Мбапе за обвинувањата за силување: Лажни вести!

Поради повреда, Килијан Мбапе не играше за француската репрезентација во октомврискиот прозорец на Лигата на нации, но тоа време го мина одморајќи во Шведска. 

Но, на тој одмор тој беше обвинет за обид за силување, а по шпекулациите во шведските медиуми се огласи и францускиот напаѓач.

Мбапе мина две ноќи во Стокхолм, каде се одмора со пријателите и се подготвуваше за продолжението на сезоната во Реал Мадрид. За време на тој одмор, шведските медиуми дошле до информации за обидот на Мбапе и неговите пријатели, меѓу кои бил и Норди Мукиеле, позајмен играч од ПСЖ во Леверкузен, да силуваат млада девојка.

Сè се случило во текот на претходната недела, а полицијата, според шведските медиуми, покренала истрага за да утврди дали имало обид за силување.

По серијата написи во шведските и европските медиуми, Килијан Мбапе се огласи преку социјалната мрежа „Х“ и порача: „Лажни вести! Ова станува толку предвидливо, само за да следи публиката“, напиша кратко напаѓачот на Реал Мадрид.

Мбапе заработи повреда на потколеницата на натпреварот од седмото коло на Ла Лига против Алавес. Одигра нешто повеќе од половина час од мечот со Лил, потоа поголемиот дел од натпреварот во дуелот со Виљареал, но сепак реши да ја санира повредата до крајот и да не игра за Франција во овој прозорец. /МИА

Ди Каприо се врати во Америка, со девојката забележани на улиците на Њујорк

После долгиот одмор во Италија, Леонардо ди Каприо се врати во Америка.

Тој е снимен со неговата 26-годишна девојка Виторија Серети на улиците во Њујорк додека се возат со изнајмени велосипеди. 49-годишниот актер носел маска на лицето.

Леонардо минатата недела беше во Рим, каде заедно со неговата девојка ги видоа најголемите знаменитости. Мајката на актерот Ирмелин Инденбиркен и очувот Дејвид Вард биле со познатиот пар во Рим.

Потсетуваме, се шпекулираше дека Ди Каприо сака да побегне од скандалот кој ја тресе Америка.

Имено, актерот се најде во фокусот на јавноста поради наводните снимки кои откриваат дека се дружел со Диди. Се дозна дека Ди Каприо бил омилен гостин на забавата на Диди. Во клип од 2018 година, кој неодамна беше повторно објавен, Вог го праша Диди кој е број еден на неговата листа на гости за неговите „бели забави“. Тој одговори: „Леонардо ди Каприо“.

Објавени се и фотографии од „белата забава“ во 1998 година, на кои актерот се смее и пуши. Сепак, извор близок до Ди Каприо вели дека актерот со години не бил во контакт со Диди, иако има докази дека двајцата заедно присуствувале на Демократската национална конвенција на 29 јули 2004 година и дека актерот бил на забавата на Диди за 50-от роденден. .

Извор: Индекс.хр

Зеленски: Северна Кореја се приклучува во војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање до нацијата вечерва рече дека Северна Кореја се приклучува во војната во Украина.

-Меѓу главните работи денеска беше извештајот на разузнавачките агенции за намерите на Русите за есенскиот и зимскиот период. Сè е многу детално. Практично зборуваме за вмешаност на Северна Кореја во војната, рече Зеленски во видео пораката.

Претходно тој предупреди дека Москва и Пјонгјанг, односно рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, се договориле за „префрлање на луѓе“ од Северна Кореја во Русија и Украина за да се борат на страната на Русите.

Кремљ негираше, соопштувајќи дека станува збор за „лажна вест“.

Погба може да ја продолжи кариерата во САД

Пол Погба може да ја продолжи кариерата во првенството на САД. За играчот од средниот ред на Јувентус е заинтересиран за ФК Лос Анџелес, објави во понеделникот италијанскиот новинар Николо Шира.

Триесет и едно годишниот Французин е многу блиску до раскин на договорот со италијанскиот клуб. Веќе беше објавено дека Погба е во преговори со Олимпик Марсеј.

По 32 одиграни натпревари, ФК Лос Анџелес е на второто место во Западната конференција на МЛС.

Светскиот шампион со Франција, Погба, чија забрана поради допинг беше намалена од четири години на 18 месеци, ќе се врати на терените на крајот на ноември на егзибициски меч во Дубаи, објавија организаторите. /МИА

притисни ентер