Маричиќ-Герасимов: Македонија и Молдавија ги поврзуваат заедничките вредности

Заедничката цел за влез во ЕУ е дополнителна причина за зацврстување на сојузништвото помеѓу Скопје и Кишињев.

Македонија и Молдавија ги поврзуваат заедничките вредности и определбата за што побрз влез во Европската унија, и на тој пат соработката и споделувањето на искуствата и практиките се од особена важност истакнаа молдавската вицепремиерка за европски прашања Кристина Герасимов и нејзиниот домаќин и колега Бојан Маричиќ на заедничката прс-конференцијата во медија центарот на Владата.

Вицепремиерот Маричиќ посочи дека заедничата цел на двете земји е дополнителен поттик за зацврстување на сојузништвото помеѓу двете земји.

-Со оглед на тоа дека земјата се наоѓа во фаза која ние ја поминавме, а тоа е скринингот, на вицепремиерката и пренесов дека Македонија ќе го стави на располагање целото знаење и искуство на нашите колеги во процесот на скринингот. Тоа е израз на една европска пријателска слидарност и поддршка и пријателство како европски вредности. Двете држави сериозно претендираме за членство при првото наредно рпоширување на ЕУ, тоа проширување добива на значење и во забрзување заради геостратешките и безбеднсоните аспекти, подвлече Маричиќ.

Додаде дека споделувањето на искуството во изодувањето на патот кон ЕУ е од големо значење.

Вицепремиерката Герасимов рече дека денешната посета е основа за започнување на многу продуктивен дијалог и за разменување на ставови и пракси.

-Мило ми е што имавме можност денеска да го започнеме она што ќе биде основа за многу продуктивен дијалог за Моладивија и Македонија за европските работи онака како што се движиме кон достигнување на нашата цел евроинеграцијата, ги споделуваме истите цели и вредности, како и силна посветеност на слободата безбедноста и демократијата. Република Молдавија силно го поддржува процесот на проширување врз заслуги. Истовремено сум убедена дека судбината на демократијата во источното соседство на ЕУ како и на Западниот Балкан е еден ден да станат членови на европското семејство. Тука се покажани аспирациите на нашите граѓани за постигнување на просперитетна иднина. Затоа сметаме дека зааедно сме посилни и навистина сме заинтересирани да продолжиме да ги разменуваме ставовите и најдобрите пракси онака како што ќе напредуват преговорите, истакна Герасимов.

Дискусијата на одржаната средба таа ја оцени како продуктивна.

-Го уверувам мојот колега дека ќе се обидеме да дознаеме повеќе како вашата јавна администрација и општество успеа да се справи со обврската да го пренесе европското законодавство во националното, да ги воведе реформте со цел и ние да можеме да го достигнеме стандардот на живеење во ЕУ, воедно отворени сме да ги споделиме и нашите искуства за тоа како ние ги кооридинираме интерните процеси, порача Герасимов.

Стано: ЕУ се уште не решила дали ќе учествува на инаугурацијата на Путин, Борел е против

 Европската Унија и нејзините земји членки засега се уште не решиле дали ќе присуствуваат на утрешната инаугуративна церемонија во Москва со што официјално треба да започне новиот мандат на рускиот претседател Владимир Путин

Европската Унија и нејзините земји членки засега се уште не решиле дали ќе присуствуваат на утрешната инаугуративна церемонија во Москва со што официјално треба да започне новиот мандат на рускиот претседател Владимир Путин, соопшти денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

- Можам да потврдам дека поканата од Кремљ за утрешната инаугурација на Путин е пристигната и до земјите членки и до Делегацијата на ЕУ во Москва. Ние секогаш имаме за цел да изградиме координиран европски пристап кога е во прашање надворешната политика, па во моментов меѓу земјите членки се дискутира како да се одговори земајќи ги предвид сите релевантни елементи, истакна Стано.

Тој нагласи дека засега не е донесена никаква конечна одлука во однос на поканата, но потенцира дека високиот претставник на ЕУ за надворешна политика безбедност Жозеп Борел е против учество на претставници на Унијата на овој настан во Москва.

Хамас навести дека сака да ги продолжи преговорите за прекин на огнот

Портпаролот на Хамас, Абдел Латиф Ал-Кану изјави за Франс Прес дека неговата организација ќе продолжи со преговорите за постигнување договор „кој обезбедува неодреден прекин на огнот“, пренесува Бета.

