Таравари: Модуларните болници да не се фрлаат, ако може да се стават во функција

Модуларните болници да не се фрлаат, ако може да се стават во функција на јавните здравствени институции, вели Таравари.

Прво треба да добиеме информација во каква состојба се модуларните болници, па потоа ќе видиме дали некои од нив може повторно да се стават во употреба не само кај одредени јавни здравствени институции, туку и кај која било друга администрација, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот за набавка на мобилен рентген апарат, Таравари потврди дека за модуларната болница од Инфетктивата клиника има интерес од затворот „Идризово“.

-Не знам во каква состојба се сите модуларни болници, ќе треба да се добие информација и да се види каде може да се распределат за да ги користат барем јавните здравствени институции или некоја која било друга администрација. Значи, треба да знаеме во каква состојба се па да видиме да не се фрлаат, туку ако може неколку да се стават повторно во функција таму каде што треба, не само како амбулант, туку и за други намени кои би биле од интерс за некои јавни институции. Во Идризово, конкретно, треба да се реновира болницата па размислуваме да донесеме одука на Влада, модулраната болница од Инфективна клиника да се стави комплетно таму, за да не трошиме пари за реновирање на амбулантата. Таму модуларната би служела како амбуланта, и општа и стоматолошка, објасни министерот.

Просечната нето плата во јули 40 961 денар

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40 961 денар и е за 2,9 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен

во секторите: Образование (19.1 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.6 %) и Јавна управа и

одбрана; задолжително социјално осигурување (16.7 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано

во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (9.9 %), Административни и помошни услужни дејности

(5.6 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5.4 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, пак, во јули изнесувала 61 569 денари и во донсо на лули 2023 година е повисока за 3.1 отсто.

Флик: Треба да го прифатиме поразот од Монако и да се вратиме посилни

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, се осврна на поразот од Монако во натпреварот од 1. коло на главниот турнир во Лигата на шампионите.

Каталонскиот клуб синоќа на гостински терен загуби со 2:1.

- Дадовме се од себе во текот на целиот натпревар, но мора да признаеме дека Монако заслужи да победи. Сега треба да извлечеме поука и да се вратиме посилни. Имаме уште седум шанси. Мора да го прифатиме овој пораз. Уверен сум дека со враќањето на повредените играчи, Барселона ќе стане посилен тим, изјави Флик за „Football Espana“.

Во второто коло Монако ќе игра на гости кај Динамо Загреб на 2 октомври. Барселона ден претходно ќе се сретне со Јанг Бојс.

притисни ентер