Масакр во бар во Мексико: Маскирани напаѓачи пукаат рафали во гостите (Вознемирувачко видео)

Безбедносните камери го снимија масакрот што се случил во еден бар во Мексико, во кој загинаа десет лица, а 13 се повредени.

Камерите ги снимиле маскираните напаѓачи како убиваат десет луѓе, а потоа бегаат со пикап што подоцна го запалиле, објави Дејли Меил.

На видеото се гледаат куршуми како дожд врз барот Кантариос во Сантијаго де Керетаро, северозападно од Мексико Сити. Нападот се случил во саботата навечер околу 21:30 часот по локално време.

Преплашените гости се фрлиле на подот за да си го спасат животот, додека мртвите паѓале околу нив.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е МНОГУ ВОЗНЕМИРУВАЧКО

Четворицата осомничени се снимени како пристигнуваат во локалот со метално сиво возило. Двајца од нив излегуваат и влегуваат во кафеаната, а двајца остануваат во камионот.

Во нападот загинале седум мажи и три жени, а повредени се уште 13 лица, од кои двајца потешко, соопшти полицијата.

Во нападот осомничените користеле оружје со долг дострел, а полицијата наводно досега уапсила само еден осомничен. Инспекторите ги идентификувале табличките на возилото користено за бегството, биле издадени во Ел Маркес, кој се наоѓа на околу 10 километри од местото каде што бил извршен масакрот.

Полицијата подоцна го пронашла пикапот запален.

Се уште не е познат мотивот за ова грозоморно злосторство. Според локалните медиуми, во овој град „оперираат“ најмалку четири криминални банди.

УЕФА со итна истрага за англискиот судија Кут, кој шмрка бел прав по натпревар на ЕУРО (ВИДЕО)

УЕФА одлучи да отвори итна истрага откако се појави видео на кое наводно може да се види како англискиот судија Дејвид Кут шмрка некаков вид на бел прав само еден ден по четвртфиналето на Европското првенство.

Како што наведува британски „Сан“ во својот текст, тој прав изгледал како кокаин, а Дејвид Кут користел банкнота од долар за да шмрка сè од масата во должина од неколку сантиметри.

Ова не е прв скандал во кој се најде Кут, бидејќи пред само неколку дена на социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види како Англичанецот го нарекува Јирген Клоп „п*к“, додека тој го нарекува Ливерпул „ sh*t“.

Како резултат на тоа, тој исто така беше суспендиран од PGMOL, Англиската професионална асоцијација на судии, во очекување на истрага. По тој повод со кратко соопштение се огласи и УЕФА.

- Назначен е дисциплински инспектор на УЕФА да процени дали има прекршување на дисциплинските прописи од страна на судијата, господинот Дејвид Кут. Дополнителни информации за овој случај ќе има подоцна – напиша УЕФА.

Дејвид Кут го нема на судискиот список за претстојните меѓународни натпревари, иако беше планирано да се најде на нив.

Битиќи: Страшно е што јавниот долг ќе достигне 70.8 посто, најголем досега во историјата

Јавниот долг во декември 2023 година беше 58,6 посто, за да сега на 31 декември, ќе имаме 66 посто јавен долг, а ако на тоа ги додадеме неизмерените обврски од единците за локална самоуправа, доаѓаме на јавен долг од 70,8 посто. 

Еве, држете ме за збор и на 15 јануари ќе зборуваме дали е тоа така или не. Никогаш во историјата на Македонија не сме имале толкав јавен долг. И тоа е страшно, за државата, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Комисија за финансирање на буџет.

“ Треба да видиме како ќе се справиме со тоа. Затоа и во фискалната стратегија ова го нема, а ви укажавме. Но, кога ќе ги прочитаме бројките, ако отидете во документот кој е направен од парламентарната буџетска канцеларија на страна 36, во стоки и услуги, стои дека за цели 15 посто во споредба со ребалансот, се зголемуваат материјали и ситен инвентар. Тоа се 757 милиони денари. Во договорни услуги, 4,9 милијарди се зголемуваат договорните услуги. Па, тоа е 80 и нешто милиони евра договорни услуги“, рече Битиќи.

Поради нервоза на пратениците на ВМРО ДПМНЕ и нивното несоосветно оснесување со постојани дофрлања, седницата е прекината и тече пауза, соопштуваат од СДСМ.

Секој ден 70.000 луѓе завршуваат во болница поради загадениот воздух во Лахоре (ВИДЕО)

Властите во Пакистан отворија мобилни клиники и додадоа повеќе болнички кревети за лекување на речиси 70.000 пациенти дневно со респираторни заболувања, бидејќи опасниот смог продолжува да го покрива источниот дел на земјата.

Пенџаб, најнаселената пакистанска провинција со 127 милиони жители, од октомври се бори со рекорден бран на загадување. Детската агенција на ОН во понеделникот предупреди дека здравјето на 11 милиони деца таму е загрозено, објави Индипендент.

Лахоре и Мутан, двата главни града во провинцијата погодена од смог, вчера беа двата најзагадени градови во светот, со индекс на квалитет на воздухот од околу 400, според Одделот за заштита на животната средина. Сè повеќе од 300 се смета за опасно по здравјето.

Опасниот смог е нуспроизвод на голем број возила, градежни и индустриски работи, како и согорување на посевите на почетокот на сезоната на садење пченица, велат експертите.

Во меѓувреме, повеќе од 200 клиники во возила од минатата недела шетаат во провинцијата Пенџаб погодена од смог во потрага по луѓе кои не можат да си дозволат лекување и постари лица кои не можат да стигнат до болниците, рече висок владин претставник во Министерството за здравство, Аун Абас.

Абас рече дека мобилните клиники се опремени да вршат основни лабораториски тестови и дека лекарите во нив можат да препишуваат лекови по потреба.

Според властите, досега во државните болници се лекувани повеќе од 2,1 милион пациенти погодени од смог, а се очекува тој број да се зголеми.

Училиштата во покраината се затворени до 17 ноември за да се заштитат децата, а сите паркови и музеи се затворени до 18 ноември.

Лекарите апелираа до луѓето да избегнуваат непотребни патувања и да носат заштитни маски.

Синоптичарите предвидуваат слаб дожд во некои области на Пенџаб, што може да помогне да се подобри квалитетот на воздухот. Владата, исто така, рече дека истражува методи за поттикнување вештачки врнежи за борба против загадувањето во Пенџаб.

притисни ентер