа многу побрзо. Во 2021 година, во друг болид, исто така би ја освоил титулата, изјави четирикратниот шампион во Формула 1.

Макс се сомнева дека кој било друг возач е способен да ја освоеше титулата во болидот на Ред Бул тековата сезона.

-Ние сме во Вегас, можете да се обложите на ова мое тврдење, истакна холандскиот пилот.

Верстапен го обезбеди трофејот на две трки пред крајот на сезоната 2024.

Видео:Руски авион се запали при слетување во Анталија–сите патници евакуирани

Моторот на руски патнички авион се запалил синоќа при слетување на аеродромот во Анталија, Јужна Турција, соопшти турското Министерство за транспорт.

Според информациите од Министерството кои ги пренесуваат денеска турските медиуми, слетувањата на аеродромот биле прекинати до 03:00 часот по локално време (01:00 часот по македонско време), додека надлежните не го отстраниле авионот од пистата.

Пилотот испратил итен повик веднаш по слетувањето во 21:34 часот по локално време, а спасувачките и противпожарните екипи брзо го изгаснале огнот, стои во соопштението од Министерството.

Сите 89 патници и шестмина членови на екипажот биле безбедно евакуирани од патничкиот авион „Сухој Суперџет 100“ на авиокомпанијата „Азимут ерлајнс“, кој летал од рускиот црноморски град Сочи, соопштија од Министерството.

Од авиокомпанијата изјавиле дека авионот направил грубо слетување поради лоши временски услови и силни ветрови. Руската Федерална агенција за авијација „Росавијација“ соопшти дека го истражува инцидентот.

Според веб-страницата за следење летови „Флајтрадар24“, авионот е стар седум години. Русија се соочува со недостиг од авиони поради западните санкции воведени заради инвазијата на Украина во 2022 година.

Генералниот конзулат на Руската Федерација во Анталија соопшти дека, во соработка со турските власти, „Росавијација“ и „Азимут ерлајнс“ подготвиле план за помош на патниците од летот А45051. Дел од руските патници безбедно го напуштиле аеродромот, а останатите чекале да си го земат багажот.

Патниците кои требало да се вратат во Русија со повратен лет биле сместени во хотел додека пристигне резервниот лет, соопшти Генералниот конзулат, пренесува ТАСС.

притисни ентер