Мелани Грифит - призна дека била зависна од алкохол и од пластични операции!

Во интревју за магазинот „Porter“ Мелани Грифит зборува за својот живот, браковите и зависноста од алкохолот и пластичните опарации.

59 годишната актерка рече дека се чувствувала „заробена“ во бракот со третиот сопруг, Антонио Бандерас, со кого ја доби ќерката Стела.

Speaking out: Melanie Griffith has revealed her failed marriages have left her feeling very 'reticent' towards men in a new interview


- Лично се почувствував заглавена и тоа никогаш нема да ми се повтори. Сакам да уживам во животот, да правам се што сакам да правам - рече 59 годишната Грифит.

- Сега сум внимателна со мажите. Не сум запознала ниту еден во овие две години откако се разведов.

Во искреното интервју, Мелани признава дека на почетокот од кариерата имала врски со холивуските легенди Рајан О Нил. Џек Николсон и Ворен Бити, нарекувајќи ги тројцата „извонредни“.

Нејзин прв сопруг беше Дон Џонсон, од јануари до јули 1976 година.

Love of her life: Melanie began dating Hollywood star Don, who was 22 at the time, resulting in a six-month marriage from January to July 1976, before reconnecting in 1989

Во 1981 се омажи со Стивен Бауер со кој го доби синот Александар. Се разведоа во 1989 година.

Таа го признава проблемот со алкохолот.

- Нормално функционирав како мајка. Не бев толку пијана да лежам по подот. Можеби во некои моменти не бев максимално присутна, но се трудев секогаш да бидам тука за моите деца - признава Мелани, која прв пат се пријави на одвикнување од алкохол во 1988 година.

Потоа повторно се омажи со Дон Џонсон. Ја добија ќерката Дакота и се разделија во 1995 година.

- Дон беше прекрасен. Чекаше да ја поминам програмата за одвикнување. Се смиривме, се беше прекрасно и едноставно.Но по некое време сфативме дека тоа не оди. беше потешко бидејќи бевме под окото на јавноста - вели Мелани.

Од 1996 до 2014 таа беше во брак со Антонио Бандерас.

Бракот се распадна по моја вина - вели Мелани.

Таа отворено зборува и за пластичната хирургија. Вели дека првиот зафат го направила пред 20 години во страв од стареењето, а потоа ја погодиле критиките во јавноста дека го упропастила својот изглед.

- Јас не се гледав како што ме гледаа другите. Прво почнав од забава да одам на операции а потоа ме прашуваа што сум направила од себе. Тоа ме погоди. Отидов кај друг доктор и го замолив да го спаси се она што неговата колешка го упропастила. Се надевам дека сега изгледам понормално - вели 59 годишната актерка.

Strike a pose: Melanie was photographed by Annabel Mehran for PORTER magazine, looking stunning in the poolside shots

Најсмешен крадец во обид: Панталоните ѝ останаа на оградата, се покри со дуксер (ВИДЕО)

Следната приказна доаѓа од чилеанската општина Маипу, каде надзорните камери снимија бизарна сцена.

Во преден план гледаме жена која се обидува да прескокне метална ограда и да влезе во луксузен станбен комплекс. Сепак, работите брзо тргнаа наопаку.

Таа не очекуваше дека панталоните ќе ѝ се зафатат на металните шилци, па следеше „мачна борба на обидот за кражба“, пишува Прото тема.

По две минути останала без делови од облеката и обувките, а интимните делови морала да ги крие со дуксерот.

Локалните медиуми јавуваат дека таа го пребарала дворот и по извесно време заминала.

Останува нејасно што се обидувала да направи, а некои извори наведуваат дека „имала соучесник“.

Прв пат отишла кај момчето на гости, па направила хаос- го парчосала тоалетот (ВИДЕО)

На мрежите повторно се ажурираше приказната за Кенеди Калвел од Ванкувер, а во неа се опишува нејзиното „фијаско“ по првата посета на нејзиното момче.

Девојката објави неколку видеа на TikTok кои „собраа“ милиони прегледи и станаа вирални, пишува New York Post.

@kennedyallegedly Great first impression #boyfriend #poopoo #fml

Кенеди дошла во куќата на своето момче Ник во Торонто за заедно да ги поминат празниците, а недолго потоа побарала да оди во тоалет.

Проблемот настанал кога таа не можела да пушти вода во тоалетот.

„Го отворив резервоарот и ја повлеков рачката. Сепак, ништо не се случи. Кога сфатив дека не можам да го решам проблемот, почна да ме фаќа паника“, рекла таа.

Додека се вртела околу бањата, обидувајќи се да се извлече од непријатната ситуација - и паднал керамичкиот капак! Се разбира, се скрши, а парчиња летаа на сите страни.

„Во шок стоев сред бањата. Се најдов во непријатна, глупава ситуација. Што би можела да направам освен да направам видео на TikTok“, објасни таа.

@kennedyallegedly But seriously what do I do #embarrassing #plumber #awkward #helpme ♬ Monsters, Inc - Gustav Lundgren & Unit

Родителите на нејзиното момче не биле дома, но Кенеди го почувствува притисокот без оглед на тоа.

„Сфатив дека морам да го известам Ник за сѐ што се случи. Не можев да избегам низ прозорецот, ниту да го обвинам миленичето“.

Кога му кажала на момчето што се случило, тој почнал да се смее. Веднаш им се јавил на родителите и рекол дека „случајно го скршил капакот на казанчето“.

Таткото и мајката не се налутиле, а ситуацијата ја дочекаа со насмевка.

„И тие се смееја. Имаат четири сина и се навикнати на дефекти во куќата. Сепак, рекоа дека Ник морал да купи нов капак со свои пари“, изјавила девојката и додала дека се понудила да ја плати штетата.

Студенти исвиркаа холивудска ѕвезда поради неговата поддршка за Израел (ВИДЕО)

Познатиот комичар Џери Сајнфелд доби почесна диплома од Универзитетот Дјук во Северна Каролина, а по тој повод одржа говор пред студентите.

Меѓутоа, во моментот кога беше најавен неговиот говор, дел од студентите почнаа да свиркаат и да извикуваат „слободна Палестина“, а некои демонстративно го напуштија стадионот веејќи палестински знамиња.

Имено, иако комичарот во својот говор не го спомна Израел, некои студенти протестираа поради неговата отворена поддршка за Израел по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година.

притисни ентер