Меџити учествуваше на „Worlds Changers Balkan Summit“ што се одржува во Скопје

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска учествуваше и имаше обраќање на балканскиот самит „World Changers Balkan Summit“ .

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска учествуваше и имаше обраќање на балканскиот самит „World Changers Balkan Summit“ што се одржува во Скопје, со тема влијанието на вештачката интелигенција во модерното време..

Во присуство на поранешниот албански претседател Илир Мета, потпретседателот на Собранието на Косово Енвер Хоџај, министерот за здравство Арбен Таравари, дипломати и професори на многу универзитети, Меџити истакна дека визијата за напредокот на Северна Македонија се заснова на јасен пат кој обезбедува одржлив развој, во тесна соработка со образовните, академските и научните институции.

„Нашата земја мора да биде место во кој државните и јавните институции работат рамо до рамо со академската заедница, бидејќи само така можеме да бидеме сигурни дека секоја одлука ќе се заснова на докажани и научно проверени факти, одобрени со помош на стручни луѓе кои мислат и работат врз основа на објективни стандарди“, рече Меџити, додавајќи дека нашето време се карактеризира од една страна со исклучително брз технолошки напредок, а од друга страна истовремено со глобални кризи кои бараат навремени и соодветни одговори.

Меџити рече дека без разлика дали се работи за климатски промени, енергетски предизвици или преоптоварување на здравствените системи, одговорите на овие проблеми мора да се засноваат на науката.

Политиките засновани на наука ни овозможуваат да ги интегрираме потребите на државата и да ги приспособиме на глобалните трендови.

„Не можеме да зборуваме за одржлив развој без да ја споменеме енергетската криза која го тресе целиот свет, вклучително и нашата земја. Мораме заедно со вас, претставници на научната и академската заедница, да тргнеме кон истражување и имплементација на најсовремените решенија во Северна Македонија. Инвестирањето во обновливите извори на енергија, одржувањето на енергетскиот биланс, инвестирањето во енергетската ефикасност се предизвик за секоја земја која сериозно размислува за својата иднина“, рече во своето обраќање првиот вицепремиер Изет Меџити.

Меџити нагласи дека Владата работи на европски компаративни модели што ќе значат сериозни проекти за надминување на еколошкиот јаз што Македонија го има во однос на Европската Унија, се наведува во соопштението.

Монд: Европските земји сѐ построги кон бегалците од Украина, Норвешка најзатворена

Повеќе од две и пол години од избувнувањето на руско-украинскиот конфликт, некои европски земји зазедоа построг став кон прифаќањето на бегалците кои бегаат од војната, а меѓу најрешителните е Норвешка, пишува денеска францускиот весник Монд.

Во анализата се потсетува дека норвешката влада на 27 септември објави дека ќе престане автоматски да дава азил на сите Украинци кои тоа ќе го побараат, нагласувајќи дека оваа одлука ќе стапи во сила веднаш, објави Монд.

Норвешката влада го оправда својот построг однос кон бегалците со влијанието на нивниот прилив врз домувањето, здравствените услуги и училиштата во одредени градови.

„Не можеме да примиме непропорционален број раселени лица во споредба со слични земји, во другите нордиски земји“, рече норвешката министерка за правда Емили Енгер Мел.

Во моментов, околу 85.000 Украинци живеат во Норвешка, земја со околу 5,6 милиони жители.

Норвешка претходно им даваше автоматски азил на бегалците, додека другите земји-членки на ЕУ активираа слични мерки и донесоа уредба за привремена заштита што им овозможи на бегалците да се населат во земјата на ЕУ по нивна желба.

Оние кои избегале од Украина во некоја од земјите-членки на ЕУ добивале, во зависност од правилата на земјата домаќин, социјални услуги, домување, работа и банкарски услуги.

Според податоците на Европската комисија, до крајот на јули годинава 4,3 милиони Украинци ја искористиле оваа мерка на привремена заштита.

ВМРО-ДПМНЕ: Покачувањето на платите во образованието е важен чекор, СДС треба да го поддржи

Како и секогаш до сега кога се во прашање важни одлуки како зголемување на платите, СДС повторно не може да најде простор за поддршка.

Очигледно е дека повеќе би сакале да молчат отколку да признаат дека нашата влада презема вистински чекори.

Но, шегата на страна.

ВМРО-ДПМНЕ сериозно се грижи за граѓаните и затоа ја донесе одлуката за зголемување на платите – за подобрување на животниот стандард на сите.

Ова е важен чекор кој СДС, наместо да го игнорира, треба да го поддржи за доброто на народот.

Молкот на СДС е уште еден доказ за нивната неодговорност и недостиг на визија.

Граѓаните заслужуваат повеќе, заслужуваат одговори и дела, а не плитки избрзани критики во слабост од луѓе кои за 7 години буквално ја уништија државата, се наведува во партиската реакција.

Предавач од Шкотска ненадејно почина во Охрид додека зборувал на Школата за млади лидери

Ненадејно почина предавач од Шкотска за време на 15. издание на Школата за млади лидери во Охрид.

На поранешниот премиер на Шкотска Алекс Аламонд му се слошило и паднал додека држел предавање, а неофицијално починатиот е британски државјанин роден 1954 година односно имал 69 години.

Според МВР, во СВР Охрид денеска во 15.30 часот било пријавено, а странскиот државјанин починал во хотелот „Инекс Горица“.

Итната медицинска помош, полицијата и основниот јавен обвинител утврдиле смрт, а ќе следи обдукција за утврдување на причините.

притисни ентер