Палестинската исламистичка милитантна организација Хамас денеска навести дека сака да ги продолжи преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, иако Израел побара да се евакуираат жителите од источните населби на градот Рафа на југот на територијата пред можна воена операција.

Портпаролот на Хамас, Абдел Латиф Ал-Кану изјави за Франс Прес дека неговата организација ќе продолжи со преговорите за постигнување договор „кој обезбедува неодреден прекин на огнот“, пренесува Бета.

Израелската армија денеска им нареди на жителите да евакуираат неколку населби во источниот дел на Рафа, предупредувајќи дека војниците се подготвуваат за воена операција.

Египет, Катар и САД веќе неколку месеци се обидуваат да придонесат за воспоставување примирје меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, првенствено со цел пауза во борбите и ослободување на Палестинците од израелските затвори во замена за израелските заложници киднапирани од палестинските екстремисти во терористичките напади во јужен Израел во октомври.

Индиректните разговори во Каиро вчера завршија без напредок.

Хамас бара договорот за прекин на огнот да обезбеди крај на израелската офанзива во Појасот Газа, на која Израел се противи, тврдејќи дека сака да го уништи Хамас.

Египетската телевизија Ал Кахера њуз, повикувајќи се на добро информиран извор, денеска јави дека вчерашниот смртоносен напад на Хамас на граничниот премин Керем Шалом од Израел кон Газа предизвикал ќорсокак во преговорите за примирје. Хамас и Владата на Израел меѓусебно се обвинуваат за недостиг на напредок во преговорите.

Во меѓувреме, египетските преговарачи ги засилија напорите да се запре ескалацијата на насилството, рекол изворот.

Израелските медиуми јавуваат дека четворица војници загинале во ракетниот напад на Хамас во близина на преминот преку кој минувале илјадници камиони со хуманитарна помош за Газа.

Игнорирајќи ги меѓународните повици за воздржаност, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху постојано повторува дека планира да почне голема копнена офанзива во Рафа, каде што тврди дека се кријат последните баталјони на Хамас.

Јанчев: Ставена во функција спомен фонтаната во чест на Сашко Гешовски

Ставена во функција спомен фонтаната во чест на Сашко Гешовски, информираше градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. 

По повод 33 години од смртта на првата жртва во бившата ЈНА, војникот Сашко Гешовски првите луѓе на Кавадарци го реализираа ветеното.

Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски, припадник на Југословенската народна армија, прва жртва при распадот на Југославија, се одбележаа денеска во Кавадарци. Беше положено цвеќе на неговиот споменик на градските гробишта, а беше посетена и новата фонтана изградена во негова чест, на кружниот тек што го носи неговото име.

Од кавадаречката Музеј галерија, денеска потсетија дека Гешовски бил роден во Кавадарци на 31 октомври 1971 година, основно и средно училиште завршил во родниот град. По завршување на средното образование, заминал на отслужување на воениот рок во ЈНА во Сплит, Хрватска.

- На 6 мај 1991 година во него пукал маскиран припадник на МУП на Република Хрватска и смртно го погодил со четири куршуми. Гешовски во критичниот момент бил на задача пред зградата на Воено поморската област во Сплит. Тој е првата жртва во конфликтот што предизвика распад на Југославија во 1991 година. На 7 мај во Кавадарци се одржа протестен митинг, учествуваше речиси целото население од градот и околината. Се палеа свеќи на градскиот плоштад во чест на Гешовски. Неговото тело со воен хеликоптер беше пренесено во Кавадарци. На погребот присуствуваа повеќе од 20.000 граѓани, дојдени од сите краишта на поранешна Југославија. Во Кавадарци беше прогласена тридневна жалост, потсетија од Музејот.

Во воениот конфликт во 1991 година, покрај Гешовски, од Кавадарци загина и Петре Тодоровски, роден во 1971 година.

- Тодоровски загина како припадник на ЈНА на 26 јули 1991 година, во касарната Љубљана – Поље, Репубпика Словенија. Својот млад живот го загуби како војник, додека бил на стража. Во овој конфликт загина и Мишко Митрев, роден во 1954 година во Ваташа. Митрев загина како подофицер во ЈНА во септември 1991 година, при одбрана на касарната во Ѓаково, потсетија од Музеј галеријата.

притисни ентер